Не е само ЕКТС системот, и во мое време мислам дека не можеше. Постоеа услови за запишување семестар: пример, во 6 семестар имаш, да речеме, испит Математика 3, а во седми имаш Математика 4. За да можеш да упишеш седми семестар, мора да ти биде пример, исчистен петти, и плус положено Математика 3 од шести. Скоро на секој факултет имаше такви или слични услови.
На мојот факултет немаше услови со испитите, зашто освен 1-2, немаше други испити со исто име кои се надоврзуваа еден на друг, ама услов за запишување академска година беше минимум: вкупен број на испити минус 2 положени од претходна академска година, од задолжителните.
Се извинувам за офтопик, знам дека дечкото или девојката го интересира за сега дали може нешто такво, ама јас искрено не верувам, зашто мислам дека никогаш не ни можело.