Заработка на интернет (официјална тема)

Дискусија во форумот 'Интернет трговија' започната од HaRdToGeT, 18 септември 2005.

  1. Elena62

    Elena62

    Член од:
    27 септември 2018
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    13
    Не можев да најдам посебна тема за Апворк па тука да прашам, изработив еден мал проект и сега чекам клиентот да го одобри “milestone” доколку не го одобри дали автоматски ќе ми биде одобрен после извесен период? Првпат вака долго чекам цела недела.
     
  2. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    76.244
    Допаѓања:
    156.949
    Не те потсеќа ова на нешто? На пример, дефиниција за пирамидална структура?
     
  3. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.079
    Допаѓања:
    31.382
    Раттење и продавање чаеви :pos:

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
  4. foldalot91

    foldalot91

    Член од:
    15 април 2015
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ако milestone-от е однапред funded, ќе имаш право да ти стигнат парите, во спротива си на милост и немилост на клиентот.
     
  5. Elena62

    Elena62

    Член од:
    27 септември 2018
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    13
    Funded е, фала на инфо :)
     
  6. NonoOo92

    NonoOo92

    Член од:
    26 март 2019
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo se zanimavam so blogger okolu 6-7 meseci .Blogot mi e na angliski i dostignav odredena popularnost . Dosega ne me interesirase zarabotka go pravev toa cisto za zabava.Sega dojde vreme da razgledam za moznostite koj gi imam .Me interesira koj mi se moznostite za zarabotka .Dali imam moznost da zarabotuvam bez paypal.Dali znae nekoj dobra (proverena ) alternativa na Paypal ovde vo makedonija a istata da ima sorabotka so Blogger.Sakam da namestam AD i donation botton zatoa sto imam + 2000 views na den(dali e toa dovolno ?) najcesto od Amerika.Sekoja informacija e dobredojdena blagodaram odnapred.
     
  7. Teknologix

    Teknologix

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    678
    Допаѓања:
    255
    Можеш да аплицираш за Google AdSense програмата, ако блог статиите обработуваат теми кои не се забранети според нивните правила.

    Препорачливо е да имаш разработен блог (минимум 30-50 солидни статии).

    Има и уште неколку други битни работи.
    За повеќе инфо - во приватна порака.
     
  8. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.634
    Допаѓања:
    8.746
    Не се исплати ова више страни да имаш со адсенс, освен ако не се некои со голем обрт, плус ненормално строги правила имаат, дали ќе ти го одобрат сајтот е прашање.
     
  9. Teknologix

    Teknologix

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    678
    Допаѓања:
    255
    Ако блогерот е сериозен, и игра на долги патеки - ќе има успех.

    Ако планира да нафрли десетина статии, и да се збогати за неколку месеци - нека не почнува.

    За блогирање треба добро разработен план (која индустрија ќе фатиш, која ти е таргет групата, колкава ти е конкуренцијата, колку статии ќе креираш неделно...) и посветеност.
    Се' останато е губење на време.
     
  10. anakonda88

    anakonda88

    Член од:
    6 април 2015
    Мислења:
    375
    Допаѓања:
    122
    Дечки имам вишак на време па сакам да заработам нешто од дома преку интернет (само да не биде убивање на гледање реклами за 00000000000000,1$) ...
    Па ве замолувам да ми кажете некоја препорака и совет

    Однапред благодарам :)
     
  11. Teknologix

    Teknologix

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    678
    Допаѓања:
    255
    Какви вештини имаш, што знаеш да работиш?

    Знаеш ли да пишуваш?
    Како ти оди англискиот јазик?
    Знаеш ли да црташ, дизајнираш, имаш ли око за фотографија?
    Знаеш ли да истражуваш?
    Те бива ли со рацете - знаеш ли нешто да изработиш со нив?

    Остави фидбек, па ќе ти препорачаме кон што можеш да се насочиш.
     
  12. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    3.430
    Допаѓања:
    7.949
    Како функционираат сајтови како Skrill, Neteller, airtm? Дали се достапни во Македонија? Преку нив гледам оди исплатата на неколку сајтови што се базираат на реклами, мини задачи...
     
  13. anakonda88

    anakonda88

    Член од:
    6 април 2015
    Мислења:
    375
    Допаѓања:
    122
    Англиски ми оди (C1) , ми оди пишувањето имам пишуваноо статии , истражував и сл ..
    Дизајнирање Не.
    Ми го препорачаа Upwork ,што мислите за тоа?
    Или предложете ми нешто друго..
     

Сподели преку: