Запознајте ги „непознатите“ олимписки спортови

Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Тема за оние спортови за кои нема доволно „кворум“ за да се отвори посебна тема. Спортови кои не се толку познати кај нас, па и во општо во светот. Можеби ваква тема требаше да има уште пред неколку недели па да оди полека, но вака ќе пробам(е) да се запознаеме со речиси сите спортови.​
Доколку има некој кој е фан на некој од овие спортови, слободно нека се пријави за да си напише свој пост кој ќе биде ставен на првата страна! :)
После воведните постови, темата за текот на ОИ може да се користи и за дискусија за овие спортови.​
Започнуваме:​
Стрелаштво (лак и стрела) - Archery
Стрелањето со лак и стрела како олимписка дисциплина е една од оние кои најрано се појавиле. За прв пат, овој спорт бил на програмата на Олимпијадата во Париз 1990та. Осум години подоцна (1908) бил повлечен од програмата и го немало се до 1972.

Целта во овој спорт е буквално тоа, да се погоди целта! :) Натпреварувачите гаѓаат со стрели во мета со дијаметар од 122cm која е оддалечена 70 метри. Целта е поделена на кругови, а погодок во центарот (12,2cm) носи 10 поени.

Системот на натпреварување е head to head елиминации. Секој натпреварувач упатува 72 стрели во 12 фази (6 по секоја фаза), и натпреварувачот кој има повеќе поени од сите 72 стрели е победник.

Натпреварите од овој спорт ќе се одржат во Lord’s Cricket Ground


сето тоа „сликовито“ објаснето, тука:

Кану/Кајак на диви води - Canoe Slalom
Кану/кајак слаломот или кај нас познат како „кајак на диви води“ своето деби како олимписки спорт го имал на Олимпијадата во Минхен 1972, но не станал постојан се до Барселона 1992.​
Во овој спорт, натпреварувачите со кану/кајак поминуваат патека, импровизирана река долга 250 метри, со течна сила од 13 кубни метри во секунда и висински пад од 5,5 метри од стартот кон целта.​
На патеката има 25 врати низ кои натпреварувачот мора да помине. Низ зелените врати се поминува „надолно“ т.е. регуларно, а низ црвените натреварувачот мора да помине „нагорно“ во спротивност на течењето на водата.​
Секој удар со вратата се казнува со дополнителни 2 секунди на конечното време, додека целосно промашување врата се казнува со 50 секунди.​
Има вкупно четири дисциплини: Кану едносед, кану двосед, Кајак (мажи) и Кајак (жени)​
Натреварите од овој спорт на ОИ Лондон 2012 ќе се одржат на Lee Valley White Water Centre​

Кану/Кајак на мирни води - Canoe Sprint

За разлика од претходниот спорт или подобро кажано дициплина на овој ист спорт, тука натпреварувачите „возат“ по мирна вода, односно езеро.

Овој спорт постанал постојан олимписки во 1936, но од тогаш многу должини на трките и дициплини се променети.

На овие олимписки игри, ќе има вкупно 12 дициплини (кајак к1,к2,к4 мажи и жени; кану ц1 и ц2 мажи) низ три должини на патеката: 200, 500 и 1000 метри. Ќе се натпреваруваат вкупно 246 спортисти (158 мажи и 88 жени).

За разлика од „кајакот на диви води“ каде што секој натпреварувач настапува посебно, тука се практикува „тркачкиот“ принцип. Натпреварувачкиот формат е сличен на оние во пливањето, се возат прво квалификациони трки во кои најдобрите обезбедуваат пласман понатаму.

Патеката на која ќе се вози на овие ОИ е езерцето Eton Dorney и е долга 2.200 метри и има вкупно 9 патеки.




темата ќе биде надополнувана, како што пишав на почетокот, доколку некој е фан на посебен спорт, слободно нека се пријави! :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309
Бадминтон - Badminton
Создаден од жителите на Индија, но како спорт во модерната ера се разви токму во Велика Британија, Бадминтонот можеби е најбрзиот спорт на игрите, брзината на перцето некогаш достигнува и до 400км/ч.​
Дебитираше пред 20 години, на Олимписките игри во Барселона 1992 година, во овој спорт нај застапени се азиските земји, тие имаат и најмногу златн медали освоени на игрите, Кина, Индонезија и Јужна Кореа имаат освоено 23 златни медали од севкупно 24 до сега, единствениот медал кој не доаѓа од овие земји е во сопственост на Данска.​
На овие ОИ ќе учествуаат 172 спортисти, во 5 дисциплини се поделени, мажи сингл, мажи дубл, мешани двојки, жени сингл и жени дубл.​
Еве и сликовито прикажано, неколку занимливости околу овој спорт, а и правилата за него.​
Натпреварите ќе се играат во Вембли арената, од 28 јули до 5 август за кога се закажани финалните средби.​
За тие што не гледале до сега ниту еден меч од овој спорт, еве едноминутно запознавање​
Ривалство
На овие ОИ треба да очекуваме голем дуел, помеѓу Лин Дан од Кина и Ли Чонг Веи од Малезија.​
Ова ривалство потекнува точно од ОИ во Пекинг пред четири години, кога домашниот натпреварувач го совлада Ли Чонг Веи и тоа лесно со 21-12, 21-8.​
Од тогаш, тие двајца најдобри играчи на бадминтон се сретнаа 11 пати, каде во седум мечеви триумфирал Лин Дан, а четири победи има Ли Чонг Веи.​
Малезиецот најави пензионирање после овие ОИ, па ќе гледа да му се одмазди за поразот пред четири години, а и од тој на последното Светско првенство одржано токму во Лондон, каде загуби во третиот решавачки сет на разлика, 23-21.​
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Фрлање копје - мојата омилена дисциплина.
Ќе се потрудам утре да најдам информации и да пишам нешто повеќе за спортот.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
8.101
Фрлање копје - мојата омилена дисциплина.
Ќе се потрудам утре да најдам информации и да пишам нешто повеќе за спортот.
аман бе шо има во копјето непознато :D
светски рекорд Јан Железни 90 и нешто е мислам
за златен медал немало да се борат најпознатите Теро Питкамати и Андреас Торкилдсен оти не биле во форма
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309
аман бе шо има во копјето непознато :D
светски рекорд Јан Железни 90 и нешто е мислам
за златен медал немало да се борат најпознатите Теро Питкамати и Андреас Торкилдсен оти не биле во форма
Копјето не е самостален спорт, се води како дел од атлетиката, значи е дисциплина, така да, далеку од непознатa дисциплина е таа, а за атлетиката веќе има посебна тема.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Мечувањето, се надевам дека ќе го гледам на некоја од телевизиите.
Утре ќе допишам повеќе
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Значи у Атлетика, да пишуваме за фрлање копје. Океј(y)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257



Иако мечувањето датира илјадници години наназад, мечувањето какво што ние го знаеме се појави во спортот во 19 век. Напната борбена игра со многу техника во неа е еден од неколкуте спортови кои што се појавуваат во сите модерни олимписки игри.
Своето деби мечувањето го има во 1990 година во Париз. уште некои други дисциплини како што е сабја додадени се во 1996 и во 2004.

Дати за турнирите во мечување од 18 јули до 5 Август

Денес постојат три дисциплини и тоа мечување со Флорет, Меч и Сабја. Победник е оној кој што прв ќе го допри торзото на мечувалецот.

Индивидуалните мечувања траат три периоди од три минути или додека мечувалецот не постигне 15 погодоци во торзото на неговиот противник. Во тимските мечувања, тим од три мечувалци се натпреварува против своите противници во 9 серии по три минути секој. И целта е да се постигнат 45 погодоци.

 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309

Хокеј на трева - Field hockey


Хокејот на трева е еден од најстарите спортови според стаж на Олимписките игри, тој за прв пат се појавил далечната 1908 година, токму во Лондон, каде учествувале 6 репрезентации, вклучувајќи ги и тимовите на домаќинот. Во женска конкуренција овој спорт се појавил во 1980 година на игрите во Москва.
На овие Олимписки игри ќе учествуваат 384 спортисти, 192 во машка и 192 во женска конкуренција, ќе водат битка на сино - розевиот терен, со препознатливото жолто топче, тоа е така направено за да се има прегледност и на телевизискиот пренос и да им се овозможи на гледачите да уживаат во овој спорт.
Репрезентациите се поделени во две групи од по шест репрезентации, истото е и во женска конкуренција, титулата од Пекинг 2008 година ја брани репрезентацијата на Германија, среброто им припадна на шпанците, а бронзата на Австралија. Во женска конкуренција распоредот на медалите беше сосем различен од тој кај мажите, на Холандија им припадна златото, во финалето беше подобра од Кина, со бронзен медал се задоволија хокеарките од Аргентина .
Нај успешна нација е Индија, имаат освоено на ОИ 8 златни медали, севкупно се 11, зад нив е репрезентацијата на Холандија со 4 златни медали, а севкупно има највеќе освоено, 14, Холандија е меѓу водечките сили во овој спорт. На третото место на вечната листа на медалисти на ОИ се наоѓа Австралија со 4 златни медали, се наоѓаат на трето место, бидејќи имаат по мал број освоени медал од сребро и од бронза.

Турнирот започнува на 29 јули, ќе го отворат женските репрезентации на Австралија и Нов Зеланд.
Сите мечеви ќе се одиграат на Ривербанк Арена, која беше специјално изградена токму за овој настан.​



Правила




 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кајакот не е воопшто непознат спорт. Кај нас се имаат одржувано и првенства.

Од други спортови тука се едрење, џудо, теквондо, мечување и спортот со коњи
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Cycling- BMX
Овој спорт своето деби на Олимписките Игри го има токму на претходната олимпијада во Пекинг 2008год. Секоја земја е ограничена со максимум 3 претставници во машка и 2 претставнички во женска конкуренција. Во Лондон машката патека е долга 450метри, додека женската е 10метри пократка односно 440 метри. Двете патеки се на отворено и се дизајнирани со бројни скокови, испакнатини и цврсти банкини на ќошињата. Првите златни олимписки BMX медали блеснаа на градите на латвиецот Maris Strombergs и на француската претставничка Anne-Caroline Chausson.
BMX трките во лондон ќе се одржат на кратка отворена патека, а возачите ќе стартуваат од 8метри високата рампа. Секоја трка ќе трае околу 40тина секунди.
BMX велосипедите кои се користат за време на трките на олимписките игри имаат само еден степен на пренос и само една сопирачка. Нивната конструкција треба да биде таква да може да ја издржи силата која дејствува врз нив при слетувањата на скоковите, а сепак да бидат доволно лесни како би биле доволно брзи и конкурентни. За почитување на правилата задолжени се официјалните лица кои вршат проверка на велосипедите дали тие се во согласност со правилата на интернационалната федерација. Исто така долж целата патека се поставени официјални судии кои ловат прекршоци од типот на намерно попречување на друг велосипедист, контакт со друг велосипедистили опструкција на тркачката линија на другите возачи на целната линија. Официјалните судии може да дадат предупредување на одреден возач, а веќе со две предупредувања следи дисквалификација.
Повеќе од доволно причини да се проследат машките и женските трки кои ќе се одржат од 8ми до 10 Август.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Велосипедизам - Cycling

Велосипдизмот на овие Олимписки игри ќе учествува „поделен“ на четири спортови: Велосипедизам на пат, во сала, планински велосипедизам и BMX.

Велосипедизам на пат/асфалт (Cycling Road)

Спорт застапен уште од основањето на модерните игри, во 1986 година каде што се возела патека долга 78км. Овој спорт го немало на следните три ОИ, но бил вратен на програмата во 1912 и тогаш постанува постојан олимписки спорт.

Во оваа категорија постојат четири дисциплини и се достапни исто толку златни медали. Дициплините се: Трка (мажи и жени) и Хронометар (мажи и жени).

Во трката сите натпреварувачи стартуваат одеднаш, и возат низ патека долга 250км за мажи и 140км за жени, а победник е оној што прв ќе ја помине целта. Кај хронометарот се вози на патеки од 44км за мажи и 28км за жени. Натпреварувачите стартуваат еден по друг во временски интервал од 90 секунди, и се мери времето на секој натпреварувач. Победник тука е оној со најдобро време.

Патеката/рутата за машката трка можете да ја видите тука
Велосипедизам во сала - Cycling Track

И оваа категорија, како и претходната е воведена уште на првата модерна Олимпијада, додека жените за првпат учествувале во овој спорт во 1988 година.

Тука натпреварувачите се тркаат во затворена сала (Велодром) во која има патека во јајцевидна форма долга 250м и која е закосена од надворешниот кон внатрешниот дел.

На овие игри, во оваа категорија ќе настапат вкупно 188 натпреварувачи (104 мажи и 84 жени).

Салата во која ќе се одржуваат натпреварите:



Планински велосипедизам - Mountain Bike

Планинскиот велосипедизам како олимписки спорт е воведен на игрите во Атланта 1996 година. Во оваа категорија натпреварувачите минуваат патега долга 4,7 километри, која е сочинета воглавно од кал, сува земја, трева и камења, на која има разни препреки. Велосипедите кои се користат за оваа категорија се доста поцрврсти од оние во претходните две.
На овие игри ќе се натпреваруваат 80 велосипедисти (50 мажи и 30 жени).



Патеката за BMX и Велодромот:



Видео во кое се опфатени сите четири категории:




.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Олимписки триатлон - Olympic Triathlon
Триатлонот е спорт кој со секоја измината година станува се популарен и зема се поголем замав помеѓу светската популација, како кај мажите, така и кај жените. Историјата на овој спорт не е добро позната, некои велат дека настанал во Франција помеѓу војните, други велат дека настанал во САД во `70тите години од изминатиот век. Сепак, едногласно сите се сложуваат дека ова е еден од најтешките спортови на денешницата.​
Триатлонот има 11 дисциплини составени од 3 спорта - пливање, велосипедизам и трчање, oд кои најтешката дисциплина е Iron Man, во која натпреварувачите треба да изминат 3.86км во пливање, 180км во велосипедизам и 42.2км во трчање. Но, олимписката дисциплина во која ќе се натпреваруваат триатлонците во Лондон е далеку полесна и ќе биде составена од:​
- 1,5км пливање;
- 40км велосипедизам;
- 10км трчање, рута за која на триатлонците би им биле потребни околу еден час и 50 минути за да биде комплетирана.​
Дозволени се максимум 6 натпреварувачи од секоја земја. Во Лондон ќе настапат 110 спортисти од кои 55 се мажи и 55 се жени.​
„Теренот“ каде што ќе се оддржува овој турнир ќе биде познатиот Хајд Парк во Лондон, каде што за велосипедизмот, триатлонците ќе вртат кругови околу паркот наместо да се движат по права патека.​
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.309
Пинг-понг - Table Tennis


Пинг - понг или уште познат како тенис на маса или тенис на табла на Олимписките игри се појави 1988 година .​
Овој спорт го актуелизирале високата класа во Англија, во 19 век, но подоцна азијците го превземаат приматот.​
Кина владее во овој спорт, од 24 можни златни медали на Олимписките игри, тие имаат освоено 20, единствено европско злато до сега на Олимписките игри го има освоено Јан - Ове Валднер на Олимписките игри во 1992 година во Барселона.​
На ОИ во Лондон ќе учествуваат вкупно 172 спортисти, поделени рамноправно на машка и женска конкуренција (86 мажи/ 86 жени), ќе се игра во четири дисциплини, мажи/жени сингл и мажи/жени тимско натпреварување.​
Се игра по нокаут систем, ако го добиеш мечот продолжуваш понатаму, секој пораз значи елиминација од турнирот.​
Секој меч се игра највеќе до седум сета, поточно кој играч ќе стигне до четири сета го добива мечот, еден сет се игра до 11 поени. При случај на реми (11-11) се игра на разлика, додека еден играч не води со 2 поени разлика.​
Tурнирот ќе се одигра во ExCel арената, наменета за овие ОИ, во неа ќе се организираат повеќе спортови, меѓу кои и пинг - понг .​
На игрите во Пекинг, погодувате која земја освои највеќе медали, домашната репрезентација имаше целосна доминација на тој турнир, слична слика ќе има и на овој, барем како што се прогнозите, кинезите атакуваат на сите четири златни медали. Единствено што можат да им се спротистават се германците, на чело со Тимо Бол, во позадина и Димитри Овчаров. Не треба да се заборават ниту јужни корејците, кои на игрите во Пекинг освоија бронза во тимското натпреварување.​
Во женска конкуренција речиси и да ја имаме истата слика како кај мажите, златото е резервирано однапред за Кина, во борба за финале ќе се Сингапур и Јужна Кореа.​
Во сингл и во двете конкуренции освен Кина, не знам која друга репрезентација може да дојде до некој медал...​
Први на програмата стартуваат сингл мечевите, тие ќе траат заклучно со финалните натпревари кои се закажани за 2 август, ден подоцна започнуваат тимските натпреварувања, тие ќе се на програмата се до 8 август.​
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Едрење - Sailing
Едрењето на Олимписките игри (до 1996) познато како yachting е дел од првите ЛОИ уште во Атина, во 1896. И покрај тоа што во тој ран период бил еден од првите олимписки спортови, неколку пати бил откажуван поради лоши временски услови. Освен во 1904, едрењето е присутно на сите останати ЛОИ.​
Низ времето неколку различни начини биле застапени. Најпрво во тони потоа во метри па на крајот во стапки мерење.​
Најуспешни нации во овој спорт се Англичаните и Американците со 24 односно 19 Олимписки злата или 49 односно 59 вкупно освоени. Потоа зад нив следат Норвешка со 17, Франција и Данска со по 12 златни медали.​
Дисциплина Laser во Пекинг 2008​
Дисциплина Tornado во Пекинг 2008​
На игрите во Лондон во периодот од 28 Јули до 11 Август ќе се одржат на две локации во Вејмонт и Портланд. Десет златни медали ќе бидат доделени на исто толку учесници од вкупно 280 атлети кои ќе партиципираат на настаните. 57 нации се квалификуваа за овие настани и дополнителни 6 места беа овозможени за оние нации кои не успејаа во квалификации за вкупно 63 држави. Инаку единствени држави кои успејаа преку квалификации за сите дисциплини се Франција, Нов Зеланд, САД и домаќинот Велика Британија.​
Вејмонт​
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom