Заработување со YouTube во Македонија

Член од
28 јуни 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
Здраво дечки,

Нов сум на форумов па се надевам не правам ништо погрешно. Да не замарам многу со небитни работи. Веќе неколку месеци одржувам еден јутјуб акаунт, солидно е гледан (720,000+ total views). Го правам тоа чисто од забава. Гејминг акаунт е и чисто сумљам некои Македонци да ги гледаат моите видеа.

Знам дека може да се заработува со јутјуб, ама не знам колку е тоа возможно во Македонија. Знам каде се „подесува“ monetization, ама не знам што после тоа. Како се добиваат пари? Кои се условите? Каде треба да дадеш свои информации за каде да ги примаш парите, треба ли да се отвори некоја сметка? Сега можеби е и полесно со paypal, ама најискрено појма немам како иде заработувањево во Македонија со јутјуб.

Ако има некој добар човек што знае и сака да помогне, би му бил бескрајно благодарен :)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Може да објавиш лично твое видео и ако биде видено над 3м се секое следно видување имаш по 1 евро се разбира ако имаш пејпал и ако можеш да примаш пари!
 
Член од
28 јуни 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
Не верувам да мораш минимум 3м да имаш. Сум видел вклучен monetization и кај канали што едвај илјадарче вјувс фаќаат.
 
WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Може да објавиш лично твое видео и ако биде видено над 3м се секое следно видување имаш по 1 евро се разбира ако имаш пејпал и ако можеш да примаш пари!
Да? Познаваш некој вака што прави пари? :tapp:
Преку глава ми е да слушам вакви глупости, а секој ебан човек во Скопје ми прави ваков муабет. :facepalm:
Иначе Куки имаш фирми што се како посредници, ти аплицираш кај нив, ставаат реклами на твојте видеа итн.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
This feature is currently not available in your country. Learn more.
Сеуште нема во Македонија, но можеш да го пуштиш преку proxy. Не ти препорачувам, затоа што е можно да те банираат и скроз акаунтот да ти го тргнат, али не сум сигурен - затоа што јас не заработувам преку YouTube.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Колку шо знам monetization за Македонија нема.
Али има компании кои што ти даваат partnership за јутјуб, со нив можеш да соработуваш, нема врска што си од Македонија, гуглај кои се најдобри, ја ги најдов N4Gtv
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.653
Поени од реакции
1.513
Може да објавиш лично твое видео и ако биде видено над 3м се секое следно видување имаш по 1 евро се разбира ако имаш пејпал и ако можеш да примаш пари!
Ова нема врска.не плаќаат според views, туку плаќаат според тоа колку луѓе изгледале реклама од 30секунди(онаа што на некои видеа на почеток ти дава да ја прескокниш).ти може да имаш и 10м views, али ако никој не ја изгледал рекламата,нема да земиш ништо.
Гледаноста зависи од аспект дека при повеќе гледања поголеми се шансите некој да ја изглеа рекламата до крај.
И гугл не плаќа преку пејпал,али битно да се коментира нешо.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
@Куки Манстр Има монетизација и може да се заработува без проблем и од Македонија. Не треба PayPal, се‘ што ти треба е AdSense акаунт кој што ќе го поврзеш со твојот канал. Ќе заработуваш со тоа што ќе ти кликаат на рекламите тие што ќе ги гледаат видеата. Исплата од AdSense ќе добиеш откако ќе имаш минимум 70 евра, преку чек што го пуштаат на твоја домашна адреса.
 
Ти имаш добиено нешто до сега? Читав по форуми дека и откако ќе го добиеш ти тој чек, скоро ниедна банка во Македонија не го прима.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
Ти имаш добиено нешто до сега? Читав по форуми дека и откако ќе го добиеш ти тој чек, скоро ниедна банка во Македонија не го прима.
Имам неколку евра од YouTube собрано на AdSensе-от али далеку сум од 70 за да можам да побарам чек. И јас имам слушнато тоа дека не ги примаат ама еден член на друг форум што заработува од AdSense има кажано дека не прават проблеми, а Шпаркасе банка сто посто ги уновчувала чековите. Али ова е све рекла-казала, најсигурно ти е да си направиш самиот Monetize на видеата, собери пари и провери лично дали исплаќаат, и онака ништо нема да те кошта.
 
Не знам дали ќе успее ама како што рече, ништо не ме кошта и вреди да се проба. Бидејќи во Македонија „не е дозволено“ да одберам било која држава каде што е дозволено за да започнам monetization?
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
Не знам дали ќе успее ама како што рече, ништо не ме кошта и вреди да се проба. Бидејќи во Македонија „не е дозволено“ да одберам било која држава каде што е дозволено за да започнам monetization?
Оди овде и под Country одбери United States и ќе ти се отвори опцијата за монетизација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom