ИТНО !!!
Ова е упатено до сопствениците на СОПРЕВОД и слични страни (ТВ серијали) на кои се поставуваат епизоди од турски, хрватски и американски серии и филмови.
Денес упатија опомени пред тужби до нашиот портал па бевме приморани да поднесуваме сопственички структури и регистри како би докажале дека страните не се наши. За среќа, докажавме и следниот чекор ќе биде превземен кон самите страни Сопревод и ТВ серијали, и сличните. И тоа за многу брзо. Адвокатски фирми од Европа со застапници и од регионот се вклучени во процесот!!!
Странските телевизии и дистрибутери, преку свои адвокати, имаат подготвено тужби со што се одговара кривично и финансиски за незаконско објавување на серии и филмови на тие страни, доколку истото го докажат на суд, а лесно се докажува. Истото се однесува и на ФБ профилот. Ова е добронамерен совет до сопствениците и поставувачите одма да избришат се, вклучително и страните, затоа што тужбите се подготвени и веднаш ќе бидат доставени и до сопствениците на страните. Таков вид на незаконско објавување на материјали е строго казниво, искрено не знаев ни јас, но денеска по тој хаос и тужби, предупредувам и советувам - работата е пресериозна и се казнува кривично и материјално !!!
ТВ Пакет потенцира дека се оградува од сите тие материјали.
Извор: твпакет форум