Заушки

Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Мислев дека заушките ги фаќат само децата и тинејџерите, ама изгледа не било така. Ме фатија и мене, а имам 36 полни. Во Струмица изгледа владее ПОПЛАВА од заушки уште од Април оваа година. Јас ќе ви го кажам моето искуство, а вие вашето со заушките.

1. пред точно 15 дена бев во контакт со заболен (толку траела инкубацијата)
2. дента пред да стана ТИКВА (пред да почнам да отекувам) имав блага грозница и малку ме болеше главата
3. другиот ден бев на лекар и - ЗАУШКИ. Ми препишаа терапија:

а) парацетамол
б) Ациди Борици разствор за ставање облог
в) витамин Ц
г) антибиотик
д) химорал форте/за отокот
ѓ) многу течности и мирување

Привите 2 дена изгорев од температура. Ми беше отечена само десната страна првиот ден. Сега ми се отечени и двете. Арното е што сега немам температура. Ако ТИКВАТА остана.

Ајде ваши искуства.
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
2.782
Поени од реакции
33
Да да во струмица е полно , сеуште не сум фател ,,(не дај боже)
Му препорачувам кој е од Струмица да не оди на Базен АКВАРИУС таму е полно 3 другарчиња се фатија од таму ... :tapp:
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Не е никакво лично искуство, но за информирање околу болеста и нејзино избегнување ќе помогне.


Епидемичниот паротит или заразни заушки како што се нарекува народски, е акутно заразно заболување кое првенствено ги зафаќа паротидните жлезди, но можат да бидат зафатени и другите плунковни жлезди, како и половите жлезди, мозочните обвивки и панкреасот.



Причинител на заболувањето е вирус (Mumps Virus), кој спаѓа во групата на осетливи вируси. За разлика од некои други респираторни вируси, сепак може да опстане извесно време во надворешната средина, што пак ја условува можноста за негово пренесување и по индиректен пат – најчесто преку свежо контаминирани предмети.

Симптоми

Периодот на инкубација варира од 10-25 дена, но најчесто изнесува околу 18 дена. Болеста започнува наеднаш, со појава на општи симптоми: малаксаност, губење на апетит, главоболка, покачена температура. Отокот што се појавува во задвиличниот предел (најпрво еднострано, а потоа и на другата страна) дава чувство на затегнатост, болки во пределот на увото, болка при зборување и џвакање, како и намалено лачење на плунка и сува уста.
Честото зафаќање на машките полови жлезди (тестисите) во вид на орхитис и мозочните обвивки (менингитис) се смета за локализација на процесот во други органи, а не компликација на болеста.



Единствен резервоар и извор на зараза кај заразните заушки е човекот, кој е заразен за околината неколку дена пред почетокот на болеста и околу една недела по појавата на првите симптоми.

Основен механизам и пат на пренесување е воздушно-капковиот. Вирусот се исфрла во надворешна средина преку Флигеовите капки (при зборување, кашлање, викање) и со вдишување се внесува во здрав организам.
По директен пат, вирусот може да се пренесе преку бакнување, а индиректен пренос е можен преку свежо загадени предмети од околината (играчки, прибор за јадење, чаши и сл.).

Болеста е космополитска и распространета е во сите земји во светот. Во земјите каде се спроведува системска вакцинација против оваа болест, морбидитетот е драстично опаднат, во зависност од тоа колку долг период се врши вакцинацијата и каков е опфатот.

По прележувањето на болеста, останува солиден доживотен имунитет, иако има податоци и за можно повторно заболување со блага клиничка слика. После вакцинацијата, се создава солиден и долготраен имунитет, со можна повторна инфекција, повеќе години после вакцинацијата.

Заразните заушки се јавуваат најчесто со поединечни случаи, но не е ретко и епидемиското јавување, особено во детските и младински колективи.

Најзафатена возрасна група се децата на возраст од 5-15 години, но ако детето не ја преболело инфекцијата во оваа возраст, може да заболи и во подоцнежна возраст.

Ова заболување има типичен сезонски карактер, со најголем број заболени во зимско-пролетните месеци, а минимум во летниот период.


Мерки на заштита
Општите мерки на превенција што се применуваат за сите респираторни заболувања (болести што се пренесуваат по воздушно-капков пат) важат и за паротитот, иако се најчесто без поголем успех: помала густина на сместување во колективите (детски и младински), проветрување и загревање на просториите и сл. Поважна е изолацијата на заболените (да не одат во градинка, училиште), нивното пријавување до надлежната епидемиолошка служба и лекување.

Можност за успешна превенција нуди вакцинацијата против оваа болест, како специфична превентивна мерка.
Вакцинацијата против паротит во Македонија, како и за другите заболувања за кои задолжително се спроведува, е законски регулирана и се спроведува со давање една доза вакцина на деца со навршена една година од животот (во 13 месец), и повторно, со давање на една доза ревакцина на 7-годишна возраст, согласно Календарот за вакцинација.

Вакцинацијата може да се врши со давање на моновалентна (mumps вакцина) или поливалентна вакцина која ја содржи компонентата за паротит (МП, МРП). Кај нас, во употреба е комбинирана вакцина против мали сипаници, рубеола и паротитис (МРП).

Лекување

Лекувањето е со симптоматска терапија. Случаите со секундарна локализација на други органи или појава на компликации, бараат хоспитализација на заболените.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Заушки во Струмица е полно..јас уште не сум фатил не дај боже да фатам ако фаќам веќе нека биде тоа кога ќе тргнеме на школо зимата.. :helou:
 
V

Viktoranius

Гостин
Заушки во Струмица е полно..јас уште не сум фатил не дај боже да фатам ако фаќам веќе нека биде тоа кога ќе тргнеме на школо зимата.. :helou:
Ти си луд бе, знаеш ли какви се последиците од заушки ?



СТЕРИЛНОСТ ! ( особено кај машките најповеќе )
 

Qwerty!

Knowledge is power:O
Член од
28 јуни 2008
Мислења
803
Поени од реакции
11
да. во струмица базенот беше полн со заушки па мораа да го празнат па пак да го полнат..:uvo:
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Само шо си идам од аквариус бех на роденден не се бајнах само за да не ме фатат заушки сите говорат оти најного од там фаќало заушки :toe:
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Ти си луд бе, знаеш ли какви се последиците од заушки ?



СТЕРИЛНОСТ ! ( особено кај машките најповеќе )
Точно, само пред еден-два месеца кога тоа беше ударна вест на вестите рекоа дека имало пријавено на лекување над 200 души во Струмица, ама немало случај на заболеност и на половите органи т.е. стерилност. Интересна работа е што вакцина имаме примено за оваа болест ама се покажа неефективна. Имаше едно девојче од мојот клас кое фати заушки уште пред матурската фала богу и јас не фатив. Чудна работа бе, само таа фати заушки, а од неа никој друг во класот.
И друга работа: мислам дека кај женските лица не може да дојде до стерилитет во случај на заболување, туку само кај машките. Ајде жени радувајте се на уште една причина оти ви е поарно да сте жени :)
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Kako што разбрав изгледа дека машките повеќе ги фаќа отколку женските. Јас бев во контакт со двајца кои подоцна заболена од заушки. Ми рекоа дека ако ме фаќа ке ме фати за 15 дена.Се надевам дека нема. Не знам што е работата изгледа ова епидемија на заушки само во Струмица владее.
Инаку рекоа дека температурата се јавува како последица на изложеноста на сонце.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
и кај нас нашколо владееше епидемија на заушки...среќа мене не ме фатија
 

cacikr

K@ŧ€ň©€ŧǾ
Член од
4 јануари 2008
Мислења
452
Поени од реакции
8
Како мала еднаш ме фатија ама не се сеќавам многу многу ама знам дека левата страна кај вратот ми беше отечена
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Јас прележав пред 1 година , ништо страшно , едноставно имаш температура , те тресе треска ( посебно навечер ) , си седиш дома 2 недели и послем фураш како ништо да не се десило и ич не ти е гајле дали имало епидеми или не , 2пат неможеш да закачиш :smir:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Прележав заушки на 8-9 години, така нешто
Најобична работа :pos: не идеш у школо као копиљ ама па и не моеш да играш фудбал и џамлии у мало :pos:
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Ти си луд бе, знаеш ли какви се последиците од заушки ?



СТЕРИЛНОСТ ! ( особено кај машките најповеќе )
Стерилноста е МОЖНА последица, ако ти се појават компликации и не сториш ништо за тоа ( отекување на тестисите ).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom