Занает или факултет - дилема на модерниот млад маж

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.462
Оваа тема се однесува на замолчаното мнозинство. Мнозинството матуранти и полуматуранти кои вагаат опции (се надевам тргајќи од проста статистика и сопствени желби а не само слепо прифаќајќи притисоци од фамилија, комшии и роднини).Доколку мислите дека ќе ве биде за инжињер или медицинско лице ваква дилема нема- но вие сте веднаш во некои 10% од популацијата, што значи малцинство. Подолу напишаново, според тоа, важи за мнозинството.
Занает:
-физичка работа уште како дете, чести повреди на работно место, честа изложеност на временски непогоди, формално школување за занаети е реткост, потценувачки однос од околината, врсниците во школо а посебно врсничките,
- ама затоа работно место обезбедено, како што идат времиња платени солидно, нема додатни четири години на факултет пред да почнеш да си ѕидаш пари, имун на родова и национална дискриминација, поголемо искуство и квалитет на работа веднаш се претвораат во повеќе пари. Знаењето и стручноста се ценат и на меѓународно ниво па да дојде ред да се бара работа во странство, за квалитетен и стручен занаетчија работа се наоѓа без тешкотии.

Факултет:
-непрестајно дружење со книгата од најрана возраст, секогаш заштитен од временски непогоди, ценет во околината, реткост е повреда при работа (барем физичка). Подготвување извештаи, прегледи, потврди, уверенија, студии, преписи, дописи, биланси- сето тоа навидум лесно зашто од бирото не станувате по цел ден за разлика од занаетчијата кој се кичми цел ден на работа (или барем е таков јавниот имиџ).
- ама затоа конкуренцијата е сериозна, често нефер, а нефер конкуренцијата е дури и поттикната законски. Најновиот напад е преку законот за родова еднаквост каде на жените и транџите ќе им се дава до максимум преференцијален третман во ваквите занимања каде мора да се има факултетска диплома а нема физичка работа, без оглед дали штикливе ги бива или не. Веќе солидно етаблирана е дискриминацијата по национален клуч за работни места до кои се доаѓа преку диплома од факултет.
Не дај Боже да ви дојде ред да заминете од земјата надвор а да очекувате од дипломата тоа да ви го овозможи. Како прво, нострификацијата отсекогаш била проблематична. А во земјите чести цели на емигрирање веќе има доволно високостручни кадри да задоволат некој сегмент од пазарот на труд во кој вие гледате да се вклопите.
 
Член од
5 март 2023
Мислења
431
Поени од реакции
1.745
Не мора факултет, барем сега е лесно, можеш на Udemy, Coursera, FreeCodeCamp, па дури и преку нашиве Семос, Сивус да си станеш програмер и да си работиш како фриленсер, можеш да работиш како графички дизајнер, видео едитор, можеш да инвестираш на берза па да ти доаѓа passive income во форма на дивиденда......... опциите се безброј. Државна работа и регуларна плата ти овозможуваат да едвај преживееш од месец за месец а не да живееш а камоли да купиш некоја кола или стан. Што би рекол Ендрју Тејт university is a waste of time and waste of money.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.712
Поени од реакции
5.670

Од лично искуство... не би ги споредувал курсевите кои се овде наведени со универзитетско предавање. Кој сака озбилно да се занимава со ИТ дејност, нема далеку да стигне со тие курсеви, кои најчесто, се правени од индијски ИТ специјалисти кои како такви се одлични, ама говорот им е на лош англиски јазик. Не можат тие курсеви ни оддалеку да се споредат со 4 годишно училиште, насока ИТ.
Еве, само како пример ќе наведам, почетник си (табула раза), сакаш да научиш да програмираш...
Наброј курсеви кои би те научиле да испрограмираш една мала банка на податоци во С#, еве нека биде локална, не мора да биде професионално на "Azure".
И на крај, спореди го тоа новостекнато знаење на курсевите, со 3-4 години на училиште пренесено од професори и тестирано на тестови и крунисано со дипломска работа на таа тема.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.016
Поени од реакции
41.287
што се замарате, и онака Чат ГПТ сите ќе не замени :kafence: иначе факултет. Факултет што те учи ниеден курс нема. Факултетот те учи дека животот е тежок, дека нема испитите сами да се положат освен ако не работиш и немаш работни навики. Да не додавам и пријателствата кои се ствараат и траат со децении.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.932
Поени од реакции
18.644
Од лично искуство... не би ги споредувал курсевите кои се овде наведени со универзитетско предавање. Кој сака озбилно да се занимава со ИТ дејност, нема далеку да стигне со тие курсеви, кои најчесто, се правени од индијски ИТ специјалисти кои како такви се одлични, ама говорот им е на лош англиски јазик. Не можат тие курсеви ни оддалеку да се споредат со 4 годишно училиште, насока ИТ.
Еве, само како пример ќе наведам, почетник си (табула раза), сакаш да научиш да програмираш...
Наброј курсеви кои би те научиле да испрограмираш една мала банка на податоци во С#, еве нека биде локална, не мора да биде професионално на "Azure".
И на крај, спореди го тоа новостекнато знаење на курсевите, со 3-4 години на училиште пренесено од професори и тестирано на тестови и крунисано со дипломска работа на таа тема.
Шефе имаш онлајн предавања за голанг, во живо стрим од харвард, за све и свашта имаш стримови бесплатно од топ универзитети ко MIT, Harvard, Caltech итн Желба ти треба само. Да, некој на универзитет подобро ќе ти пренесе знаење за некоја рамка, од самиот автор на рамката кој има креирано screencasts и на тој начин си ја финансира својата работа. Смешки.

Па уште и кога професорот на универзитет има курс на udemy хахаха.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.712
Поени од реакции
5.670
Шефе имаш онлајн предавања за голанг, во живо стрим од харвард, за све и свашта имаш стримови бесплатно од топ универзитети ко MIT, Harvard, Caltech итн Желба ти треба само. Да, некој на универзитет подобро ќе ти пренесе знаење за некоја рамка, од самиот автор на рамката кој има креирано screencasts и на тој начин си ја финансира својата работа. Смешки.

Па уште и кога професорот на универзитет има курс на udemy хахаха.
Убаво е да се слушнат и поинакви мислења.
Мое мислење е дека не е само да се посетува онлајн курсот, треба да се седне и сам потоа да се програмира, па кога ќе се наиде на проблеми да има некој и да ти објасни. На крај треба и тоа стекнато знаење да го провери некој. На училиште има методика некоја, по која се предава. Паралелно се учи за банка на податоци, информациона технологија, хардверски основи и некој програмски јазик како на пример „С“, начин на функционирање на оперативни системи (МС Виндовс, Линукс), виши програмски јазици, на пример „С шарп“, и „Јава“... И сето тоа распоредено во, на пример 8 семестри.
Навистина ли мислиш дека со десетина курсеви од по 16 часа времетраење ќе успееш сето тоа знаење да го стекнеш, како на училиште???
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.023
Како шо стана се со врски и партии ,подобро е курс и да се уновчи ,односно да се заработува отколку да се трошат парите на родителите кај искомплексирани професори...
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.712
Поени од реакции
5.670
Како шо стана се со врски и партии ,подобро е курс и да се уновчи ,односно да се заработува отколку да се трошат парите на родителите кај искомплексирани професори...
Не ми е позната ситуацијата со македонските училишта и професори, пишував за други простори, можеби затоа и настана недоразбирање, па сега секој влече на своја страна.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.932
Поени од реакции
18.644
Убаво е да се слушнат и поинакви мислења.
Мое мислење е дека не е само да се посетува онлајн курсот, треба да се седне и сам потоа да се програмира, па кога ќе се наиде на проблеми да има некој и да ти објасни. На крај треба и тоа стекнато знаење да го провери некој. На училиште има методика некоја, по која се предава. Паралелно се учи за банка на податоци, информациона технологија, хардверски основи и некој програмски јазик како на пример „С“, начин на функционирање на оперативни системи (МС Виндовс, Линукс), виши програмски јазици, на пример „С шарп“, и „Јава“... И сето тоа распоредено во, на пример 8 семестри.
Навистина ли мислиш дека со десетина курсеви од по 16 часа времетраење ќе успееш сето тоа знаење да го стекнеш, како на училиште???
Убаво е некој да седне и објасни кога ќе заглавиш, ама верувај 10 пати повеќе ќе ти вреди да се измачиш и сам да го најдеш решението, дали гуглање, дали chatgpt, дали copilot, дали пробување самиот. Не знам како си го замислуваш ти гледањето на видео туторијали? Постојат секции за вежби, плус имаш курсеви каде се прави нешто from scratch и треба само да крадеш занает. Некој да ти го провери решението? :icon_lol: Или ќе работи или нема да работи, на крај краева се пишуваат и различни видови на тестови за кодот кој си го напишал, а можеш и test driven development да пробаш, прво ги пишуваш тестовите, па потоа кодот. Плус ако праиме муабет за алгоритми имаш платформи кои ти мерат time & space complexity, а во однос на тоа некој да ти провери, да ок е и тоа. Само нема потреба од тоа во процесот на самото учење. Тоа на самиот проект кога ќе работиш и некој ќе ти напише коментар додека ти прави code review на кодот што си го напишал. Постојат различни начини да се дојде до едно решение, тоа што професорот ќе ти посочи не значи дека ќе биде прифатливо на проектот на кој ќе работиш.
 
Очигледно не се разбираме...
Еве, немам поим од сето тоа. Сакам да научам да програмирам, во одреден програмски јазик. И, сакам на крај, кога ќе се навежбам, да направам еден програм за некој си модерен ресторан, кој има негова веб страна, и во таа страна да му се интегрира мојот програм кој ќе служи на потенцијалните гости да закажуваат термини и да резервираат маси, со сите додатоци. Газдата сака и да си води евиденција на гостите и да ги меморира во една мини банка на податоци. Сето тоа да биде достапно и преку мобилна апликација. Ете некој колега ќе направи „Black-Box“ тестови или ти самиот „White-Box“ тестови.
И да не одолговлечувам, само ќе сумирам што треба да учам, низ примери, не земај здраво за готово:
- Виши програмски јазик, почнувајќи од основитe, преку објект ориентирано програмирање, па се до „Design Pattern“
- Основи на банки на податоци, на пр. "pl-sql“, интегрирација во вишиот програмски јазик, како на пр. „LINQ to SQL “
- програмирање на андроид и ајфон, на пример со „Xamarin
... да не набројувам што уште не.
Прашањето ми беше, кои курсеви да ги пријавам???
Колку време ќе трае сета таа забава??
И дали ќе успеам?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.198
Поени од реакции
36.406
Да не додавам и пријателствата кои се ствараат и траат со децении.
Плус и пријателствата со професорите за да те поминат :D

Оваа тема се однесува на замолчаното мнозинство. Мнозинството матуранти и полуматуранти кои вагаат опции (се надевам тргајќи од проста статистика и сопствени желби а не само слепо прифаќајќи притисоци од фамилија, комшии и роднини).Доколку мислите дека ќе ве биде за инжињер или медицинско лице ваква дилема нема- но вие сте веднаш во некои 10% од популацијата, што значи малцинство. Подолу напишаново, според тоа, важи за мнозинството.
Занает:
-физичка работа уште како дете, чести повреди на работно место, честа изложеност на временски непогоди, формално школување за занаети е реткост, потценувачки однос од околината, врсниците во школо а посебно врсничките,
- ама затоа работно место обезбедено, како што идат времиња платени солидно, нема додатни четири години на факултет пред да почнеш да си ѕидаш пари, имун на родова и национална дискриминација, поголемо искуство и квалитет на работа веднаш се претвораат во повеќе пари. Знаењето и стручноста се ценат и на меѓународно ниво па да дојде ред да се бара работа во странство, за квалитетен и стручен занаетчија работа се наоѓа без тешкотии.

Факултет:
-непрестајно дружење со книгата од најрана возраст, секогаш заштитен од временски непогоди, ценет во околината, реткост е повреда при работа (барем физичка). Подготвување извештаи, прегледи, потврди, уверенија, студии, преписи, дописи, биланси- сето тоа навидум лесно зашто од бирото не станувате по цел ден за разлика од занаетчијата кој се кичми цел ден на работа (или барем е таков јавниот имиџ).
- ама затоа конкуренцијата е сериозна, често нефер, а нефер конкуренцијата е дури и поттикната законски. Најновиот напад е преку законот за родова еднаквост каде на жените и транџите ќе им се дава до максимум преференцијален третман во ваквите занимања каде мора да се има факултетска диплома а нема физичка работа, без оглед дали штикливе ги бива или не. Веќе солидно етаблирана е дискриминацијата по национален клуч за работни места до кои се доаѓа преку диплома од факултет.
Не дај Боже да ви дојде ред да заминете од земјата надвор а да очекувате од дипломата тоа да ви го овозможи. Како прво, нострификацијата отсекогаш била проблематична. А во земјите чести цели на емигрирање веќе има доволно високостручни кадри да задоволат некој сегмент од пазарот на труд во кој вие гледате да се вклопите.
На 0:55 во кратки црти ти е опишано се што ти треба во животот, добро е да се стави во вовед за да научат новите генерации :D

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.932
Поени од реакции
18.644
Очигледно не се разбираме...
Еве, немам поим од сето тоа. Сакам да научам да програмирам, во одреден програмски јазик. И, сакам на крај, кога ќе се навежбам, да направам еден програм за некој си модерен ресторан, кој има негова веб страна, и во таа страна да му се интегрира мојот програм кој ќе служи на потенцијалните гости да закажуваат термини и да резервираат маси, со сите додатоци. Газдата сака и да си води евиденција на гостите и да ги меморира во една мини банка на податоци. Сето тоа да биде достапно и преку мобилна апликација. Ете некој колега ќе направи „Black-Box“ тестови или ти самиот „White-Box“ тестови.
И да не одолговлечувам, само ќе сумирам што треба да учам, низ примери, не земај здраво за готово:
- Виши програмски јазик, почнувајќи од основитe, преку објект ориентирано програмирање, па се до „Design Pattern“
- Основи на банки на податоци, на пр. "pl-sql“, интегрирација во вишиот програмски јазик, како на пр. „LINQ to SQL “
- програмирање на андроид и ајфон, на пример со „Xamarin
... да не набројувам што уште не.
Прашањето ми беше, кои курсеви да ги пријавам???
Колку време ќе трае сета таа забава??
И дали ќе успеам?
На кратко за првото прашање. Ќе креираш пакет и ќе го публикуваш (каде? зависи од тоа со кој програмски јазик работиш) и ќе му кажеш на газдата да му каже на дечкото што му го одржава сајтот да го "симне" пакетот со пакет менаџерот/dependency manager от кој го користи твојот јазик. И после тоа ќе му кажеш да му каже да прочита документација на гитхаб, за да знае како да го користи во кодот на веб сајтот.

Well секој јазик си има екосфера, мојата главна технологија (PHP) си има доста вибрантна екосфера и доста контрибутори, која ќе те насочи што и како понатаму, да не ти ги набројувам курсевите, книгите, јутјуб каналите и која со која технологија најдобро иде. Ќе отидеш на Stack overflow или Reddit и доста љубезни членови ќе те упатат што и како, ако веќе и не е твоето прашање одговорено 20 пати до сега и така само ќе си ги најдеш одговорите што ги бараш.
 
Мислев дека ќе прочиташ меѓу редови, што сакав да кажам.
Сѐ едно, не се разбираме.
Јас дадов само пример и очекував одговор во стилот, дали за сето тоа е подобро да се посетува онлајн КУРСЕВИ или пак училиште.
Фино од твоја страна што се обиде да ми објасниш и упатиш. Но не се однесуваше лично за мене, туку општо за секој почетник кој би сакал да напредне во таа насока.
Не знам во која временска зона си, но јас имам само уште 4 часа до почеток на работа, така да...

smilie_schild_016.gif
 
Прегледај го приврзокот 375205
И ја исто, заглавив со работа што не можев да ја завршам у тек на работно време поради оправдани причини.

Нема врска, ти сакаш некој да ти се сложи со мислењето. Нема врска што е почетник, што порано се научи да мисли, а не некој да му џвака, толку подобро за него. На крај краева сите сме биле почетници, а не сите го имаме "вистинското" образование.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.263
Поени од реакции
21.198
Очигледно не се разбираме...
Еве, немам поим од сето тоа. Сакам да научам да програмирам, во одреден програмски јазик. И, сакам на крај, кога ќе се навежбам, да направам еден програм за некој си модерен ресторан, кој има негова веб страна, и во таа страна да му се интегрира мојот програм кој ќе служи на потенцијалните гости да закажуваат термини и да резервираат маси, со сите додатоци. Газдата сака и да си води евиденција на гостите и да ги меморира во една мини банка на податоци. Сето тоа да биде достапно и преку мобилна апликација. Ете некој колега ќе направи „Black-Box“ тестови или ти самиот „White-Box“ тестови.
И да не одолговлечувам, само ќе сумирам што треба да учам, низ примери, не земај здраво за готово:
- Виши програмски јазик, почнувајќи од основитe, преку објект ориентирано програмирање, па се до „Design Pattern“
- Основи на банки на податоци, на пр. "pl-sql“, интегрирација во вишиот програмски јазик, како на пр. „LINQ to SQL “
- програмирање на андроид и ајфон, на пример со „Xamarin
... да не набројувам што уште не.
Прашањето ми беше, кои курсеви да ги пријавам???
Колку време ќе трае сета таа забава??
И дали ќе успеам?
Некако многу чудни и банални прашања поставуваш и ѝ даваш чуден тек на дискусијава, непотребно. Некои работи едноставно се подразбираат.

Која ти е поентата? Дека ако тргнеш како почетник, за да направиш употреблива и целосно функционална апликација, ти е потребно познавање од повеќе области (нешто што е опфатено на факултет во текот на повеќе семестри и предмети)? Фала богу, се подразбира тоа. Никој не застанува на само еден курс конкретно само за синтаксата на јазикот. Со тек на време учи и додатни работи, потребни за да изработи целосно функционални апликации, дополнителни курсеви за цел екосистем на еден програмски јазик.

За почеток доволно е да почне со курс за full-stack дивелпмент, па понатака ќе си ги мастеризира секоја од областите посебно, со курсеви стрикно за конкретната област или технологија. Останатото е само пракса и искуство, кое се билда со изработување проекти кои самиот си ги задава.

И не е само програмирањето IT и IT занает, не знам зошто кога ќе се спомне IT и заработување, одма се мисли на програмирање, како само со програмирање да се заработува и тоа да е врвот во IT светот. Има многу други области со кои се прави еден куп пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom