Закон за поводник и заштитна маска

L

Lu

Гостин
Денес по медиумите се рашири веста дека законот за поводник и заштитна маска, ќе почне секојдневно да се применува.
Сопствениците на кучиња (безразлика на која раса припаѓаат) доколку не го почитуваат законот, и при прошетките кучињата не бидат врзани на поводник и не носат заштитна маска, ќе бидат казнети.

Јас го поддржувам законот, и навистина ќе ми биде мило ако почне да се спроведува на дело.
Само законот да се спроведува секаде и да важи за сите, да нема исклучоци од типот - во оваа општина ќе казнуваме, а во другата општина нема да казнуваме.
 
Ф

Флеш

Гостин
Јас се согласувам делумно со законов , би требало за поголемите раси на кучиња, а додека за средните, би требало само исклучоци, а додека за малите воопшто не е потребна заштитна маска, тоа е глупост, каде може пекинезер да ме касне ...

Јас би додал нешто ако е во можност и Полиција за Животни да се направи, да се создаде заради контрола на животниве во Македонија, од малтретирање до крадења итн, ем вишокот професионални војници може тука да се вработат, ем за ветиринарите би се создало простор за работа.
 
Член од
26 август 2013
Мислења
212
Поени од реакции
238
И јас сум за носење на поводник за сите раси на кучиња, додека за маска, само на кучињата што имат одредена големина и имат агресивен карактер.
На пример, маска да треба да му се става на чивава ми е многу глупо, оно глупо ми е да видам некој како го шета додека го држи под мишка, не па да го води со маска.
Значи осетете го филмот само... знам, глупо е и не гледам мотив зашто на раси на кучиња што имаат мал раст да мора да се става маска.
Додека за сите други врз база на големината и расата, задолжително!
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Кучињата кои се чуваат дома како миленици по цели денови не се физички активни, и затоа кога ќе бидат пуштени на слобода трчаат како луди.
А тоа трчање може да ги извади луѓето од памет.
Но, тоа трчање им е потребно на кучињата.
Сепак, кучињата се во сопственост на човекот кој ги чува ,па се согласувам дека тој треба да е одговорен за нив.
Во целост се согласувам со законот.
 
L

Lu

Гостин
Јас се согласувам делумно со законов , би требало за поголемите раси на кучиња, а додека за средните, би требало само исклучоци, а додека за малите воопшто не е потребна заштитна маска, тоа е глупост, каде може пекинезер да ме касне ...
Не се согласувам со твоето мислење дека малите раси нетреба да носат маски.
Всушност малите раси се најголемите провокатори, и они скоро секогаш први напаѓаат.

Сум имала милион ситуации во парк, каде што токму такви мали и разлигавени раси се имаат буквално затрчувано кон мојата Доберманка со цел да ја каснат или испровоцираат лаејки и р'жејки и.

И тука имаш 2 ситуации:

1) Mоето куче има заштитна маска, ќе неможе да се одбрани од другото мало куче и ќе биде касната.
2) Моето куче нема маска, се затрчува малово куче и ја каснува, и автоматски се активира нагонот за самоодбрана, и моето куче го напаѓа малото куче, и бидејќи е мала раса на куче, и најмал угриз на незгодно место од мојата Доберманка може да биде фатален за малата раса.

Затоа за да не се случат вакви ситуации, и за да нема дополнителни нервози и тужби и слични ствари, наједноставен и најлесен начин да се спречат нервозите е заштитна маска, за сите раси.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Законот треба да важи за сите кучиња, без разлика на расата дали се мали или големи, го поддржувам, али колку ќе се применува останува да видиме.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Треба, ама да не се фрчи одма со казни, туку да дадат малце временски период за да се прилагодат.
Не може на куче што го шеташ да речеме 6 години, и наеднаш да му акнеш маска следниот ден. На сопствениците најлесно им е, ама за кучето како ќе биде?
 
L

Lu

Гостин
Кучињата кои се чуваат дома како миленици по цели денови не се физички активни, и затоа кога ќе бидат пуштени на слобода трчаат како луди.
А тоа трчање може да ги извади луѓето од памет.
Но, тоа трчање им е потребно на кучињата.
Сепак, кучињата се во сопственост на човекот кој ги чува ,па се согласувам дека тој треба да е одговорен за нив.
Во целост се согласувам со законот.
Затоа постојат паркови за кучиња.
Сега за сега во Скопје има 2 паркови за кучиња, еден во Капиштец, а другиот во градскиот парк.
Ем кучињата истрчани, ем граѓаните кои се плашат од кучиња - задоволни.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
Јас се согласувам делумно со законов , би требало за поголемите раси на кучиња, а додека за средните, би требало само исклучоци, а додека за малите воопшто не е потребна заштитна маска, тоа е глупост, каде може пекинезер да ме касне ...
Со ова најпрвин нема да се сложат другите сопственици на кучиња, и од помалите кучиња има агресивни примероци, а другото куче ако е со маска не може да се брани.

Искрено и мене ми е пораат ако не морам да внимавам кога по кеј или во парк се моткаат кучиња, макар и помали. Не им пишува на челото кое од нив е добро дресирано и со непроблематичен карактер. За деца, посебно најмалите, било кое куче може да нанесе тешки повреди (ако во близина се погоди да нема кој да изреагира).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
Го подржувам законот, ќе видиме како ќе се одвива.
За маските сум така и така, ама поводник едноставно мора да се има, неможе во парк каде што има милион луѓе и деца, да ги пуштаат кучињата од поводник и да викаат мирно е, ништо не прави :facepalm:

Мое мислење е дека треба да носат поводник и заштитна маска на фрекфрентни места, а глупо е малце, сум излегол позади зграда кај што нема никој за да се истрча, куче е сепак, и да ти дојде некој намќор пајкан, па да го јадеш стапот со некоја бош казна од 200 евриќи.
 
Ф

Флеш

Гостин
Затоа постојат паркови за кучиња.
Сега за сега во Скопје има 2 паркови за кучиња, еден во Капиштец, а другиот во градскиот парк.
Ем кучињата истрчани, ем граѓаните кои се плашат од кучиња - задоволни.
Еве нека направат и трет во Сарај , живеам во Ѓорче, населба со 42 илјади жители, зошто не се покрене иницијатива да се среди просторот во Сарај, чисто зеленило, голем простор, тука се во близина 2 реки, Вардар и Треска ,местото кај што се составуваат се вика Састав, тука е доста добро, тука е кајак клубот ... има екстра потенцијал да се искористи просторот за шетање и за кучиња ... скоро преку цела година ретко има многу луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Ниеден закон не може да биде функционален ако се спроведува селективно, тој важи за сите и треба да го почитуваат сите, поводникот и маската служат за контрола на кучето, а честопати и за негова заштита.
за малите воопшто не е потребна заштитна маска, тоа е глупост, каде може пекинезер да ме касне ...
А детенце од 2-3 годинки? И мало куче може сериозно да повреди мало дете.
Друго прашање е колку е изводливо тие да носат маска, но секако мораат некако да бидат под контрола.

Во спротивно, ако јас речам "моето куче е социјализирано и не е од голема раса, и јас не му ставам маска" тогаш и тој што има неконтролирано и агресивно куче, ќе има основа да рече "епа ако тие кучиња не носат маска, не му ставам и јас на моето" ... и пак нема да се ставаат маски.

Кај нас веќе 2 години по ред, ревносно и што е најбитно неселективно се казнува за маски, и сега имаме позитивна промена да некои 80-90% од кучињата се шетаат со маски, и не им фали ништо и никој не мора да биде мета на друго куче, било да е тоа голема или мала раса.
Исто така добра иницијатива е испитот за социјализација на кучињата - треба да го полагаат сите регистрирани кучиња со нивните сопственици.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.744
И јас сум за носење на поводник за сите раси на кучиња, додека за маска, само на кучињата што имат одредена големина и имат агресивен карактер.
Како и кој ќе одреди (декларира) кое куче е агресивно?

Ти ќе платиш за редовни и задолжителни прегледи на секое куче? Што правиш ако подоцна се развие агресија, да се воведат прегледи секоја година?
Потоа тоа треба да се документира некако, за да знаат редарите кој да казнуваат. Дозвола за неносење маска да се уведе? ;)

Пред да кажеш нешто, размисли малку како и дали е можно тоа практично да се спроведе.
Законот треба да важи за сите, едноставно и чисто за спроведување.

Кучето нема маска и поводник? Сопственикот ќе плати казна.
Ако навистина почнат да го спроведуваат законот, за релативно кратко време сите тврдоглави ќе се научат да ги почитуваат правилата.
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
Sakam i da se vovede taksa na opstinsko nivo - Taksa Kuce, kako vo sekoja normalna zemja. I taka ke imaat opstinite povekje pari za novi proekti.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom