Закон за работни односи

Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Муратовски и неговите синдикални колеги, конечно ја добиле верзијата на новиот закон за работни односи. Велат не се задоволни од тоа што го прочитале, ќе протестираат.

„Таму ги нема надоместоците за превоз, исхрана и регрес за годишен од одмор“, вели Ванчо Муратовски лидер на ССМ.

Ќе се намалуваат и отпремнините за работниците што ќе бидат отпуштени. За 20 години работен стаж, наместо сегашните 6 отпремнини, ќе се добиваат само две. Синдикалците не го прифаќаат ниту предлогот за организирање на штрајк, а особено се нервозни бидејќи со новиот закон владата и директно ќе се меша во работењето на синдикатот.

„Во тоа дали ако евентуално синдикатот се раздвои или престане со работа дека државата ќе го решава имотното прашање на синдикатот што е лудост. Тоа би било исто како синдикатот да решава за државните имоти“, вели Муратовски.

На протести синдикалците ќе излезат кон средината на мај. Пред владата ќе се појават со жолт картон в рака како порака дека не ги прифаќаат измените во законот за работни односи.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ајде да го видам и тоа чудо, Муратовски конечно да организира протест, па макар и 100 души да успее да собере пред Влада.
Колку најави за протести сме слушнале досега од него, треба да го стават на работно место Events Presenter.

Дали толку е загрижен во врска со новиот закон, бидејќи работниците ќе си добијат по "капа", или пак дека владата ќе може да се меша во работата на синдикатот што би значело дека тој нема да може толку да "лапа"?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom