За крсните слави

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
За крсните слави

Србите тврдат дека крсните слави се српска традиција и секој кој слави слава е Србин. Но, тоа е далеку од вистината. Србите христијанството го прифаќаат подоцна од Македонците; познато е дека Охрид како културен сесловенски центар образувал свештеници, кои се испраќале по сите словенски земји, вклучувајќи ја и Србија, па христијaнските чествувања и традиции, Србите ги имаат прифатено од нас Македонците. Славење Слава за прв пат во историјата е забележана од византискиот историчар Скилица и тоа кај Војводата Ивец (XI век)- војсководец на македонскиот цар Самоил, но и последен македонски феудалец од Драч кој се опирал на Византија (Петар Влаховиќ, КРСНА СЛАВА И НЈЕН ЗНАЧАЈ У СРПСКОМ НАРОДУ, напишано во "Братство", часопис друштва "Свети Сава ", Београд, 1997. година). Значи, можеме сосема одговорно и историски потврдено да говориме дека крсните слави се македонски обичај. Крсна слава слават дури и католиците Албанци, кои секако не се Срби (Др Јован Вукмановић, Цетиње- "Слично и специфично у славским обичајима Арбанаса и Црногораца", Извор: зборник "Рад ЏИВ конгреса Савеза фолклориста Југославије (у Призрену 1967)", Београд 1974.).
 
A

anaveno

Гостин
Oваа тема треба да оди во верувања и обичаи.

Hеjсе, слави кај античките и модерниве Македонци-колку сакаш и за што сакаш.

A и задушницата не е баш христијанска измислица. Александар (при погребот на најблискиот другар):

"прв принесе жртва и раскошно го нагости народот, така што за жртва биле принесени 10.000 разни животни."

(Диодор, Историска библиотека, кн. 17, фр. 115).
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Има ли некоја книга дек шо може да са прочите повеќе за воа обичај 'крсна слава', колку бил раширан на територијата на Македонија во минатто и колко са славе ваден? Јас сум бркал материјали по интернет ама не сум најдел ништо во дигитална форма. Заинтересиран сум зарди тоа шо во солунскиот дел на Македонија (Солунско поле, Мегленско, Гевгелиско-Валандовско поле, Дојран) па и Струмичко, воа обичај т.н. 'Крсна Слава' не е бил застапен. Луаѓто од тиа предели на Македонија имат 'Именден' исто кути Грците и Бугарто. На шо са д'лже ваа разлика во обичаите во Македонија?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.953
Поени од реакции
17.712

Ваљда е останато од Србето :D

Јас колку што знам до 1912 тука луѓето си славеле имендени, барем од тоа што сум го читал.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Ваљда е останато од Србето :D

Јас колку што знам до 1912 тука луѓето си славеле имендени, барем од тоа што сум го читал.
Благодарум за одговорут. Не би сакал да шпекулирум затоа шо немум доста познаванје конкретно за 'крсна слава' и за населението од Западна и Северна Македонија од дек шо сум сретнал луѓе шо го имат воа обичај. Јас сум по потекло од солунскиот дел шо е уф Грција сеа и уд југо-источниут регион на вадешна Македонија дек шо таков обичај до ден вадешен е чужд иако некои фамилии шо никујп'т немале 'крсна слава' го прифатиле тоа обичај во последно време по терк на пријатели или попови шо ги советувале да си одберат светец шо ќе го празнуват(поготово ако им са случила некаква несреќа па на тоа ден сеа си го празнуват тој светец) а една таква фамилија са мои први б'рчедовци.

Е сега по кажуванје на луѓе од битолско со кои шо имум правано муабет, они си имале 'крсна слава' од поодамна. Па дури и Јован Трифуноски кој шо го проучувал населението во западна Македонија, кој додуша са декларирал кути Србин, пишуве дека 'крсната слава' била застапена во западна Македонија од много одамна.

Проблемут е шо тешко са наоѓе и друг материјал, поготово од современи македонски етнографи кои шо ги проучувале обичаите во цела етнографска Македонија па затоа саках да чуам мисленје лично од Македонци на воа форум, за 'крсна слава' кути обичај, колку е раширан и во кои региони на Македонија са празнуве?

Поздрав
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Има ли некоја книга дек шо може да са прочите повеќе за воа обичај 'крсна слава', колку бил раширан на територијата на Македонија во минатто и колко са славе ваден? Јас сум бркал материјали по интернет ама не сум најдел ништо во дигитална форма. Заинтересиран сум зарди тоа шо во солунскиот дел на Македонија (Солунско поле, Мегленско, Гевгелиско-Валандовско поле, Дојран) па и Струмичко, воа обичај т.н. 'Крсна Слава' не е бил застапен. Луаѓто од тиа предели на Македонија имат 'Именден' исто кути Грците и Бугарто. На шо са д'лже ваа разлика во обичаите во Македонија?
Де бе те пратам секој ден, ти многу вака невини прашања поставуваш, како демек паднат од Марс. Ептен бугарски обичај е тоа.
Инаку не знам за кои егејци зборуваш, кога најголем дел од нив имаат куќна слава-Митровден, а што се однесува до вардарците има докази дека уште од 9-ти век се слави крсна слава во охридско. Исто така Василица е куќна слава уште од памтивек кај православците тука. Така што вакви бугарски финти, демек српска работа била славава на друг да продаваш, гнидо побугарчена.

Ваљда е останато од Србето :D

Јас колку што знам до 1912 тука луѓето си славеле имендени, барем од тоа што сум го читал.
Крсна и куќна слава во моето место е различно. Крсна слава се прави за Св.Јован и крстот се пренесува секоја година во различна куќа од маалото. Кај кого е крстот, кај него се слави. За крсната слава викаат дека настанала во турското, заради зачувување на православната вера.
Куќна слава е друга работа, а има исто тука и селски слави. Овие две се слават од памтивек и уште пред да постои српската династија.
Имендените се пак сосема десетта работа.
Е сега за бугарите не знам дали имаат селска, куќна и крсна слава, а србите колку што знам имаат куќна, но не сум чул за крсна слава. А имендени мислам дека слават и бугарите и србите.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Де бе те пратам секој ден, ти многу вака невини прашања поставуваш, како демек паднат од Марс. Ептен бугарски обичај е тоа.
Инаку не знам за кои егејци зборуваш, кога најголем дел од нив имаат куќна слава-Митровден, а што се однесува до вардарците има докази дека уште од 9-ти век се слави крсна слава во охридско. Исто така Василица е куќна слава уште од памтивек кај православците тука. Така што вакви бугарски финти, демек српска работа била славава на друг да продаваш, гнидо побугарчена.
Абе не знам дали воопшто требе да ти одгаварум тебе, такви некултурни и невоспитани дечишта има еден куп на интернет, во живо сигурно песнички пеиш.
Ма пратил?!?
Во која смисла ти изгледум сумничав за ти да ма пратиш мене?
И кој воопшто спомна дека 'крсна слава' бил бугарски обичај??
Јас спомнах само оти 'именден' са празнуве и при Грците и при Бугарто и тоа е факт.

Егеец е широк поим, јас конкретно зборувум за солунското поле или поранешниут солунски вилает, за тиа од Леринско, Костурско итн. не зборувум и нз. А иначе можиш слободно да го прочитиш Цвијиќ кој шо ја истражувал Македонија, дек шо сам тврде дека 'крсна слава' нема во солунско. Јас лично ќе ти кажум ето, ако не ти са чите, оти 'крсна слава' нема и немало во солунско во минатто.

Точно е дека има селски празник, или панаѓур кути шо викаа моите или слава кути шо викиш ти. Лично знам дека на тоа ден са правило и курбан и са колело црн овен во селто на моите предци.

И теле едно, јас не кажах оти тоа е српски обичај, друг кажа.

А за прашањата, па мен не ма интересире политика или некои др. теми и затоа не са занимавум со такви теми. Постаавум прашања од теми шо ма интересират а тоа е етнографијата.
Проблем?
Епа лечи го при доктор, не при мен...
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Татар има слави куќни во Вардарска, Преспанска и Егејска Македонија уште од памтивек. А тебе знаеме што ти е намерата. Сигурно не си дошол тука да пишуваш зашто еден убав сончев ден си се разбудил и ти текнало да труеш со татарски бљувотини по македонски форум. Сфатете веќе еднаш дека тука сте омразени и огрешени и тоа е тоа. Два-три дена да отспиеш и ќе ти стане јасно дека нема што да барате во Македонија и на наши форуми, пошто сте запаметени како фашисти и негатори.
Многу си глуп момче, да ти е алал на ак'лот шо го имиш.
Не знам само дека виде анти-македонски ставови.
А иначе сум Македонец, баш кути моите предци шо биле, веројатно поголем уд тебе со оглед на тоа шо потеклото ми е баш од територијата дек шо живеале старте Македонци, верувум оти немиш никакво потекло од солунско со оглед шо не знаиш некои едноставни работи за обичаите на луаѓто од солунско.
Покажавиш ного параноја дури за една едноставна заинтересираност за 'крсната слава'. Јас ниту кажах дека 'крсната слава' била донесана од србите ниту дека е српски обичај. Јас кажах само дека тоа е чужд обичај за луаѓто од солунскиот регион на Македонија. Ти ако имиш материјали да покажиш дека не е така слободно представи ги тука ак немиш тогаш сиктер и остави ги другите шо са заинтересирани да представат материјали за 'крсната слава' кути обичај шо са славе уф Македонија за нас незапознаените со тоа обичај да научме нешто повеќе.
Автоматски споено мислење:

А иначе дебилот шо ми реплицире цело време сигурно го видел мојут одговор на темта за Бугарто вчера и затоа е 'buthurt' шо викат англо јазичните. Па не сме сите учани од дома да ги мрзиме Бугарто и не си по дефолт Македонец ако ги мрзиш Бугарто. Кој дебил човече...
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Куќна слава е предхристијански празник. Тоа во римско време е познато како чествување на Богот заштитник на домот, мислам тие Богови се викаа “Лари“ ( не е толку заштитник на семејството, затоа што при излегување на некој од синовите во сопствен дом, може да го земе постоечкиот Бог за заштитник, но и не мора, може да си земе друг Бог/светец за свој заштитник).
Со промената на религијата во Христијанска овој обичај се задржал, само што малку видоизменет - во склад со еднобожечката религија, Боговите станале Светци со нови имиња и нови приказни/житија зад нив.
Овој обичај се задржал најмногу во централните делови на Балканскиот полуостров (централниот дел на Макдонија и денешна Србија), затоа што тука имало најмалку туѓи влијанија (и Охридската патријаршија/Архиепископија веројатно имала свое влијание со својот потолерантен став - забележителни се Богомилите за тоа), за разлика од Грција и Бугарија со ортодоксното влијанието на Цариградската патријаршија, а кај Бугарите сигурно влијание имале и вистинските Бугари кои направиле тектонски промени во тој дел на Македонскиот полуостров. На запад пак влијание имала исто така строгата Римска црква (до 11 век црквата била единствена).

Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
И јас иам чујано дека 'крсната или куќната слава' е пред христијански обичај. Некои го поврзуват со Илирто и нијниут култ кон предците. Интересно е дека е најного запазан баш там дек шо живеале Илирто.
Во солунско дек шо живеале античките Македонци не е присутен воа обичај иако и воа регион бил под Охридската архиепископија во нејната Мегленска епархија. Има ли податоци која е најчестата куќна слава при Македонците ваден?
 
Слични се обичаите од таа доба и во солунско и во охридско. Дасаретите, кои живееле на територијата на денешна југоисточна Македонија се македонско, а не илирско племе. Според ископини и имиња од охридско-струшкиот регион од таа доба несомнено е дека се работи за македонско, а не за илирско племе. Иако точно е дека власта на илирите и македонците таму се менувала од време на време и можно е да зеле некој илирски обичај.
Инаку кај живееш ти и што си по националност ако не е тајна? Ако живееш во Татаристан, дали се слави куќна/селска/крсна слава таму?
Во моето место најчести куќни слави се Св. Никола и Св.Ѓорѓија, а други слави се Св.Пречиста, Св.Петка, Мартинија итн. Кај вујко ми(Битола) ја слават Мала Богородица, а кај од брат ми жена(прилепско) ја слават Св.Варвара.
А инаку колку што знам крсна слава не слават во прилепско и битолско.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Се дискутираше на темава за крсните слави на Македонците во Егејска Македонија. Има околу 10 луѓе интервјуирани во првава епизода и дел од емисијата се баш славите. Обично ги слават празниците на црквите во селата, како и нормално св.Василија(ст.нова год.),Велигден и Божик и еден или повеќе од празниците: Илинден/Богородица(28 авг)/Преображение(ова му доаѓа како селска слава). Исто така 2-3 кажаа дека се палеле огнови за Прочка(ова е традиција исто кај Брсјаците во З.Македонија, додека Коледе не го славaт со палење оган). Интересен обичај кој го спомнаа е ,,Ѓурѓевање" за Ѓурѓовден. Нешто како флертување помеѓу млади со пеење ѓурѓовденска песна заедно. Изволте видеото:

Покрај тој мал дел, исто така е опишан тешкиот нивен живот. Како на пример слушање под прозорец дали зборуваат славомакедонски или грчки и драконските казни како камшикување, една плата, земање на стока итн. Исто интересно е дека и внукот на Мисирков е интервјуиран.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom