Заложничка драма во Сиднеј!

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Наместо да ја коментираш и дискутираш суштината на целава дискусија ти правиш cherry-picking
Не ти правам cherry picking, сакам да ти разјаснам кое е моето гледиште зошто неколку пати погрешно ме разбираш. За другото ти кажав, да ја најдеме темата за теории на заговор, овде ќе не бришат ако продолжиме вака и џабе рефератите што ги пишуваме.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
За офтопикот си во право, но и јас сум во право за тоа дека ја одбегнуваш дискусијата и ја игнорираш суштината на тоа за што ти зборувам.

...да ја најдеме темата за теории на заговор, овде ќе не бришат ако продолжиме вака и џабе рефератите што ги пишуваме.
Нема проблем, цитирај ме и одговори ми каде ти сметаш дека е најприкладно. Иако ова за што јас ти зборувам не се „теории на заговор„, туку реалноста која некој сака да ја прикаже така... како „теории на заговор„.

Овде пишував пошто и онака поголемиот дел од дискусијата е во офтопик кој природно еволуираше од оригиналната тема.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Ќе продолжиме утре. Не одбегнувам ништо само за жал поминаа тие времиња кога можев да дремам на форум по цел ден. Сега ни рецензија за филм не стигнувам да напишам.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461

Хммм, но дали контролиран хаос е тоа со што ќе се задоволиш...
Сметаш дека си безбеден? Од каде знаеш дека некој следен пат нема Ти да бидеш тој што ќе биде наполнет со врело олово во некој супермаркет, од некој фолс флег терорист, и сето тоа во слава на Алах?
(ова со должно извинување до Исус, Буда, Зевс, Один, Баал... и илјадниците други богови, ама Алах е моментално најпопуларен избор за бог за кој вреди да се убива и да се гине)

Знам дека сега тоа звучи како спин во однос на можноста некој да биде убиен од терорист, и без „завера„ за фолс флаг. А за да не се случи тоа ни требаат построги закони и намалени лични слободи, така?
Хммм. Сега кога ќе се обидам да го прочитам ова последново, и мене ми звучи малку збунувачки... но мислам дека сепак ме разбираш.

Една од најефикасните алатки во социјалниот инжинеринг е криењето на вистината на очиглед. Пример, како да спречиш социјално незадоволство заради... ете заради воведување на ГМО како доминантна храна за човештвото?
- Ќе ја скриеш контроверзата на очиглед (plain sight што велат америте) на јавноста, така што сам ќе продуцираш куп глупави и лесно провидни гласини за штетноста на ГМО: дека газдите на индустријата сакаат да го уништат човештвото (и јадат мали деца за доручек), дека вонземјаните стојат позади тоа, дека целта е да се намали интелегенцијата на луѓето, дека...итн итн. Потоа сето тоа се нарекува „теории на заговор„ и работите почнуваат да се тркалаат сами од себе. Разни сомнителни и недквакани типови како Миленко или Слаѓана Велков почињаат да зборат неуки глупости заради привлекување на внимание, и никој повеќе не размислува озбилно за штетноста на ГМО.
Мноштвото научни студии и истражувања кои ја докажуваат таа штетност, се ставени во истиот кош со „теориите на заговор„ потрупани со купот страња и ненаучни бљувотини кои иницијално се извадени баш од тие што сакаат да ја скријат штетноста од исхраната со ГМО, барем во сегашното ниво на развој на генетиката.


Понатаму, велиш државата нема контрола врз масовното учество во џихад на нејзини граѓани? Зарем навистина веруваш во тоа??
Се разбира дека е не е лесно да ги спречат да отидат, но многу полесно е да ги спречат да се вратат. Секако не без реперкусии.
Мислиш дека не знаат каде отишле? Дека нема записи и документација кој отишол кон Турција или друг хаб од кој се оди на боиштата во Левантот, и потоа тој некој го нема никаде со месеци? Па дури и самите џихадисти воопшто не се кријат, туку се фоткаат и се постираат на разни социјални мрежи.
Сметаш дека државата не може да донесе закон со кој се одзема државјанство на некој џихадист, по многу законски основи? Но не, не само што тоа не се прави, туку џихадистите се негуваат, се „рехабилитираат„ и „лечат„.

Контролата на терористичките кризи што сега се актуелни навистина не мора секогаш да биде со режиран фолс флег, со директно овозможување на тероризам.
Но нели некој секако ги контролира работите на неколку нивоа погоре... На пример кој тоа дава иселенички визи на луѓе од доминантно муслимански земји, кога во источна европа имаше милиони потенцијални мигранти со неспоредливо по... безбедни религиозни сваќања. Инаку зборувам за пред 20тина годни и порано, но дури и сега статистички гледано наголемиот број мигранти во Европа се од муслимански земји... иако кандидати има и од многу други (немуслимански) држави.

Можеби ќе прашаш, што е поентата со правење штета сам на себе?
... но ајде ова ќе го оставам за некој друг пост. Ако сакаш да продолжиш со дискусијава.
Дали овие настани се искористуваат или надоградуваат за да се исполнат нечии агенди? Да, апсолутно. Ама дека некој бил толку силен мудрец за со децении или векови да гради општествена ситуација за со цел да ја искористи за менување или укинување на лични слободи, тоа не е веројатно.
Ми се допаѓа тоа што го пишуваш, имаме многу заеднички домени на интерес кога се работи за кежуал интернет сурфање, ама имам проблем со овој тип на размислување, едноставно не можеш се што се случува да инкорпорираш во една теорија.

Сакав да отворам една тема токму за овие дискусии кои си ги започнал тука и на други слични теми, ама не можев да се одлучам за што да биде темата. Дали да биде за трендот околу намалување на личните слободи, тоа е посебна тема која заслужува свои страници. Или дали да биде за општествен инженеринг и пропаганда, тоа се валидни елементи од секојдневието, кои не се ни нови, ни ексклузивни. Тие се алатка во науката за мас медиумите, и како такви се проучуваат и се дискутра за нив.
Клучното е тоа дека се дискутира, не можеш да настапуваш од позиција кога твоето мислење треба да се земе како клучно и исправно без можност за исправки. Всушност таквата позиција е погрешна, ова се теми кои не се апсолутни и секој обид за претставувањето на личните хипотези како крајни и апсолутни е проблемот кој нив ги прави да изгледаат како теории на заговор или бладања.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Не знам зошто сметаш дека јас моето мислење сакам да го наметнам како една и единствена вистина.
Мене целта ми е подигање на свеста, да укажам на тоа дека приказните што ни ги продаваат светските меинстрим (па и локалните) медиуми се далеку од вистината и од реалноста. Иронично, но постоењето на социјален инжинеринг и манипулирањето на популацијата.... тоа Е единствената апсолутна вистина во сево ова.

Дури и јас да грешам, и да не сум во право... Придобивката ќе дојде од дискусијата што би требало да се развие.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Не знам зошто сметаш дека јас моето мислење сакам да го наметнам како една и единствена вистина.
Мене целта ми е подигање на свеста, да укажам на тоа дека приказните што ни ги продаваат светските меинстрим (па и локалните) медиуми се далеку од вистината и од реалноста. Иронично, но постоењето на социјален инжинеринг и манипулирањето на популацијата.... тоа Е единствената апсолутна вистина во сево ова.

Дури и јас да грешам, и да не сум во право... Придобивката ќе дојде од дискусијата што би требало да се развие.
Апсолутно и неоспорно е постоењето на пропаганда и успешни и помалку успешни обиди за контролирање на мас медиумите, она што ми пречеше во твоето мислење е преувеличувањето на самата нивна опфатеност и ефект, што е карактеристика на некритични теории на заговор.
Токму величината на тој ефект кај мас медиумите би можело да биде предмет на тема, слободно отвори ја во некој поопуштен подфорум, би се придружил на дискусијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom