Заштита на македонскиот јазик кој го зборуваат грчките Македонци !?

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Тиja ке чуват словофонскиот диалект, коj се зборува от македонски грци.
Од овде најверојатно медиумите се повикуваат ...

Според google translate во ставка 1

...‘‘1. Славофонскиот дијалект кој се зборува во неколку региони на Македонија нема никаква врска со јазикот што се зборува во Скопје .Тој претставува културно богатство , кое ние мора да го сочуваме ,и Македонските Грци треба да го зборуваат без никаков страв (оние кои го користат).:::‘‘

Чист надреализам.

Тоа е грчка државна режија , исто како смешниот обидот за паралелни селски прослави .
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Од овде најверојатно медиумите се повикуваат ...

Според google translate во ставка 1

...‘‘1. Славофонскиот дијалект кој се зборува во неколку региони на Македонија нема никаква врска со јазикот што се зборува во Скопје .Тој претставува културно богатство , кое ние мора да го сочуваме ,и Македонските Грци треба да го зборуваат без никаков страв (оние кои го користат).:::‘‘

Чист надреализам.

Тоа е грчка државна режија , исто како смешниот обидот за паралелни селски прослави .
Не знам на што се базира, имам само предположуваниja.
--- надополнето: Nov 25, 2011 1:04 AM ---
Ете тоа е грчката логика. Грчка логика=бугарска логика.
Во тој случај во Бугарија ќе треба да го признаете малцинството на "грчки Македонци" по потекло, Бугари по националност (е, тоа е она вистинското:tapp:).
Денес можеби македонскиот дијалект кој се зборува во Бугарија е поблизок до бугарскиот, но каков бил пред 100 години, е тоа е прашањето?
Да не се збуни некој овие грчки Македонци за кои се зборува, говорат различен јазик од двата милиони грчки Македонци на Караманлис кои тој рече зборувале исто така некаков "македонски дијалект".
Тоа што источните македонски дијалекти го имаат зачувано старото акцентирање, а бугарските го имаат превземено, додека централните врз основа на кои е кодифициран македонскиот јазик развиле различно акцентирање, не ги прави првите поблиски до бугарскиот јазик.
Преди 100 години уште повеке поради различни причини - изговор, правопис и т.н.
Днешниот ваш литературен jaзик се основава на централните ви говори на днешната териториja. Един словенски говор от солунско е подалеку от вашиот литературен, а да не зборуваме за Сjaр и Драма. Те са многу поблиски до родопските говори или уште наречени рупски.
Чуj како зборуват около Сjaр и около Драма
http://www.youtube.com/watch?v=GLThMT7sIjQ&feature=related
Да не зборуваме за лугето които зборуват на словенски около Кавала, Ксанти, Александруполис. Това исто са славофони во северна Грциja.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Линкот - и во Алжир ќе налеташ на французин.

Еве оди малку подлабоко во Грција, Кожани. Јас потекнувам од таму, тој говор многу е поблизок до овој денешен јазик литературниот што го зборувам, отколку до твојот говор.

А, и факт е дека нашиот јазик, вашиот јазик и др ‘‘словенски‘‘ потекнуваат од регион на мои предци и татковина кои немаат никаква допирна точка со вас.

Докажано е од стручни луѓе кои не биле Македонци, како на пример Ватрослав Облак.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Преди 100 години уште повеке поради различни причини - изговор, правопис и т.н. Днешниот ваш литературен jaзик се основава на централните ви говори на днешната териториja. Един словенски говор от солунско е подалеку от вашиот литературен, а да не зборуваме за Сjaр и Драма. Те са многу поблиски до родопските говори или уште наречени рупски. Чуj како зборуват около Сjaр и около Драма
http://www.youtube.com/watch?v=GLThMT7sIjQ&feature=related
Да не зборуваме за лугето които зборуват на словенски около Кавала, Ксанти, Александруполис. Това исто са славофони во северна Грциja.
Кога ви одговараше (во последните 150 години) сите македонски дијалекти беа групирано заедно, сега се најдовте на ист ум со грекос па ќе правите посебен грчки народ на основа на дијалектни разлики.

Кој е заедничкиот интерес меѓу Грците и Бугарите?
Да им се наштети на Македонците.

Овие луѓе во никој случај не се сметаат ниту пак воопшто им доаѓа на ум да се сметаат за Бугари и својот дијалект да го наречат бугарски (кој сака да се нарече Бугарин??).
Значи Бугарија ништо не добива. Но ви се стоплија срцата дека на овој начин би можело да се наштети на македонските интереси. ОК.

Во однос на дијалектите: Сите дијалекти во радијален круг околу Солун, значи цела егејска Македонија од Кожани, Корча, Охрид, преку Воден до Серес и Родопите содржат архаични карактеристики.

"Од сарце еднa голјамо извињавај, една голјамо извињавај зашто проблем ас мисли не само за Грција, тој проблем.. Тој проблем има и после од граница."

"Ќе стане нешто... Доо таа вечер чакаме, ако не ут понделнеак."

Овој говор е еднакво оддалечен и од македонскиот литературен и од бугарскиот литературен, но е македонски дијалект!


Македонската дијалектна територија е дефинирана според посебностите кои се јавуваат во источната и западна група, слоевитоста според определени карактеристики која се набљудува во правец север-југ и меѓусебната поврзаност во правец исток-запад.

http://www.mling.ru/iazik/makedonski/history_makedonski.pdf

"Резултатите на сите овие, и некои понови процеси, во комбинација со резултатите од влиЈанието на соседните словенски и несловенски јазици, што нерамномерно се распределувале во одделните говори, довеле до денешната доста изразита дијалектна диференцијација на мак. јазик.

Месните дијалекти на мак. јазик можеме да ги поделиме во две поголеми говорни целости: западномакедонското и источномакедонското наречје. Оваа поделба и одговара на географската поделба на Македонија која реката Вардар ја разделува на две подрачја. Јазичните особености, по кои се разликуваат споменатите две наречја и кои се за современото јазично чувство на самите Македонци особено доминантни, се: местото на акцентот и изговорот на неакцентираните вокали. Во зап. мак. наречје акцентот e врзан за определен слог (третиот открај:воденицаводеницата), а неакцентираните вокали не подлежат на редукција. Во ист. мак. наречје акцентот не e установен на определен слог, туку обично паѓа на еден од последните три слога во зборот. Во подробностите има во тој поглед доста разлики во самите ист. мак. дијалекти. Што се однесува до изговорот на неакцентираните вокали, на североисток имаме говори со умерена редукција, а на југоисток говори во кои редукцијата e силно изразена (урач, месиц, пулвинта и сл.).

Преоден појас меѓу овие две наречја претставуваат говорите костурско-лерински и мариовско-тиквешки. Во нив e необично акцентирањето на последниот слог (во
костурско-леринските не e извршена ни редукцијата).

Освен цртите што ги зедовме за основа на поделбата на ист. мак. и зап. мак. наречје, можеме да приведеме и повеќе особености што ги одликуваат овие две говорни групи. Така, зап. мак. говори го познаваат губењето на интервокалното e во определени услови (чоек>глаа), преминот на х во в, ф (нивна, нифна), тројниот член (лебот, лебов, лебон; ист. мак. лебо), употребата на кратките лични заменки пред глаголот во почетокот на реченицата (ме виде, Го зеде), употребата на глаголски конструкции со имам (имам видено) итн. Овие особености не се обични во ист. мак. говори (конструкциите како имам видено се сепак забележани во Солунско). Co губењето на извесни консонанти во интервокалната позиција, дошла до израз во зап. мак. тенденцијата за скратување на зборовите, во резултат на што во некои говори се иде до појава на нови вокали — широко o и e (тоар, стреа, сп. во СтруШко твар, чвек).

Тенденцијата на скратување на зборовите e изразена и во ист. мак. говори, но таа се врши таму на поинаков начин, со елизија на вокалите, поради нивната силна редукција (жента, детто и сл.).

7. Како што веќе споменавме, во обете наречја на мак. јазик влегуваат повеќе месни говори што меѓу себе се разликуваат со одделни повеќе или помалку изразити црти.
Еден од основните критериуми за натамошната поделба на тие наречја e различната замена на назалот /голем јус/ во нив. И во зап. и во ист. наречје се разликуваат по овој белег у-говори на север (рука, пут), а-говори во средишниот појас (рака, пат),'-говори на југ (р'ка, п'т). На крајниот југозапад и на крајниот југоисток постојат говори што зачувале траги од некогашниот назален изговор на назалните вокалите (м'нџо, д'мбо, гренди, пендесе).

Географското распространување на рефлексите на назалот /голем јус/ во македонските наречја укажува на нивната поврзаност во правецот запад-исток, како и на нивната „слоевитост" во правецот север-југ. Може да се приведат и повеќе црти што приближно го следат истиот правец на простирање. Така e на пример на север скоро исклучива замената ќ, ѓ за прасл. tj, kt'—dj, во средишниот дел на Македонија се јавуваат доста зборови и со изговорот шт, жд, додека во јужна Македонија тој изговор преовладува. Сето ова ја усложнува сликата на говорната диференцијација на мак. јазик."

Те се уште са групирани по истиот начин. Диелектологиjaта не се изменува вака лесно. Това што го чу от тиja дваjцата беше един сjaен родопски диалект, премесен со некоj и друг збор литературен бугарски. Като те читам, не знам дали веке Родопите не са во Егеjска Македониja. Jaс не можам да ти кажам ништо друго освен да чуеш тиja
http://www.youtube.com/watch?v=Lf2S8lXmvrk&feature=player_embedded
Сами кажуват на каков броjaт.
Ти се уште не правиш разлика мегу македонски говори и мегу македонски литературен jaзик. Вие сами си откинавте рацете,кога си ставивте литературниот jaзик врз централните си говори. Нема зашто сега да се лутите на некого.
Да не зборуваме за славофоните около Ксанти, Кавала, Александруполис. И те зборуват на македонски или те не са во северна Грциja?
Не цела северна Грција спаѓа во македонската етничка територија. Неспорно е дека некои од крајните источни области (Драмско, Кавала, Неврокопско) биле под силно бугарско влијание што поради географската местоположба, што поради историските прилики и очекувано е да бидат поблиски до соседните родопски говори.

Литературните бугарски зборови во јазикот на модерните зборувачи во најголем дел се продукт на влијанието кое бугарскиот јазик и држава го вршела во овие региони во последните 150 години и сеуште се врши денеска. Тоа не го менува фактот дека тие се македонски или преодни меѓу македонските и бугарските говори, и дека тие се дел од македонската етногеографска целина, а со тоа дел од македонскиот народ.
И на дијалектната карта на македонските говори можеш да го забележиш послабиот интензитет на бојата на крајните гранични региони токму поради нивниот преоден карактер меѓу два блиски јазици од иста јазична група.

Macedonian_Slavic_dialects1.png

Во случајов се работи за дијалектот на подбеласичките села од јужната страна на границата, а тој е несомнено македонски.
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Линкот - и во Алжир ќе налеташ на французин.

Еве оди малку подлабоко во Грција, Кожани. Јас потекнувам од таму, тој говор многу е поблизок до овој денешен јазик литературниот што го зборувам, отколку до твојот говор.

А, и факт е дека нашиот јазик, вашиот јазик и др ‘‘словенски‘‘ потекнуваат од регион на мои предци и татковина кои немаат никаква допирна точка со вас.

Докажано е од стручни луѓе кои не биле Македонци, како на пример Ватрослав Облак.
И јас потекнувам од Кожани. Како ти е презимето? Пиши пп да си споделиме информации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom