Се до крајот на 2017 редовно си пријавував данок и си плаќав.
Во 2018 заработив околу 2000 евра. Не се пријавени, ни платени.
Мора ли да се платат до крајот на годинава или можам и потоа?
Нешто ми спомнаа дека ако не се плателе до крајот на 2018та, ќе платиш 70% од заработката (а не само 10% како и вообичаено), односно дека се огромни каматите.
До лани не беше вака. А ги немам баш разгледано новиве закони. Не е некоја огромна сума, но ако е навистина така, да се снаоѓам во овие останати 10тина дена од годинава.
Има некој поинформиран да ми објасни?