Темата е високата смртност, а они се фаќаат за етничкиот состав
Е сега која е разликата, правењето на пари не разбира за етнички состав, раса, пол туку колку си способен да направиш пари.
Општеството како такво е направено младите да работат, старите да уживаат.
Кога ќе ги собереш овие две работи добиваш заклучок дека остарувањето на нацијата прави лоша економија т.е луѓето што прават пари, за да овие другите уживаат се намалува, што повлекува парите да доаѓаат од кредити, што повлекува една спирала каде државата еден ден ќе распродаде се што е државно за да може да ги врати кредитите, а ова повлекува јавни добра како вода, струја, јавен превоз, пасишта итн да ги добие некој за екстра цена.
Како што гледате сето ова нема никаква врска со етнички состав, заедничко за тие што ќе останат тука да живеат ќе биде што може да немаат пристап до чиста вода за пиење или таа што е за пиење ќе биде енормно скапа.
Исто така, сите овие села и градови, голем дел од нив ќе бидат празни, ко некоја нуклеарна хаварија да имало.
Удирајте се во гради за етничкиот состав, ќе има 20 бугари, 5 македонци, 3 турци една кафана ќе нема да се наполни, ама битно процентите ќе бидат запазени или што и да е.