Замонашување

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
А да и дадевте некој одговор на жената... Мислам си пиша што ја интересира, зошто треба да има потреба од секакви сеирџиски коментари?
Што сака нека прави со нејзиниот живот, ако сака да оди во манастир нека оди... се додека не му прави зло на некому, тогаш нека го живее нејзиниот живот како сака.
Slobodata na ziveenje e pravo na sekoja edinka. Ubavo pisha ali sakam da ti kazham deka osven seirdzii, manipulatori i ismejuvaci ima i lugje sto ke pisat dobronameren sovet. Malku naprsti se brojat takvite ali takov e vekot. :)
 
Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Ме интересира како би можела да се замонашам односно кај треба да се обратам? И дали доколку еднаш се замонашиш не можеш да се откажеш од тоа? Се надевам не е така чим не е ни неопходен услов невиноста,затоа што некои си имаат деца како сите останати луѓе.
Кај твојот духовник треба да се обратиш,ако веке си толку религиозна и упатена во црковниот живот.А одма да станеш монахиња нема да може најпрво ке бидеш на искушение-дали година или десет тоа зависи од тебе.Можеби нема да го поминеш ни искушеничкиот период,А ако го поминеш и се замонашиш, голем грев е да ја соблечеш мантијата.И јас порано имав предрасуди кон монаштвото ама шетајки по разни манастири низ земјава и надвор ,и комуницирајки со верници и машки и женски калуѓери дознав многу за овој начин на живот и денес позитивно гледам на нив. Настрана некои скандали во одредени цркви , ама постојат и навистина посветени монаси кои се молат по 18 саати .Образовани се и следат трендови, во секое време секој може да им се јави за совет и било каква помош.Знма закоравени зависници, и луѓе со тешки болести на коишто монасите им го имаат спасено животот-особено зависници од хероин. Така да има предрасуди доста, особено во Македонија на монашењето се гледа како на кукавички чин ,бегство од реалноста и проблемите.Не велам дека не пошле во манастир и луѓе заради ова, но сепак повекето монаси и монахињи што сум ги запознала на овој подвиг се решиле поради љубовта кон Бога.Јас мислам дека тоа треба да е основната и најбитната причина за монашење.Услов не е невиноста, нашите проблеми,образование или стравови,туку љубовта кон севишниот.Ти најдобро поразговарај си со некој поупатен верник или духовник доколку имаш.Вака на форум сешто може да прочиташ.Со среќа што и да одлучиш.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ме интересира како би можела да се замонашам односно кај треба да се обратам? И дали доколку еднаш се замонашиш не можеш да се откажеш од тоа? Се надевам не е така чим не е ни неопходен услов невиноста,затоа што некои си имаат деца како сите останати луѓе.
Информирај се во твојата локална црква таму најубаво ќе ти посочат и објаснат прво дали си за замонашување и како иде целиот тој процес. Ако нема црква во твоја близина, оди во централната црква во твојот град (ако си од СК оди во Соборна) и разговарај со тамошните свештеници и прашај ги се што те интересира. Тука од душебрижници и лицемери кои проповедаат live and let live, а хејтаат и исмејуваат туѓ избор што нив лично не им е по кејф совет нема да добиеш. Ми се повраќа ...

BTW се разбира дека може да се откажеш доколку еднаш се замонашиш, најсвеж пример за калуѓерка што ја соблече мантијата е сестра Макрина
Повлекувањето на сестра Макрина ја замолчи МПЦ
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Ме интересира како би можела да се замонашам односно кај треба да се обратам? И дали доколку еднаш се замонашиш не можеш да се откажеш од тоа? Се надевам не е така чим не е ни неопходен услов невиноста,затоа што некои си имаат деца како сите останати луѓе.
Првиот чекор е или да се обратиш до твојот духовен отец, или директно да отидеш во манастирот каде што сакаш да се замонашиш. Има неколку активни женски манастири во Македонија- РАЈчица, Вељуса..
Услов единствен е љубов кон Бога.Пред да се замонашиш има период во кој што треба да престојуваш во манастирот- искушение, се нарекува. Се исполнуваат разни задачи тогаш-послушание.Ако се замонашуваш за подоцна да се откажеш постои голема веројатност тоа да биде распознато во тој период на искушение и искушението да продолжи долго и да се откажеш пред да се замонашиш или таа желба за подоцнежно откажување да исчезне.Резултатите од монаштвото се спасение и висока духовна изграденост(смирение, љубов, мудрост)
Успех, и ако решиш да го преземеш тој чекор преземи го во името на Бог.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=manastir&name=monashko_sekojdnevie
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_name=sveti_georgij_pobedonosec
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Баш ме интересира шо ќе ти напраат ако ете без нивна дозвола решиш и ја соблечеш ебаната мантија.
Шо, као црквата има хитмени и ќе те убијат до пладне? Или ќе ти фрлат црна магија? Oh wait ...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нели даваа сега скоро на вести дека чекаат околу 50 луѓе за замонашување?
 
D

Daedalus

Гостин
Баш ме интересира шо ќе ти напраат ако ете без нивна дозвола решиш и ја соблечеш ебаната мантија.
Шо, као црквата има хитмени и ќе те убијат до пладне? Или ќе ти фрлат црна магија? Oh wait ...
Не, али непочит е. Ти можеш на свечена вечера во некој ресторан да станеш, да се испрдиш гласно, а потоа да ја пееш „Какаљин“ лижејќи си ја градата, хитмени нема да те убијат.
Али ќе испаднеш душбек. :X3:
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Не, али непочит е. Ти можеш на свечена вечера во некој ресторан да станеш, да се испрдиш гласно, а потоа да ја пееш „Какаљин“ лижејќи си ја градата, хитмени нема да те убијат.
Али ќе испаднеш душбек. :X3:
Па ако не ти е гајле дали припаѓаш у таа елита на тој елитен ресторан, нема да ти смени нешто нивното мислење. Така да испаѓаш душбек пред фаци шо не ти се релевантни. Као Кили шо ако пола Македонија го смета за шупак, кога него кур го боли за нив.
А да, од ресторанот ваљда ќе те исфрлат ко куче некои други дибеци ака обезбедувањето.
 
D

Daedalus

Гостин
Баш ме интересира шо ќе ти напраат ако ете без нивна дозвола решиш и ја соблечеш ебаната мантија.
Шо, као црквата има хитмени и ќе те убијат до пладне? Или ќе ти фрлат црна магија? Oh wait ...
За ресторанот и на мене ми текна тој муабет за обезбедувањето, али у мојата машта, тоа беше приватен ресторан и Какаљин ја пееше доволно тивко за да не те избркаат. :X3:
Али ми ја сфаќаш поентата. Можеш да правиш работи кои се непочит, а да не се противзаконски. Можда од друга страна постои нешто како дрес код и не смееш да бидеш официјално лице кое е „вработено“ таму ако не го носиш тој дрес код и ондак од правна перспектива, можат да те избркаат исто како што продавачка у супермаркет да е облечена ко куртизана од 15 век, а во супермаркетот има код на облекување и газдата може да ја избрка ако не го почитува тоа. Не знам како иде, можда нема врска, али ако е така, ондак имаат право да те избркаат од таму.

Али еве и да не е така и да нема таков закон...

На крај краева тоа е прашањето, ако не ти значи мислењето на тие таму у таа култура, чуму би била калуѓерка и би се замонашила?
Со тоа што идеш таму значи дека ја прифаќаш таа култура, тој обичај и све у комплет.
Ако не поштуеш, не идеш у манастир да се покалуѓериш.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Али еве и да не е така и да нема таков закон...

На крај краева тоа е прашањето, ако не ти значи мислењето на тие таму у таа култура, чуму би била калуѓерка и би се замонашила?
Со тоа што идеш таму значи дека ја прифаќаш таа култура, тој обичај и све у комплет.
Ако не поштуеш, не идеш у манастир да се покалуѓериш.
Нормално.
Ако не сакаш да идеш у ресторан кај шо дрес кодот налага да носиш туксудо, нема да идеш. А да идеш таму, и да се правиш џек е ствар на непочит. Се слагам.

Само шо девојката шо сака да се закалуѓери, па да се откаже, е џекот од приказната, оној шо сака по трењерки да иде у ресторан кај шо се носат само туксида. Пошто неа намерата не и е да стане калуѓерка, туку ко шо вика она „да се наполнам позитивна енергија“.
Јас повеќе би рекол: а да пробаш со SSRI? Далеку повеќе би и помогнале.

Мање битно. Поентата ми беше дека она со тоа шо планира да се откаже искажува непочит, па нејзе лично не би и било проблем да се откаже туку-така без да нели црквата и даде дозвола да ја соблече мантијата.
 
Не знам, можда постои варијанта да иде во манастир, да престојува и да се смири, без да стане калуѓерка, на година, две. Тоа би била подобрата варијанта ко наркоманите што прават. Па ако и' се допадне да си остане, ако не, да им каже „фала многу, со среќа, аирлија нека е, сполај ти“ и секој по свој пут.
 
D

Drima94

Гостин
Информирај се во твојата локална црква таму најубаво ќе ти посочат и објаснат прво дали си за замонашување и како иде целиот тој процес. Ако нема црква во твоја близина, оди во централната црква во твојот град (ако си од СК оди во Соборна) и разговарај со тамошните свештеници и прашај ги се што те интересира. Тука од душебрижници и лицемери кои проповедаат live and let live, а хејтаат и исмејуваат туѓ избор што нив лично не им е по кејф совет нема да добиеш. Ми се повраќа ...

BTW се разбира дека може да се откажеш доколку еднаш се замонашиш, најсвеж пример за калуѓерка што ја соблече мантијата е сестра Макрина
Повлекувањето на сестра Макрина ја замолчи МПЦ
Па и е за исмејување....поглупа идеја незнам дали можи да му дојди на некого ...а и да се верува на сите овие глупости сигурно треба да си многу бистар(читај паметен) ....на типката и се случиле две лоши работи во животот и прва идеја и е одма да избега од реалноста, :tapp: дај ве молам исфрлете ги тие застарени размислувања.. 21 век сме ... науката ви нуди многу подобро објаснување за се околу нас ...
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Не знам, можда постои варијанта да иде во манастир, да престојува и да се смири, без да стане калуѓерка, на година, две. Тоа би била подобрата варијанта ко наркоманите што прават. Па ако и' се допадне да си остане, ако не, да им каже „фала многу, со среќа, аирлија нека е, сполај ти“ и секој по свој пут.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Па и е за исмејување....поглупа идеја незнам дали можи да му дојди на некого ...а и да се верува на сите овие глупости сигурно треба да си многу бистар(читај паметен) ....на типката и се случиле две лоши работи во животот и прва идеја и е одма да избега од реалноста, :tapp: дај ве молам исфрлете ги тие застарени размислувања.. 21 век сме ... науката ви нуди многу подобро објаснување за се околу нас ...
(Променето од модератор)Не знам од каде правото некого да осудуваш или исмејуваш што не прави штета на никого и на никој начин не те тангира тебе или било кој во опшеството. Секој има слобода да избере како ќе живее, дали ќе оди во манастир или ќе истражува за нуклеарната физика. Имаш премногу стереотипи и предрасуди. Ако некој сака да живее застарено и старомодно негово право, негов избор, не може ништо да направиш во врска со тоа.Немаш право да му се мешаш и солиш памет. Живеј си ти како сакаш и остај ги другите да живеат како сакаат. ;) Се додека е законски, доброволно и не наштетува никому има право на такви размислувања и постапки. Ако ти е глупа темата и не те интересира не ја читај, имаш можност со еден клик да ја смениш .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom