За малце ќе умрев [Near Death]

Член од
10 септември 2016
Мислења
4.344
Поени од реакции
6.538
Деца од Велес пред две години беа повредени на нова година од тип шо бил пијан така што ги собрал на тротар, значи децава се згазени на тротар, судењето траело две години и пред некој месец истиот беше осуден на само осум месеци затвор.Значи пази седнуваш да возиш пијан повредуваш 18 годишни деца кои се движат по тротар, добиваш осум месеци затвор дури после 2 години, децава мислам дека и до ден денес имаат болки и повреди кои не се сериозни но сепак.Човекот ќе ги одлежи тие осум месеци и ќе биде чист пред законот додека некое од овие деца при промена на време ќе нема да може да ги мрда нозите некој ден.

Зборувајте ми за тоа дека има правда и дека системот кој го имаме сега функционира и не треба да се менува.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
11.350
Поени од реакции
9.948
Милион пати ми се има случено на пешачки кога има три ленти да поминам две и на третата некоја будала да ми шишне со 50+км на саат пред очи. Затоа секогаш застанувам пред колата што ме чека да поминам да видам да не иде некој улетан на втората/третата лента, па после поминувам улица. Колку мозок треба да имаш да не намалиш воопшто пред пешачки кога на лентите до тебе коли стојат за да поминат пешаци. :tapp:

Еднаш како возач застанувам на пешачки да помине мајка со бебенце во количка, и таман да ме одмине една будала со 80-90 km/h помина на помалку од 20цм до количката, буквално. Жената почна да се тресе и не ја помина улицата него се врати назад на тротоарот од каде што дојде, па среќа имаше тука луѓе да ја смират.

Тешки глуперди живеат на овие простори, мора еден IQ тест да се прави пред да се доделува возачка. Крвта почна да ми врие дур го пишував постов им ебам тоа ретардите.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
647
Поени од реакции
619
Soobrakajov vo Skopjevo e ludnica, sabajle si stojam na pešački so kolava za da pominat pešacite i zad mene nekoj degen so AUDI A6 mi se zalepil i mi sviri i mavta so racete go gledam na retrovizor, pa se čudam čovekov ne li gleda deka ima obeležan pešački premin i deka čekam nekolkumina da pominat na istiot ... :tapp:

Луѓето со Ауди се посебен случај...физички инвалиди се паркираат на место предвидено за нив...менталните инвалиди возат ауди и на тоа место се паркираат.

Возење на две метра зад тебе на автопат, полукружно вртење на две ленти оти му трошела колата многу до кружен да појде да сврти ко човек, прелетување на семафор и пешачки, итн. се тоа се ауди бисери.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.209
Поени од реакции
8.745

Мислам дека најневоспитани после таксистите се тие што возат БМВ, секоја втора сообраќајка е со ова чудо, а после ти се ауди и Гољф.
Завчера на булевар Александар Македонски една камиказа со 520ка леташе може 140 и цик цак не претекнуваше од десно и лево за на крај да прелета на полно црвено.
Милион пати ми се има случено на пешачки кога има три ленти да поминам две и на третата некоја будала да ми шишне со 50+км на саат пред очи. Затоа секогаш застанувам пред колата што ме чека да поминам да видам да не иде некој улетан на втората/третата лента, па после поминувам улица. Колку мозок треба да имаш да не намалиш воопшто пред пешачки кога на лентите до тебе коли стојат за да поминат пешаци. :tapp:

Еднаш како возач застанувам на пешачки да помине мајка со бебенце во количка, и таман да ме одмине една будала со 80-90 km/h помина на помалку од 20цм до количката, буквално. Жената почна да се тресе и не ја помина улицата него се врати назад на тротоарот од каде што дојде, па среќа имаше тука луѓе да ја смират.

Тешки глуперди живеат на овие простори, мора еден IQ тест да се прави пред да се доделува возачка. Крвта почна да ми врие дур го пишував постов им ебам тоа ретардите.
IQ тест не помага, имаше пред неколку денови пишано @Agda Beata како пуштаат видеа и слики од сообраќајки во Скандинавија пред да полагаш, ако и после тоа не му дојде паметот на некој тогаш имаме психопат и најдобра одлука е таквиот да биде успиен и да не постои.

Кај судска палата ми се има случено да пропуштам на трета лента пешак, а на втора лента еден идиот прелета со огромна брзина, 10цм фалеа да го сплеска буквално пешаков. За да не очекори во последен момент кога видов на ретровизор дека лета идиотот успеав да ја истуражирам и да го уплашам пешакот за да застане, па уште мене кабает ме најде и ме испцу, а му спасив живот да не го здробат.

На страна од возачите, кај нас огромна некултура влијае и кај пешаците, велосипедистите, моторџиите и шампионите овие со ретардираните тротинетчиња. Во некои моменти и како возач се имам буквално од памет извадено кога од нигде никаде ти изрипува некој пред тебе, а нема ни пешачки ниту семафор, а не внимаваат воопшто. Кај Битпазар пред пешачкиот буквално мислиш стока поминува, крави и овци се подисциплинирани од оние, ни лево ни десно врти глава си поминува на сред булевар без пешачки.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.939
Поени од реакции
34.599
Луѓето со Ауди се посебен случај...физички инвалиди се паркираат на место предвидено за нив...менталните инвалиди возат ауди и на тоа место се паркираат.

Возење на две метра зад тебе на автопат, полукружно вртење на две ленти оти му трошела колата многу до кружен да појде да сврти ко човек, прелетување на семафор и пешачки, итн. се тоа се ауди бисери.
А со BMW каков случај се?

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.672
Поени од реакции
10.819
А и има многу пешаци главата у торба што ја ставаат и ни црна ни бела преминуваат улица од нигде никаде, еве ситуација у кружен ти си внатре нормално и он по велосипедска и ни лево ни десно да погледне влага на пешачки кога искачаш од кружен. Иста ситуација ваква и со пешаци немаат никаква сообраќајна култура. Не се само возачите криви туку и пешаците.
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
230
Поени од реакции
576
Сообраќајната култура е толку лоша кај нас, шо сите заедно тука по еден пример да напишиме, од поќето, неколку тома книги ќе се.

Јас живеам покрај обиколница. На пешачки кога ме оставаат камиони и комбиња да поминам - не врвам. Ради претходни лоши искуства каде некој те остава на пешачки, а тој зад него мисли дека е добра идеја тогаш да претица.
Или пак кога ме оставаат, одам до сред улица да ѕирнам дали некој претицва. Еднаш се погоди да претицва и толку се изнервира возачот шо ме остај да преминам, шо излезе од кола и го пцуеше онака, иако овој шо ќе ме шутнеше долго беше заминат.

Толку брзо се вози, особено на вечер, шо до сега две коли имаат на тротоар летнато и превртено. Ни тротоарот не е безбеден. :LOL:

Јас сум многу ЗА земање на возачка на вакви возачи. Овие се опасност за општеството.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.058
Поени од реакции
4.784
Kај нас огромна некултура влијае и кај пешаците, велосипедистите, моторџиите и шампионите овие со ретардираните тротинетчиња. Во некои моменти и како возач се имам буквално од памет извадено кога од нигде никаде ти изрипува некој пред тебе, а нема ни пешачки ниту семафор, а не внимаваат воопшто. Кај Битпазар пред пешачкиот буквално мислиш стока поминува, крави и овци се подисциплинирани од оние, ни лево ни десно врти глава си поминува на сред булевар без пешачки.
Tokmu taka ... ne e sekogaš vinata i kaj upravuvačot na voziloto tuku treba da se gleda poobjektivno i poopširno na neštata. Od osnovnite i srednite učilišta izleguvaat kako stampedo dečurlaana buljaat i štrakaat po smartfonite, ne gledaat ni levo ni desno i taka nenadejno istrčuvajki na pat i toa baš na mesta kaj što i nema pešački može da bidat povredeni ili usmrteni, što e považno smartfonot ili da se pogledne prvo levo i desno pa da se pomine, drug problem vo soobrakajot tesni ulici edvaj može dve koli da se razminat, trotoari jok pa ušte pešaci i velosipedisti po sred ulica, ti mu stoiš i sviriš ma jok bre da mu tekne da se skloni potrgne nastrana za da pomineš so kolata, motordžiite pa se posebna priča oni vozat kako vo makazi levo desno, cik cak, direkt vozat odnosno letaat od najleva vo najdesna lenta i obratno, šibaat ko vetar i posle se čudime zašto tolku mnogu poginati motordžii... Ne samo šibanje kazni i kade treba i kade netreba, tuku treba i edukacija i neznam što ušte više i na šoferi na vozila, motordžii, velosipedisti, trotinetdžii, pa i pešaci bidejki očigledno soobrakajnata kultura i educiranost kaj poveketo lugje e ocenka nula i posle imalo porast na povredeni i zaginati, kako šoferi na motorni vozila, taka i pešaci, velosipedisti, motordžii i.t.n. pa ke ima so vakva kaša popara na ulicite, loša soobrakajna signalizacija, tesni ulici, krš infrastruktura, dupki dlaboki ko krateri koi koga ke padne dožd postanuvaat bazeni i kapak na se nekoj kreten ke ti se zalepi odzadi i ke ti sviri i ke se dere oti si zastanal na obeležan pešački premin za da propuštiš nekolkumina pešaci ... :tapp:
 
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.100
Поени од реакции
487
Имам исто така приметено, повеќе пати. Уште не светнало зелено со велосипед одма тргнати.
На колку пати сум видел луѓе што претрчуваат на црвено а не знаат што ги чека...
Страшна работа.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
647
Поени од реакции
619
Мислам дека најневоспитани после таксистите се тие што возат БМВ, секоја втора сообраќајка е со ова чудо, а после ти се ауди и Гољф.
Завчера на булевар Александар Македонски една камиказа со 520ка леташе може 140 и цик цак не претекнуваше од десно и лево за на крај да прелета на полно црвено.
Ами и BMW се тука некаде...особено тие со стари бмв-ња, немаат пари нешто поново да купат па купиле некоја скапница од 1995, која повеќе брчи(прди) него што оди. Седнале од југо во таква кола и нормално мислат дека се во авион па треба да летат по улица.

Али генерално сепак е до луѓето не до колите. Одредена група на луѓе ги привлекуваат тие коли и таква идиотска вожња, значи да појаснам на кој луѓе мислам, турбо фолк фанови скоро без исклучок, некој ланец на врат од пола кило(позлатен), ставаат гориво за 500 ден или помалку на бензиска, генерално тупи особи со тетоважа која не знаат ни што значи али онака ја ставиле за да бидат во тренд, итн.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.939
Поени од реакции
34.599
Не дека ликот што ја отвори темата е исто вака, ама на пешачки и на зелено се гледа лево и десно или што пиша некој од толку голема несигурност во вазачите и на едносмерна и од другиот правец се гледа дали доаѓа кола.

Има и возачи говеда, ама и пешаци. Ќе закаснат ако почекаат да смени зелено.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
29 март 2013
Мислења
3.093
Поени од реакции
2.785
не ни погледнав и си продолжив бидејки и да доаѓаа коли они треба на црвено да застанат
Секогаш погледнувам лево-десно, без разлика што сум на зелено пред пешачки.

...
Себе си се сметам за совесен возач, секогаш гледам да застанам на пешачки, дури и да нема пешачки а преметувам некој сака да премини - би го пуштил доколку сметам дека безбедно можам да намалам брзина без да направам проблем во сообраќај.
Колку и да сум внимавал, се дешавало во одреден момент малку задоцнето да изреагирам (во успорување) што верувам на секој шофер му се има барем еднаш десено.

Поентата ми е следна - без разлика што си на зелено, гледај околу себе бе дечко, не мора да значи дека возачот што не те испочитувал сака да те прегази. Погледни, процени, види дали може да застани, дали сака...

Ова го пишувам бидеќи многу ме нервираат идиоти кои се на пешачки и си мислат дека се
invincible, untouchable. Мислат штом светне зелено времето застанува околу нив и само тие се тие кои можат да се движат, АРОГАНТНО не вртат глава лево-десно. Па добро бе луѓе... во ред, на зелено сте и имате предност, но се работи за ваш живот. Сметате ли дека не вреди да погледнете околу себе, бидеќи сте биле на зелено? Wrong!
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.671
Поени од реакции
35.676
На Партизанска, на пешачкине семафори, кај што ти идат коли од една насока, ако следните коли што доаѓаат се преку два семафори и едвај се гледаат, преминувам на црвено и око не ми трепнува.
 
На врв Bottom