THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
ТРОЈЦА ИРАНСКИ ФУДБАЛЕРИ ОБВИНЕТИ ЗА НЕМОРАЛ
На тројца ирански фудбалери им се заканува крај на кариерата и се пред казна затвор. Нивниот грев е тоа што ги бакнале своите навивачки на аердоромот во оваа исламска земја, каде физичкиот контакт меѓу маж и жена е забранет, ако не се во роднински однос, јавува иранскиот портал Раџанјуз.
Сајтот не ги наведува имињата на фудбалерите, ниту за кој клуб играат.
Медиумите во земјата информираат дека против тројцата фудбалери е поднесено барање за апсење, бидејќи се "однесувале антиисламски и неморално".
Тренерот на екипата се обидел да ги заштити, но се согласил дека играчите треба да ја понесат одговорноста за својата постапка.
Согласно законите усвоено по исламската револуција во 1979 година, прекршувачите ќе бидат осудени на затвор, камшикување или парична казна.
Случајот не е преседан. Во 2003 година, иранска актерка беше осудена на 74 удари со камшик, бидејќи го бакна режисерот на нејзиниот последен филм за време на церемонијата за доделување на наградата.
Казната подоцна и беше поништена, но бројот на казнети нагло порасна од доаѓањето на претседателот Ахмадинеџат на власт во 2005 г.