@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
Најпрво виц за мечката (Митра)
За време на војната и во шумата дошло до мобилизација.
И’ доаѓа на лисицата покана за во војска и таа заминува.Волкот се уплашил и за да не го мобилизираат сам си ја скршил ногата , па така се спасил и не го повикале.
Еленот исто така бил уплашен, па за да не оди војска си ги скршил роговите, /Дошол редот на мечката - таа не знаела што да прави....
Си ги отсекува ушите и оди пред воената комисија .По извесно време изглегува од таму тажна, а волкот и еленот ја прашуваат:
- Што ти е?
- По ѓаволите, ми рекоа дека имам рамни табани .
Ова е вицот за животните во кој мечката испадна жалосно- смешна
Е сега, веројатно се прашувате зошто е и каква врска има вицов .
Затоа што оваа постапка на непотребно самоповредување на оваа од вицов- мечка , ме потсетува на досегашните и можните постапки на сакатењето од страна на ЕУ па и самоуништување на нашата Македонија затоа што и нејзе ја снајде таква судбина Еве и како:
И’ ги одсекоја на Македонија не само ушите - туку и поголем дел од торзото - Егејска, Пиринска и дел во Албанија ,националниот идентитет, јазик и црква не и ги признаваат , ја тормозеа и “цицаа“од сите страни од времето на сфрј до ден денешен - следуваа ембарга, па вето, па тука е и Хаг., потоа и наметнаа проблем со името- па уцени, за кој мора да преговара ако сака во ЕУ , па да се извинува и насмевнува на оние кои ја искасапија - којзнае може и да го повика на гости и Папата по нечија директива , па да организира паради на гордоста , па да одобрува истополови бракови , па ова, па оноа ...и така сигурна во себе дека доволно направила да оди пред Европската комисија за проширување на ЕУ .
А кога оттаму ќе се врати тажна па згора и прекрстена во Митра народот ќе ја праша :
Кој јунак ќе го промени текот на „вицот“ - барем „мечката“ да си остане само без ушите - но не и со рамни табани.
да сме БАР едногласни и единствени сами ќе си најдеме чаре.....

- По ѓаволите , ми рекоа дека немале ни намера да ме примат во ЕУ , бидејќи немам покровители (спонзори) како моите „другарки“
Епилог: И така МК пардон Митра , баш како и мечката во вицот , ќе остане ем осакатена ем прекрстена пред вратите на ЕУ .Кој јунак ќе го промени текот на „вицот“ - барем „мечката“ да си остане само без ушите - но не и со рамни табани.