Замрзнување на цените на основните производи

Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Мерката е невозможна и секој кој има контакт со приватниот сектор ќе ви го каже истото.
Државата може да интервенира на пазарот со некоја регулација на цените само и само ако има и пушти во оптек државни резерви. Не знам дали сега има и колкави количини има.
Пример, може да пушти преку некоја фабрика за масло да рафинира масло од државни резерви и да се продава по цени одредени од државата. Или да ги снабдува со суровина сите фабрики со масло, жито и други продукти па да ги регулира цените. Може сега се чуваат готови производи наместо суровини како порано, па да има дистрибуција на такви.
Државните резерви се единствен начин на кој државата може и смее да интервенира на пазарот. Се друго е популизам и може да има обратен ефект.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.790

... куј знае од кога се резервите, па треба обнова! :cool:
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Колку доцна за оваа мерка замрзнати цена на маслото 95 денари, лебот 30 денари, млекото 45 денари? Додека они беа во лудило немало ценовен шок околни држави одамна преземаа мерки па во Германија маслото е 1 евро ало...
 
Македонија секогаш ќе биде поскапа од било која друга држава затоа што не произведува суровина за храна за ништо освен раноградинарство и ориз. Немаме друго ништо, ептен сме увозно зависни и затоа секогаш ќе страдаме први. Затоа оризот е најевтин кај нас.
Споредба со соседството, од Србија се увезува жито, брашно, масло како суровина и готов производ, масло суровина од бугарија, хрватска произведува вишок шеќер од репа и не го увезуваме пошто е скапо за наш стандард, увезуваме шеќер од бразил, полска, грав од молдавија, казахстан, египет итн. Кај нас Шеќерана Битола одамна ја уништија, а со тоа секна и производството на шеќерна репа во пелагонија.
Ние сме у основа една голема нула како производители и секоја берзанска активност одма се рефлектира, за разлика од другите земји кои имаат свое производство и залихи на суровини и може да амортизираат долго време вакви нагли осцилации на берза.
 
Да страдаме од тоа што имаме политичари кои мислат за џебот а не за народот кој молчи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Рекордно ниски приноси/жетви насекаде поради сушната 2021 година
Цената на гасот качена кој има главен удел во производството на вештачки ѓубрива кои се преку 100% отидени
Струјата исто така качена преку 100% пример кај нас на малите бизниси

И викаш само поради шпекулации се напумпани цените ?
Тоа е поради ниски и длабоко негативни реални каматни стапки. Само тоа 99% фактор Централниот банки се "криви".
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
Задоцнета мерка, и уште еден приказ за 100% погрешното менаџирање (т.е пљачкање) од страна на апашите во последни 30 години.

Еееј, под 2 милиони народ, рамно на еден кварт во големите градови, со една од поубавите клими на планетата (никакви временски непогоди (торнада, земјотреси, вулкани, цунамиња)), квалитетна почва, и ние немаме ниту храна, ниту електрична енергија.

Деца да ја водеа државава ќе направеа подобри планови од нашиве тиквари.

Цените требаше да се замрзнат пред неколку месеци, во моментов се е отидено за минимум 10%, некои продукти се отидени и повеќе.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.334
Поени од реакции
3.276
Nema potreba od zamrznuvanje na ceni. Namesto toa neka ja pokacat minimalnata plata i neka olabavat so danoci i davachki.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Nema potreba od zamrznuvanje na ceni. Namesto toa neka ja pokacat minimalnata plata i neka olabavat so danoci i davachki.
Да можеше со одлука на влада да се зголеми животниот стандард ќе донесеа сите влади таква ама неможе. Вистинските одлуки кои може да го зголемат не ги носат зошто народот не ги сака. Првин треба да плати цена за на долгрок да добие но електоратот е нетрпелив и неразбран и не ги сака тие одлуки и нема никогаш да се донесат. Така да немам надеж во политичарите не дека се тие толку лоши туку лош е начинот на размислување на гласачите. Најмногу поради пропаганда која се шири. Во основа им е испран мозокот со економски лаги. Немам ни малку илузии дека тоа ќе се смени дури и во далечна иднина. Затоа не дискутирам многу политика и животен стандард. Ќе има многу негативни реакции и изгубено време и енергија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
Да можеше со одлука на влада да се зголеми животниот стандард ќе донесеа сите влади таква ама неможе. Вистинските одлуки кои може да го зголемат не ги носат зошто народот не ги сака. Првин треба да плати цена за на долгрок да добие но електоратот е нетрпелив и неразбран и не ги сака тие одлуки и нема никогаш да се донесат. Така да немам надеж во политичарите не дека се тие толку лоши туку лош е начинот на размислување на гласачите. Најмногу поради пропаганда која се шири. Во основа им е испран мозокот со економски лаги. Немам ни малку илузии дека тоа ќе се смени дури и во далечна иднина. Затоа не дискутирам многу политика и животен стандард. Ќе има многу негативни реакции и изгубено време и енергија.
Мал дел од народот не ги сака, а тоа се тие со апла високи лични интереси за вработување од страна на партиите, и нашите мили сограѓани кои се најголемиот карцином на нашето општество.

Тука се е сведено на популизам, и затоа не функционира, потребен ни е еден страшен рестарт (интервенција од надвор, или внатрешен што не верувам дека некогаш ќе се случи).

Реалноста е дека треба да се изгради стратегија за општото добро, и таа да биде приоритет без разлика која партија е на власт, без разлика на типот на општествено уредување, тоа е возможно и во апсолутен капитализам.

Дел од основите на таа ти се: енергетска независност и долгорочни инвестиции во енергетика (јавно и приватно партнерство), независност во поглед на храна, задолжување само за капитални проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и бизнис климата, максимална бројка на вработени над која не смеат да одат државните институции/јавните претпријатија и строги критериуми за прием, дигитализација и автоматизација на се што е возможно, давање поволности на бизниси кои внесуваат странски капитал.

Е овие работи не се возможни ако на чело на таквите институции имаш неписмена багра од типот на: Самка, Љубе Бошковски, министри кои лобираат за интересите на друга држава (читај Груби, Османи и компанија) и тн.
Втора работа во такво општество нема простор на раководна позиција на ниеден Учкар, или партиски поттрчко, туку на луѓе кои се способни да го работат тоа без разлика на нивната етничка припадност.

Проблемот со храната се решава во рок од 2-3 години, има еден куп државно земјиште каде ти гарантирам дека ќе има инвеститори доколку државата реши да го менаџира пласманот. Исто и фабрики за преработка на истото и со тек на време извоз(погледни ја Полска, со тек на време гарантирам дека ќе ја стават под контрола и нивната емиграција).
Наместо да извезуваме вино во цистерни и други земји да го препакуваат и продаваат 6 пати поскапо, треба некој да најде пласман и да го продаде во наша амбалажа, истото важи за сите продукти кои не се менаџираат добро, но за таква работа треба да се гледаат интересите на мнозинството и 80% од тие што сега ги водат институциите да си одат дома.
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
потребен ни е еден страшен рестарт (интервенција од надвор,
Фиромската потреба за камшикар е како пиреј. Му интервенираш, го газиш, го претвораш во протекторат, ама тој сакал odnadfor nekoi dane srede nie.nesme narot.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Фиромската потреба за камшикар е како пиреј. Му интервенираш, го газиш, го претвораш во протекторат, ама тој сакал odnadfor nekoi dane srede nie.nesme narot.
Какви ли не муабети ставови сум слушнал дури и тие што се на власт не се така лоши.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Еве убаво објаснување, за тие што не веруваат во дедо Мраз:
Секако дека шефовски непромислено и наметнатото замрзнувањето на цените скоро на сите основни намирници ќе има импликации врз економијата и следствено на берзата. Значи за последна цена на пример на зејтинот се зема онаа од 1 декември и се де факто замрзнува. Без разлика шо сончогледот шо се користи како суровина дупло поскапел на светски пазари и без разлика шо увозната цена (мислам и дека веќе немаме сопствена продукција) може да биде 50% повисока од продажната. Истото се однесува и за лебот, млекото, многу битно месото и тн. Ова е погубна мерка за трговијата и бизнисот и несомнено ќе продуцира со огромен дисбаланс во огомната побарувачка и дефицит во понудата на овие елементарни производи кои се нужно потребни и ќе отвори пат кон илегален увоз, намалување на квалитетот на производите и сива економија. Значи коа ќе одите на пат до брокерите ќе гледате редици изнемоштени луѓе чекаат ред да влезат во маркети да купат хранаа а незнаат дека внатре ги чекаат празни полици како во војна состојба.
Остана ли здрава пора во нашава економија шо може да издржи вакви екперименти во време на пролонгирана здравствена и економска криза. :(
На политичари да им дадеш Сахара да ја водат, песок ќе им снема. Сите проблеми се последица од мерките на политичари и факултетски теоретичари, кои кибрит немаат продадено. Откако ќе се појават проблемите, истите тие поради кои дошло до проблемот, предлагаат нови мерки, кои само се причина за уште поголеми проблеми итн итн. Ова е плански за потребите на глобалниот рестарт, кој самите го најавија, ама нели се тоа се глупости.
Прво воведуваат карантини, блокади, не пуштаат народ без вакцини или пРц да работат, граници и пристаништа затворени, нормално ќе се наруши целокупниот процес на производство и логистика. Природно е цените да пораснат, бидејќи сите влезни трошоци се пораснати. Откако тоа го постигнаа, сега ќе замрзнувале цени, демек се секираат, ама никако да ги намалат нивните трошења :pos: . Да сум производител, ако влезните трошоци ми се поголеми од продажната цена или многу потешко се набавуваат, ќе стопирам производство, вработените ќе ги отпуштам, па членов подоле, кој сам има кажано дека е слеп послушник, нека иде државата да го снадби со се што и да му треба.
Поскапувањето на производите е само изговор за подебел ќеш лапање од народот.

За тие што веруваат во дедо Мраз:
1638716753455.png
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.637
Поени од реакции
38.819

Kajgana Shop

На врв Bottom