Замена за протеинските шејкови?

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Да точно во храната се наоѓаат аминокиселини и BCAA само што разликата е во тоа што во една доза протеински прашок има околу 17g различни врсти на протеини. Така да ако во денот пиеш по две или три дози испаѓа дека внесуваш повеќе од половина од потребните протеини само со шејкот, другото нормално со храна(затоа и не треба да биде замена за оброк). Нормално дека можеш таа количина на протеини да ја внесеш и само со храна, но храната еве месото на пример покрај протеини содржи и масти а мастите ја успоруваат апсорпцијата на протеините.
И мислиш дела ќе направи разлика во крајната композиција на телото ако е успорена апсорбцијата. На крајот од денот сите протеини пак ќе бидат апсорбирани.
Единствена предност на шејковите е еднсотавноста во нивното користење, место да губам 15 минути да спремам оброк за 1 минут правам шејк и евентуално веднаш по тренинг за што побрзо да се спречи катаболизмот.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Абе каква замена за протеински шејк, НЕ ПОСТОИ!
Исто како да барате замена за фудбалски копачки
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 15:34 ---
На крајот од денот сите протеини пак ќе бидат апсорбирани.
Епа со вакво размислување на грешка тема си бато, во бодибилдингот НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ веќе е предоцна. И немој да ги лажеш луѓето што читаат дека единствената предност на шејковите е нивната едноставна употреба... Ма немој молим те???
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Епа со вакво размислување на грешка тема си бато, во бодибилдингот НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ веќе е предоцна. И немој да ги лажеш луѓето што читаат дека единствената предност на шејковите е нивната едноставна употреба... Ма немој молим те???
Ајде просветли ме и кажи ми зошто не сум во право. Износот на калории и односот на макронутритиенти се доминантно битни за составот на телото. Патеките за транскрипција се активирани 36часа по тренинг сесија а не само по тренинг . Престани да гледаш реклами на Хербалајф и земи прочитај биохемија физиологија научи како фунционира организмот па ќе сватиш дека нема магија во шејковите туку едноставно се замена за оброк.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
4/5 јајца од препелица , една банана , една лажица мед, 1 лажица какао или 2 мали лажици нес кафе, 300-400 мл млеко.
За пред тренигн е мајка посебно со нес кафе кога го правам:)
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Јас го праам овој:
-4 цели јајца
-2 големи лажици какао
-мед/шеќер/ или декстроза
-1на банана
-300мл млеко

850калории/ 45грама протеин/ 85грама јаглехидрати/ 35грама масти
Зошто да се мачиш со сето ова кога можиш за истите пари да земиш протеин и да го пиеш само за после тренинг. 4 јајца х 8 денари 32 + 10 денари банана + 15 денари млеко околу 60 денари да не ги сметам другиве работи. Толку ќе те фати и протеин да земеш, а барем за после тренинг кога си мртов уморен поедноставно е да го изматиш него во шејкер и да го испиеш :)
 
Член од
2 декември 2012
Мислења
189
Поени од реакции
24

Ова барем знаеш што пиеш ..
 
Член од
18 јуни 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
нема магија во шејковите туку едноставно се замена за оброк
Јасно дека нема магија во шејковите се` е тоа наука како да се постигнат подобри резултати и во никој случај шејкот не треба да е замена за оброк како што си пишал.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Предноста кај протеин шејкот купен од продавница е тоа што побрзо се апсорбира и заштедува на време, пари и енергија.

Соодветна замена не постои, но возможно е со средена исхрана и без употреба на протеинскиот шејк да се внесат сите микро/макро нутренти кои му се потребни на организмот.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Абе каква замена за протеински шејк, НЕ ПОСТОИ!
Исто како да барате замена за фудбалски копачки
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 15:34 ---

Епа со вакво размислување на грешка тема си бато, во бодибилдингот НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ веќе е предоцна. И немој да ги лажеш луѓето што читаат дека единствената предност на шејковите е нивната едноставна употреба... Ма немој молим те???
Ајде научнику просветли не што е подобро ако веќе знаеш кажи ни,барем ќе имаш нешто профитабилно.
Како ќе објасниш диетата на Фелпс 12000 калории дневно?
Нели телото не може да апсорбира многу калории?
Каде идат тие калории не можат магично да исчезнат?
Ако конзумира 12000 калории и 10-20% му се протеини тоа се од 300 грама-500 грама протеини дневно.Нели телото не може да апсорбира повеќе од 30 грама протеин од оброк...
П.С ако толку знаеш објасни го метаболизмот како функционира...
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Абе дај не се објаснувајте, него кажете некоја рецепта. Еве една од мене:
300 мл млеко
бадеми/лешници
2 банани
2 белки
1 лажица какао
малце житарици
 
Член од
18 јуни 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
Ако конзумира 12000 калории и 10-20% му се протеини тоа се од 300 грама-500 грама протеини дневно.
Не е можно човек да консумира 300-500 грама протеини дневно. Еве ако нормален дневен внес на протеини е 65-70 грама Фелпс за време на интензивни тренинзи нека внесува 3 пати повеќе тоа е околу 200 грама (макар што и ова е премногу). Тоа што си пишал дека внесува 12000 калории и 300-500 грама протеини дневно нема логика затоа што откако ќе се заситат сите потреби на клетките за протеини вишокот внесени протеини ќе се талоши како масно ткиво и ќе се излачува преку бубразите што може да доведе до хронично оштетување на бубрежната функција поготово ако протеините се од анимално потекло. Ако ова што си го пишал е точно тогаш Фелпс за некоја година нека бара бубрези за трансплантација.
И уште нешто од 12000 калории 10% е 1200 така да веројатно грешка си со примерот.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Не е можно човек да консумира 300-500 грама протеини дневно.
Можно е. Диетите на профи билдерите се со таа бројка некаде. Пример на Рони 474 гр јаглехидрати 546 гр протеини 150 грама масти.
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 22:48 ---
И уште нешто од 12000 калории 10% е 1200 така да веројатно грешка си со примерот.
Што е грешка?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Не е можно човек да консумира 300-500 грама протеини дневно. Еве ако нормален дневен внес на протеини е 65-70 грама Фелпс за време на интензивни тренинзи нека внесува 3 пати повеќе тоа е околу 200 грама (макар што и ова е премногу). Тоа што си пишал дека внесува 12000 калории и 300-500 грама протеини дневно нема логика затоа што откако ќе се заситат сите потреби на клетките за протеини вишокот внесени протеини ќе се талоши како масно ткиво и ќе се излачува преку бубразите што може да доведе до хронично оштетување на бубрежната функција поготово ако протеините се од анимално потекло. Ако ова што си го пишал е точно тогаш Фелпс за некоја година нека бара бубрези за трансплантација.
И уште нешто од 12000 калории 10% е 1200 така да веројатно грешка си со примерот.
Дете јас конзумирам секој ден по 250 грама протеин од урда,пилешко,протеин од сурутка,вежбам 3 пати неделно и правам 4 пати неделно кардио.
Секоја недела губам по планираното пола кг на недела.
По твојата калкулација јас треба да сум дебел како свиња,бидејќи нели протеините дебелеат.
1200 калории од протеини дете / 4 =300 грама протеин.
Протеините не создаваат проблеми со бубрезите,не знам кое лице ти го кажал тоа но тогаш сите бодибилдери требаа да умрат од болести на бубрезите.
Ако толку те интересира читај се работи за луѓе што вежбаат активно.
Луѓе што не вежбаат 1 грам на секој кг им е доволно,но не во бодибилдингот.
http://motivirajse.wordpress.com/2013/01/05/сите-прашања-за-протеините-тука/
 
Член од
18 јуни 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
Протеините не создаваат проблеми со бубрезите,не знам кое лице ти го кажал тоа но тогаш сите бодибилдери требаа да умрат од болести на бубрезите.
Тогаш ова оди и кажи им го на професорите на медицински факултет веројатно ти знаеш повеќе од нив за спортската физиологија и патофизиологија.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Тогаш ова оди и кажи им го на професорите на медицински факултет веројатно ти знаеш повеќе од нив за спортската физиологија и патофизиологија.
Значи не се разбираме пак јас и ти.
Човек што е активен има потреба од многу повеќе протеини отколку човек што седи на столица и не прави ништо.
Докторите прегледуваат нормални луѓе не спортисти.
Јас се согласувам за луѓето што не се активни дека 1-1.2 грама протеини дневно е доволно но за спортисти и луѓе што вежбаат анеробичен спорт 2 грама е стандардно.
Не можеш да ми кажеш дека јас не јадам здраво кога јас се чувстувам супер.
Колку сакаш студии повели.
http://www.nytimes.com/2011/05/31/health/31really.html?_r=0
 
Kajgana Shop

На врв Bottom