За здрави деца

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Се извинувам ако веќе има ваква тема,најдов неколку статии поврзани со севети како вашите деца да бидат здрави па мислев,секој од нас да допринесе некоја статија и да ги дискутираме:) Сигурно некогаш ќе ви бидат од корист...

Повеќе риба во исхраната-попаметни деца

Идните мајки треба да конзумираат колку што е можно повеќе риба, ако сакаат децата што треба да ги родат да бидат поинтелегентни. Ова го тврдат експертите од Универзитетот „Хардвард“, по нивните неодамнешни истражувања.
Научниците дошле до сознание дека децата чии мајки по четвртиот месец од бременоста конзумирале риба најмалку трипати неделно, побрзо и пологично размислуваат и имаат поиздржлив нервен систем.

Според докторите, состојките во рибиното месо како минералите, активните хемиски соединенија, меѓу кои и масните киселини, и уште некои компоненти, помагаат за поактивен развој на децата, а пред се за интелектуален напредок.


Дебелината на мајката се одразува врз децата

Ендокринологот Жак Брензе соопштил дека кај дебелите трудници опасноста од висок крвен притисок се зголемува од шест до осум пати, а ризикот од труднички дијабетис се зголемува и до 20 пати. Овие болести кој може да ја нападнат жената во бременоста, подоцна многу лесно можат да се рефлектираат и кај бебето.

За да се спречат овие симптоми лекарите препорачуваат навремени и континуирани прегледи. Здружението на гинеколози советува тежината да се контролира и пред бременоста и после тоа.

Според статистичките податоци бројот на жени кои прекумерно се дебелеат во бременоста во последниве 25 години е во постојан пораст. Во франција дури 17 отсто од жените имаат проблеми со тежината.


Бебе-масажи

Бебето побрзо се развива ако редовно се масира. Традиционалната кинеска медицина тоа го практикува на сите новороденчиња
Допирот е прво сетило кое се јавува кај малите деца, а последно исчезнува. Родителите им го милуваат лицето на децата пред заспивање или да ги смират кога се вознемирени. Масажата на бебиња има и физичка и емоционална корист и за бебето и за родителот. Со масажа детето се развива психомоторно, ја зголемува својата подвижност, се ослободуваат од стрес и грчеви во стомакот. Децата кои се родени пред време со масажа побргу доаѓаат до нормална тежина. Масажите го зголемуваат имунитетот и ја подобруваат циркулацијата.

Најдобро е да го масирате бебето кога му менувате пелени или по капењето. Не смеете да го масирате бебето ако папокот не му е зараснат, ако е прејадено, ако плаче или ако има инфекции на кожата. Пред масирањето кожата на бебето може да се премачка со лосион. Нозете на бебето се масираат со кружни движења. Со рацете треба да се помине помеѓу секој прст поединечно. Со дланките можете да поминете од рамениците до градите на бебето. Грбот исто треба да се масира со кружни движења во насока на стрелките на часовникот.

По масажата треба да го облечете бебето, за да може позитивните ефекти и чувството на релаксираност да ги задржи подолго. Масирањето треба да трае најмногу 30 минути.
Доказ дека масажата е потребна на бебињата е и фактот дека кинезите водејќи се од древната кинеска медицина практикуваат во болница да ги масираат бебињата кои не навршиле осум дена.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Бебињата има да уживаат со кралски третмани :),
 
Член од
25 октомври 2017
Мислења
10
Поени од реакции
2
Дали имате користено Corina De Farme лосин за бебиња?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
За здрави деца, подалеку од Johnson & Johnson

 

Kajgana Shop

На врв Bottom