Започнување бизнис без фирма

Член од
14 октомври 2015
Мислења
43
Поени од реакции
24
Здраво, се надевам има некој кој би ми дал корисна информација и идеја како можам да започнам бизнис без фирма.

Значи, вработена сум и не планирам да ја напуштам работата. Имам една идеја за започнување на бизнис преку интернет. Очекувана заработувачка би била отприлика 200-500 евра максимум на месечно ниво. Секако како заработувачка плус на плата би било супер, но како основна дејност - да отворам фирма, да плаќам плата за вработен, придонеси и други трошоци кои ги носи отворањето на фирма нема да се исплати.

Е сега, ме интересира дали има можност на легален начин да се наплаќа за извршена услуга од правни лица како физичко лице, дали има некои фирми кои нудат вакви услуги за одредена провизија или било каков друг начин како би можела да наплаќам. Секако би плаќала на државата сите можни даноци и давачки.

Што мислите? Треба да има (да се направи) некое законско решение за некои со ваква идеја кои на почеток не се спремни да инвестираат средства во фирма или бизнис за кој не се знае дали ќе успее? Па ете ви и идеја за бизнис - фирма која би наплаќала фактури на физички лица!!!
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Ауфф. Мислам дека за да си плаќаш придонеси, здравствено и пензиско и да ги покриваш сите давачки на државата, ќе мора да отвориш фирма, макар и со еден вработен. Така само да си пробуваш идеи без фирма, едино ми идат мислите, да земеш грантови од АВРМ или Фонд за Иновации и Технолошки Развој.

http://rabotaimoznosti.mk/samovrabotuvanje/?lang=en

Само и грантовите имаа некоја цака, така да биди сигурна дека ќе ти успее идејата.

Од поглед на тематиката на твојава фирма, не би знаел да кажам ради тоа што не се разбирам од финансии и економија.
 
Член од
14 октомври 2015
Мислења
43
Поени од реакции
24
Правам муабет да не напуштам работа, туку оваа бизнис идеја да ја разработувам хонорарно, па ако за една година успее тогаш да напуштам работа и да си фурам само ова со отворање на фирма. Реално мислам дека ова е голем проблем и дека има доста како мене што имаат идеи ама не започнуваат поради ризикот, трошоците и обврските кои ги носи отворањето на фирма.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Па сеа, добро разработена идеја може да упали.

Не сум стручњак за економија и финансии ама твојава идеја ми личи на многу други претходно, писарска работа која што носи пари само ако секторот врз кој ќе ја вршиш дејноста има пари. Значи зависна си од друг. Без навреда, можда не сум во право.

Македонија е ова, лесно да е, да не боли. На туѓ грб. Немој да се налутиш само. ;)

Нешто идеја со производство ај, ама ова финансии, шо знам ;)
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2017
Мислења
140
Поени од реакции
41
Е сега, ме интересира дали има можност на легален начин да се наплаќа за извршена услуга од правни лица како физичко лице, дали има некои фирми кои нудат вакви услуги за одредена провизија или било каков друг начин како би можела да наплаќам.
Има договор за услуга, со кој се наплаќаат услугите кои ТИ си ги дала на некое правно лице. Најчесто се тоа за еднократни услуги кои физички лица ги прават за правни лица, а не обратно како што си напишала :) Склучувате договор, ја вршиш услугата, ти плаќаат на сметка одреден износ и почетокот на идната календарска година си пријавуваш во УЈП уредно. Ако годишните примања за извршени услуги или продадени производи и сл. не надминуваат три милиони денари, данок не се плаќа. Ако надминат, УЈП те обврзува да отвориш фирма, согласно услугите/производите кои ги нудиш итн.
Накратко, има начин како да работиш и да наплаќаш услуги истовремено, само внимавај со клаузулите во договорите. Има „печени“ газди, кои ги знаат сите дупки во законите! Со среќа!
 
Член од
14 октомври 2015
Мислења
43
Поени од реакции
24
Тука не би станувало збор за еднократни услуги. Веројатно би било да се наплаќа и 10 фактури на мали износи.
Инаку, дали познавате некоја фирма која би нудела вакви услуги - фирмата да ги наплаќа фактурите, а на мене да ми исплаќа средства со пресметана провизија за неа. Ова ми е најлогично решение, би требало и да е сосема легално?
 
Во тој случај твојот договор за услуга е со фирмата. Ти пишав „најчесто за еднократни услуги“, но секако дека и да се повеќекратни услугите треба да одат на еден договор. На пример изработуваш специфичен компјутерски програм, а си веќе вработен програмер во некоја фирма, со редовен работен однос, полни работни саати итн. Друга фирма те ангажира да им изработиш специфична програма, склучувате договор со неа за изработка и одржување на програмот. Е тоа одржување е повеќекратни услуги, кои согласно договорот би ги наплаќала дополнително, ама штом се во еден договор скоцкани, легално е.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Можам да ти помогнам да најдеш начин за ова. Секако зависи од кој калибар е сервисот што го нудиш и дали е за странски или домашен пазар. Пиши во пп за контакт.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Како физичко лице можеш единствено со договор за дело да заработуваш еднократно или повеќекратно од иста или различна работа, ако сакаш да ме прашаш нешто конкретно пиши ми во приватна порака.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.333
Поени од реакции
3.266
koga ke gi podignuvas od banka ke stavis vo stavka deka se od honorarna rabota
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
140
Поени од реакции
41
со договор за дело
Со новите законски измени, кои стапија на сила од 1.1.2017г ваква ставка повеќе не постои, сега истата е заменета со "договор за услуга".
koga ke gi podignuvas od banka ke stavis vo stavka deka se od honorarna rabota
Тој што ќе ги уплаќа на сметка наведува таква ставка, а на крајот од годината т.е. на почетокот од идната календарска година примателот сепак ќе треба да ги пријави во годишната пријава.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Здраво, се надевам има некој кој би ми дал корисна информација и идеја како можам да започнам бизнис без фирма.

Значи, вработена сум и не планирам да ја напуштам работата. Имам една идеја за започнување на бизнис преку интернет. Очекувана заработувачка би била отприлика 200-500 евра максимум на месечно ниво. Секако како заработувачка плус на плата би било супер, но како основна дејност - да отворам фирма, да плаќам плата за вработен, придонеси и други трошоци кои ги носи отворањето на фирма нема да се исплати.

Е сега, ме интересира дали има можност на легален начин да се наплаќа за извршена услуга од правни лица како физичко лице, дали има некои фирми кои нудат вакви услуги за одредена провизија или било каков друг начин како би можела да наплаќам. Секако би плаќала на државата сите можни даноци и давачки.

Што мислите? Треба да има (да се направи) некое законско решение за некои со ваква идеја кои на почеток не се спремни да инвестираат средства во фирма или бизнис за кој не се знае дали ќе успее? Па ете ви и идеја за бизнис - фирма која би наплаќала фактури на физички лица!!!
Значи вака:
1 опција - можеш да извршуваш услуга на фирма како приватно лице и за тоа да бидеш платена на основ на Договор. Примените пари ќе имаш обврска да ги пријавуваш секоја година во УЈП. До некој износ, мислам дека е 3 милиони/годишно, немаш никаква обврска, над тоа ќе плаќаш данок. Од друга страна, оваа опција нема да ти биде популарна кај фирмите, прво не делуваш сериозно како партнер ( иако незнам во која бранша си, каков тип на работа е тоа...), понатаму, фирмата ке има обврска за секоја твоја исплата да плати дополнително 11,11% персонален данок на УЈП, понатаму потполнување посебни обрасци, достава до УЈП.....ме разбираш, заебанции што можеби не секој сака да ги тера

2 опција - можеш да направиш фирма. Ако не грешам , отварањето сега е бесплатно. Ако работиш преку интернет, нема потреба од деловен простор или кирија, фирмата ке ја регистрираш на домашна адреса. Доколку си веќе вработена, тогаш ти ќе бидеш и основач и управител и нема потреба да имаш вработени, да плаќаш придонеси или слично. На ваков начин ке можеш да издадеш фактура на твоите партнери и да го направиш поедноставно работењето. Како трошок би имала : изработка на печат ( 1000-1500 денари, еднократно ), сметководствено биро ( со таква мала работа, без пресметки на плата, без ДДВ пријави, без фискални....не би требало да те кошта повеќе од 1000-1500 денари месечно ), фирмарина ( 7000 денари годишно ) ТВ такса ( 2000 денари годишно). Се на се, не повеќе од 2000 денари месечно просек.

Види си, и многу среќа.....
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Со новите законски измени, кои стапија на сила од 1.1.2017г ваква ставка повеќе не постои, сега истата е заменета со "договор за услуга".

Тој што ќе ги уплаќа на сметка наведува таква ставка, а на крајот од годината т.е. на почетокот од идната календарска година примателот сепак ќе треба да ги пријави во годишната пријава.
Со кои законски измени? Како што гледам нема нови измени на ЗОО, а таму убаво си стои Договор за дело.
Без разлика како и да се именува овој вид на договор при склучување (договор за дело или договор за услуга) кај овие облигациони односи се применуваат одредбите од ЗОО за договор за дело, а кога ќе се рече договор за услуга тоа повеќе соодветствува на одредбите од ЗОО за договор за налог.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Здраво. Дали знаете како оди со отварање на консултантско биро? Конкретно за Авон зборувам, имам мрежа и зачленети членки под мене од кои Авон ми исплаќа провизија на сметка, на која секако легално запрени 10% данок. Е сега, подружница ниедна МЛМ компанија не отвара, ова ќе биди консултантско биро на лице, значи само тестери и обуки со моите членки, (и зачленување на нови) меѓутоа никаквапродажба. Дали би имала некаков проблем? Во централен регистар ми креваа раменици, не беа сигурни, само ми рекоа да не имаш проблеми во иднина. Да нагласам од мало место сум, нема ни кој да прашам конкретно за ова. Ако има некој поупатен ве молам да ми пиши. Позз
 
B

Bafra

Гостин

Најдобро во УЈП дирекцијата да си се обратиш.
Ти нема да продаваш производи, но затоа ќе продаваш некаква услуга, па државата сигурно ќе сака да те оданочи, некои услови да исполниш итн итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom