За малите, помали казни....

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Има разлика во квантитетот на стореното кривично дело. Не е исто да прошверцаш 1 пар патики и 1000 пара патики. Штетата која може да ја направи големата фирма е неспоредлива со штетата направена од мала фирма. До сега сите фирми исто плаќаа, од сега според мене поправедно ке се плаќа+ државата од 1 голема фирма ке си наплати казна колку од 10 мали, така да покрај тоа што е поправедно, и поисплатливо е казните да се распределат на овој начин. Фала богу им текна со процент од прометот на фирмата да ги врзат казните. Можда и за ова ке се најдат дупки во закон со тоа што големите фирми ке ја цепкаат фирмата на повеќе мали, нешто у тој смисол, ама сепак пологично е на овој начин да се казнува. Во Македонија се најзастапени малите и средни фирми и треба тие сектори да се поттикнуваат додека приливите во буџетите им се полнат од оние кои можат да платат, и пак да живеат комотно. Така е секаде во светот, големите плаќаат повеќе.
Не само “ квантитетот “ туку и „ квалитетот “ на кривичното дело е битен за одредување на казната.

Но овде зборуваме за исто дело ( прекршок ).
Кај прекршоците обично само е прекршено некое правило или пропис, обично не постои штета
На пример, постои правило на секој производ треба да има налепница со цена
Ама во продавницата не ставиле цена
Сега се прашуваме дали повеќе треба да биде казнета големата продавница или да бидат исто казнети?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574

На крај све се сведува на чувствата. Кој колку ке го заболи за следниот пат да не го повтори прекршокот, затоа што ако ти имаш профит од 30 000 евра месечно а си платил казна од 2-3000 евра еднаш у годината, боли те стојко, единствено што ке ти се намали е јахтата на море, наместо 100 метарска, ке биде 70 метарска.
Додека ако имаш некои 1000 евра профит од некое колонијалче маалско и те како повеќе ке ја осетиш истата таа казна од 2-3000 евра.
Тоа во суштина е и целта на казната, да те превоспита а ке те превоспита ако те почешка.
Пример, ако му акнам бокс на некое 5 годишно дете и на некој 30 годишен човек, на исто место со иста сила, иста повреда ке им направам?
 
За Среднот век е токму тоа карактеристично
Ако аристократ убие ќе го казанат, на пример 100 пари, а тој без проблем ќе ги плати.
Плебејецот ако убие ќе го казнат 10 пари но тој нема да плати, па ќе го држат во должнички затвор
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
бидејќи е ова форум Право и Закони, ајде да ги погледаме пак овие работи што ги напишав а никој не ги виде и коментира. Имено иако имаме Закон за плата, рокови и досега високи казни, многу фирми доцнат толку многу што вработените немаат здравствено осигурување, иако од секоја бруто плата има се одбива за здравствено. Со помалите казни кој знае што ќе биде. Исто ќе биде и со другите работнички права. Околу правата на потрошувачите е малку подруго, има и конкуренција, еве нема да купувам ако не дава фискална, нема да летувам со несолидна агенција... Најтрагично ќе биде околу заштитата на работа, гинат луѓе на работа, особено во градежништво
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
1. Не се работи дека со неиздавање фискална затаил данок.... па ДДВ им се враќа... работата е дека лажат и крадат со цените, едно пише на гондола, друго на компјутер.. се работи за заштита на потрошувачот. Ако не ми дае фискаална ништо не може да рекламирам, поминат рок, грамажа... било што. Па и гарантен рок не важи !!!
2. Сега со кобајаги големите казни па на многу фирми им доцнат плати толку многу што вработените немаат здравствено.
Најсмешно ми е што опозицијата со години вреска против високи казни, а сега ќе се буни дека ниските казни се популизам, во стилот Тито је крао али је и нама дао :D
Бидејќи се „ жалиш “ дека никој не ти одговорил, еве ќе се обидам јас.

Казните не дека се големи туку се застрашувачки големи.
5000 евра и затварање на дуќан за неиздавање на една фискална сметка, а таа сметка може да биде со вредност од 3 денари е страшно многу.
Правило од правото е дека казната треба да е сразмерна со делото. Своевремено во Иран Шахот воведе казни за тие кој нема да згазат пешак ако не поминува на пешачки.
Ако видиш пешак да поминува надвор од пешачки мораш да го згазиш и убиеш инаку одиш на долгогодишна робија.
Шахот претера - затоа падна од власт

А кој нас каква е ситуацијата?
Вакви казни наметнаа оваа власт. Зашто ги наметна - тоа е нивно право, тие ја добија власта на легален начин, нив ги избраа народот и тука е се во ред. Власт сама си одбра високи казни исто како што Шахот во Иран сам си донесе такви закони
Но зошто сега - воочи избори на овој начин, со дискриминација ги намалуваат казните?
Тие можеа да ги намалат казните, да речат ете згрешивме видовме дека претеравме и затоа ги намалуваме и се ќе беше ОК
Ама тие не велат такво нешто туку прават дискриминација
Ако јас сум сторил прекршок, не сум издал фискална сметка јас одговарам за тој прекршок а не затоа што сум богат или сиромашен
И тука нема дилема за исто дело иста казна
Ти ја спомнуваш опозицијата дека се буни
Па сигурно ќе се буни, таа чека власта да згреши, а таа да ја искористи грешката и да дојде на власт. И во Иран така дојдоа на власт Хомеини и други. Власта згреши што воведе толку високи казни, а на опозицијата не и одговара да се поправи таа грешка. И затоа сега „ галами “ и нема нешто тука нејасно да те буни
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Протокол 12 став 1 од Европската конвенција гласи:
ЧЛЕН 1 Општа забрана на дискриминацијата 1. Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус. 2. Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.
http://www.echr.coe.int/Documents/Convention_MKD.pdf
Власта може и треба да намали казните за сите, а не само за некои. Тој што е богат не е некаков виновник па да плаќа поголема казна.
Богатиот плаќа поголем порез, поголеми такси и тн, Но зошто да плаќа и поголеми казни?
А што им пречи да ги намалат казните за сите?
Не се сложувам воопшто. Гледаш со фиксни суми. Наместо тоа види со проценти.

Значи, моменталната фиксна сума од 5000 евра за некој е 5% од годишниот профит, а за некој е 90%. Значи тука имаме дискриминација. Доколку процентот се изедначи, ќе нема дискриминација - тоа значи за некој 5000 евра, за некој 5 пати појше.

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Не се сложувам воопшто. Гледаш со фиксни суми. Наместо тоа види со проценти.

Значи, моменталната фиксна сума од 5000 евра за некој е 5% од годишниот профит, а за некој е 90%. Значи тука имаме дискриминација. Доколку процентот се изедначи, ќе нема дискриминација - тоа значи за некој 5000 евра, за некој 5 пати појше.

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
Добро секако дека јас го почитувам твоето право на мислење
но јас не се согласува
Може да биде
казна за неиздавање фис. со вредност до 100 денари - казна 50 е
казна за неиздавање фис. со вредност до 1000 денари - казна 100е
казна за неиздавање фис. со вредност до 10000 денари - каз. 1000е
итн
Но не може казната да зависи дали сум јас богат или сиромашен

Што е суштината - властодршците згрешија што воведоа толку високи казни и сега пред избори ја прават оваа дискриминација демек се секирале за народот
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
jak pak se vrakam na prekrsokot nedavanje plata... vo Hrvatska e krivicno delo ( ne navleguvam kolku se sankcionira)... no ako nekoj poradi docnenjeto na platata go gubi pravoto na zdravstveno osiguruvanje, toa e mnogu seriozna rabota, so namaluvanje na kaznite ke bide epten losho... ili neka najdat modus vrabotenite da imaat zfravstveno osiguruvanje, da ne im propagaat zadocnetite pridonesi
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 2424.jpg
ова треба да оди во друга тема ( за зонско П )
и ова не сум го знаел,
паркираш кола буквално на земја,не е паркинг,не е улица ниту тротоар,не е зелена површина,
ама е слободна површина на општина Центар,да не речам буниште каде нема ништо, ама...
ама денес тројца џабелебари шетат така низ центар и ги знаат тие слободни површини и ако има некоја кола таму паркирана ти лепат една ваква тикета за да си платиш паркирање 24х30 =720 денари.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Прегледај го приврзокот 133721
ова треба да оди во друга тема ( за зонско П )
и ова не сум го знаел,
паркираш кола буквално на земја,не е паркинг,не е улица ниту тротоар,не е зелена површина,
ама е слободна површина на општина Центар,да не речам буниште каде нема ништо, ама...
ама денес тројца џабелебари шетат така низ центар и ги знаат тие слободни површини и ако има некоја кола таму паркирана ти лепат една ваква тикета за да си платиш паркирање 24х30 =720 денари.
па ќе зима толкава плата после булдогот
Но друго е работата, со селективни и мали казни работниците нема ни плата да земат и ред други работи, ( права на порошувачите) ... или прост пример урбана мафија гради дузина згради ама не ги завршува до крај, тешко на луѓето ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom