GreenRoot
^Зелен^
- Член од
- 20 јули 2011
- Мислења
- 2.619
- Поени од реакции
- 2.267
Изненаден сум што не најдов тема за оваа локација.
Ова е една од поуникатните локации што се наоѓаат во Охрид. Заливот на коските е археолошка локација од праисториска локација.
Овој музеј, чија што територија опфаќа 8500 квадратни метри, ја открива вистината за праисториска населба која постоела меѓу 1200 и 700 година пред новата ера, поточно, во Железната и Бронзената доба. Музејот исклучително детално го опишува начинот на живот на праисториските претходници.
Во минатото, оваа населба се наоѓала токму на ова место, а денес се реставрирани неколку куќи кои се позиционирани на 5 метри над водата, поврзани со брегот преку мост. Според историчарите населбата што некогаш постоела тука, содржела околу 60 куќи. Стапнувајки на местото на кое живееле нашите предци, чувството е неверојатно. Самите куќи се изградени од кал и испреплетени гранки, на дрвени штици. Така се образува една голема површина, која изгледа како огромна тераса, на неколку метри над водата.
И бонус едно видео од мене:
Сте го посетиле ова место? Како ви се допаѓа, дали би го поселите пак?
Јас сум најмногу воодушвен од бојата на водата, изгледа прекрасно.