Заостанати плати!!!

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Zaptija Stojkov, 14 февруари 2019.

  1. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    993
    Дали има основа да тужам фирма којашто кон мене има долг од 4 заостанати плати ОД 2011 ГОДИНА ??/

    Е сега што е проблемот ! - Фирмата пред 2 години има ново име и нова жиро сметка.

    Најчесто фирмите којшто не даваат плати и придонеси на вработените го менуваат името на фирмата.

    На голем број на фирми во РМ од 1991 година па до ден денес со неисплатени плати и придонеси, често се менуваат сопствениците и се регистрира фирма со ново име, со што се избегнува намирувањето на обврските кон вработените.

    Во некои фирми името се менува и по 2 пати годишно, па така работниците никаде не постојат за да можат да си ги бараат правата преку институциите. На тој начин функционира договорот меѓу првиот сопственик и останатите со цел да се затаат заостанатите плати и придонеси. (Пример таткото ја префрлува фирмата на синот, па после неколку месеци синот ја префрлува фирмата на мајката и така сето тоа се врти во круг)...

    Одиш на суд ја тужиш фирмата којашто ти има кон тебе заостанати плати и судот дава констатација. - „Абе таа фирма не постојт кај да ти ја најме“!!!.

    Е сега дали има варијанта да не ја тужам фирмата туку да го тужам само газдата на фирмата - ПРИВАТНО???
     
    На Vori му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vori

    Vori СИСЬКИ ДВИГАТЕЛЬ ( ͡° ͜ʖ ͡°)

    Член од:
    23 март 2009
    Мислења:
    5.940
    Допаѓања:
    4.131
    Друже,според закон за работен однос,ти можеш и на протести да одиш,САМО И ВИКАМ САМО,ти дужат ТРИ ПЛАТИ ..... Фирмата ако не ти плаќа над три месеца,имаш основ за тужба .... Одма удирај тужба со адвокат,не ќути ....твои пари се ....
     
    На stratUs, NekojBatka и Zaptija Stojkov им се допаѓа ова.
  3. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    993
    Друга работа според двојните стандарди во нашата земја имаш 4-5 заостанати сметки вкупно 7.000 денари кон МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ОД 2001-2002 ГОДИНА. и ГОДИНАВА 2019 ти иде за плаќање сосе камата и судски трошоци 30.000 денари.

    Е ај сега некој нека ми објасни на која основа некој го тужат кога МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ 3 пати го смена името и жиро сметките исто така 3 пати. Прво беше МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ потоа МАТАВ, потоа ТЕЛЕКОМ и на крај T-Home.

    Некој исто така од пред 15-20 години има заостанат долг кон ЕВН. И на која основа го тужат. Кога пак 2-3 пати се смена името. Прво беше Електро дистрибуција, после ЕСМ (Електро стопанство на Македонија), а сега е ЕВН...

    Кај пишит во законите во РМ дека ако некој сменил име на фирма не можеле ништо да сторат???

    Значи ако земиме кредит од банка едно 100.000 евра и потоа го смениме името и презимето со сите процедури треба ли да бидеме ослободени од плаќањето на кредитот а???
     
    На Јаневски, Vori и Morgan Freeman им се допаѓа ова.
  4. Bafra

    Bafra Гостин

    За платите немаш основа, зашто е застарено.

    А врска евн, телеком, водовод итн итн, ако не сте прочитале пред некоја година, јавна тајна е дека тие фирми си имале ПЕЧАТ ОД СУД, значи со знаење и амин од власта, си ставале печати, мењале датуми во смисла дека тужеле одма. Не дека народ не заслужил да му земат парите, сепак не плаќал сметки, ама ниту известување, ниту можеш да докажеш дал си платил или не.
     
    На Beric Dondarrion му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    993
    Kaко е застарено нешто што е од 2011 година. ?- Ако обичниот граѓанин има за земање пари од роботодавец секој суд таква констатација ќе даде.Абе Застарено дело е то и готово случајот заворен!!!

    Но ако обичен граѓанин должи кон ЕВН, Водовод, ЈП Комуналец, па макар и од 1990 година ќе ти рече судот „Абе шо имат врска тоа од која година е долгот. Сепак Долг си е долг“...

    Еве Кај нас Грчката Алфа Банка пред 2 години името го смена во SILKROAD BANK!!! И зошто на сите лица којшто имаат земено кредити не им го простат долгот на основа „ТАА АЛФА БАНКА НЕ ПОСТОИ ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА НАЈДЕТЕ“!!!???

    Или пак да речиме познатата продавница за бела техника СЕТЕК го преименува името во СЕТЕК ШОП(со нова жиро сметка). А доста луѓе имаат земено роба со задршка на плата на 6, 9, 12, 18, месеци... Дали после сето тоа долгот на сите граѓани ќе им биде опростен а???

    Сваќате ли што сакам да кажам???
     
    На Vori му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bafra

    Bafra Гостин

    Јас ти објаснив, ако не ми веруваш, отвори си закон. За плати мислам дека беше 5 години. Што си чекал до сега .... Прашај си адвокат ако ти каже да тужиш, пиши тука, ќе го најдам законот и ќе го прашаш после врз основа на што.

    За другиот дел, се гледа дека тешко сфаќаш како функционира државна мафија, односно на тоа се мисли изразот организиран криминал :D

    Ако ти е за кукање тука, слободно плачи, испразни се, бар психолошки ќе ти олесни. (y)
     
    На Waoo и SK-92 им се допаѓа ова.
  7. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    993
    Знам доста луѓе што тужеле за заостанати плати и тоа после 2-3 месеци и пак никому ништо...Еве и да не е сменето името на фирмата ќе даде констатација судот ам фирмата работела со загуба (нема пари)...Важно дупките во законот важат за газдите но не и за обичните луѓе...
     
  8. Bafra

    Bafra Гостин

    Значи праша дали имаш основа, ти кажав НЕМАШ и зашто. Има адвокати на форумов ќе ти потврдат.

    Сега ми пишуваш за после 2-3 месеци, тоа веќе си е друг муабет и ете, ем во право, ем ништо не добиле.
    За во иднина во МКД води се по поговоркава: Подобро мршав споразум, него мрсна парница ;)

    Со плачење и цмиздрење не се решава состојбава ама бар психолошки ќе се олесниш. :D
     
    На Waoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gjoksi

    Gjoksi

    Член од:
    24 февруари 2013
    Мислења:
    407
    Допаѓања:
    218
    Член 115 од Законот за работните односи:
    „Паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската.“
    Заостанатите плати се од 2011 год., плус рокот од 3 години, значи си можел да ги бараш од фирмата/газдата најкасно до 2014 год. Не кажа точно за кои месеци од 2011 год. се работи. Побитно е тоа што сега сме 2019 год., што значи се застарени. Одамна си ги испуштил роковите за тужба до Суд, требало да ги бараш пред 5 години.
     
    На Bafra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.483
    Допаѓања:
    5.349
    Дали фирмата некогаш исплатила плата за тие месеци ??

    Кај нас во оваа банана држава, газдата на фирма правно формално НЕМА врска со фирма... еве јас имам ситни побарување кон една фирма преку извршител, НЕ го менува името, ама блокирана е 9-10 години и мува не ги лазе, сега новата власт има даде уште време... добро што се ситни побарувања, ама ист е принципот за сите ... Теоретски може доверителот да побара стечај и заплена, ама заплена ако има хипотека на должникот, па да се продаде и намират неговите долгови кон сите доверители што поднеле ...
     

Сподели преку: