Извинете ако не е за тука прашањево, претпоставувам овде има повеќе дизајнери па ми треба брзо мала помош/совет.
На 99designs ми одбраа лого за победник и сега треба да го испратам на клиентот, треба да го испратам во AI и EPS, но јас го дизајнирав во CorelDRAW.
Имам неколку прашања:
1. Дали да конвертирам од CDR во AI и во EPS веднаш или CDR во PDF и после PDF да го отворам во AI и да го зачувам како AI ( прашањево е поради она со боите, ако го конвертирам од корел веднаш ми се префрлува на CMYK, а до колку го конвертирам во pdf прво и го отворам со илустратор, можам да бирам дали сакам CMYK или RGB)
2. Како да го испратам логото? Како што го дизајнирав или без позадината? И дали да ги менувам димензиите во 1000х1000 или едноставно како што сум го издизајнирал во двата формати па они што сакаат тоа ќе му прават? (Видов дека има некои инструкции од самата страна али сепак сакам да ми каже некој што веќе го поминал ова)
3. Ако имате некој совет би бил многу благодарен, прв проект ми е што ми го одбираат и не сакам да оставам лош впечаток..
Фала на сите