За МК рапот..

panamera

Metalhead
Член од
7 јули 2018
Мислења
29
Поени од реакции
6
Која е најдобрата МК рап песна на сите времиња? Секако, според вас...
Ајде јас ќе почнам.
edit: мотајте до 29та секунда да го прескокнете интрото, долго е
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Рапот во Македонија се роди и умре со САФ, се друго се приказни и митови. Според мене Фатаморгана е creme de la creme на македонската рап сцена.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Да Инчуле, рап е.
Мислам дека многу е општа темава, на што треба да се задржиме поконкретно при ваквиот избор? Лирички ако гледаме оваа Дневникот на Еден Поет, влага во избор, ама генерално ако гледаме мислам далеку е од секаков избор за најдобра мк рап песна, која би била алфа и омега кога би се слушнал зборот мк рап. А како таква ми паѓаат неколку, ама во прв план секако

А лирички гледано, тука реално не може да се пожалиме. Сафра, Скопска Ситуација, Фатаморгана, Живеј го моментот, Животот е убав, Фрекфенции, Кога Врне Истура, да не набројувам има уште доста од Страјкот, СВП, Алфа, има и една доста потресна песна од Пикси се вика Марија. Има доста текстови мк рап кои наежуваат, кој во што повеќе ќе се пронајде во даден момент, тоа ќе му е подобро.

П.с. Имаше вакви теми кога се бираа најпесни за некоја тема, имаше и за мк рап, чисто можеш да ја побараш да пролисташ повеќе мислења
 
D

dobramuzika

Гостин
не си добар познавач на мкд рап сцена ако викаш дека се после саф е ветер и магла, толку.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Добро, и Страјк е ок, другото не ми е по вкус, посебно ако споредиме со регионот сме многу назад, глобално не може да се споредуваме во ниеден случај. Секој со свои критериуми.

САФИЗАМ е светски квалитет.
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Фрекфенции е дефинитивно број 1 без никаква конкуренција. По моќна трака никогаш нема да излезе. Потоа доаѓаат неколку траки на Страјк. Од аспект на уметност тој е на врвот, но неговиот рап е многу тежок за слушање и не секој може да го слуша. Ангели и демони, Од срце, Патот до среќата, Носталгија и тн.. Исто и Green Out како група и Пеше и Тони како поединци имаат траки кој можат длабоко да допрат до тебе и да те погодат, но исто имаат и по весели траки со кои би се расположил. Од телефон сум ме мрзи многу да пишувам инаку ќе постирав неколку песни. :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
...штом се зборува за македонски рап, веднаш ми излегува пред очи секси македонката Ена Веко (Елена Домазетовска) која беше една од првите раперки во МКД, но заминала на студии во Сиднеј и таму останала да живее, навистина ништо веќе не се слушна за неа?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
...штом се зборува за македонски рап, веднаш ми излегува пред очи секси македонката Ена Веко (Елена Домазетовска) која беше една од првите раперки во МКД, но заминала на студии во Сиднеј и таму останала да живее, навистина ништо веќе не се слушна за неа?
Oваа тема е за најдобра мк рап песна а не тема кај шо ќе си лупнеш рандом линк и поставиш небитно прашање.



Морав да споделам нешо и од ЛД, мега јака нумера, одличен текст и доловување на едно темно време од нашата историја.
 
Член од
20 јуни 2018
Мислења
15
Поени од реакции
2

Bas me interesira kakvo mislenje imate za Shkupi Flow tie sto se razbiraat vo rap garant gi znaat..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom