Закон за заштита на авторски права фотографии/текстови

M

Macedon1um

Гостин
Изминативе денови доста актуелна беше темата (во фотографски, новинарски и адвокатски кругови) за законот за заштитата на авторски права на фотографии пред се. Имено пред некое време нашиов правен систем пресуди во корист на фотограф Србин казни од 5000 и 7000 евра на два наши портали, едниот е оффнет другиот факултети.мк

Па така во моментов поделени се мислењата за исправноста на одлукиве на судиите. Додека сопствениците на сајтовите велат дека се работи за воиграна шема да извлечат пари (правници-фотографи-судови) и прават „штета“ врз новинарството, од друга страна грото од фотографи ја поздравуваат оваа одлука бидејки трудот мора да почне да им се цени и да си го наплатат - секако со подршка тука се и правниците кои дебело си наплатуваат во овие спорови. Лично моето мислење е поделено поготово во случај како овој каде што авторот на фотографијата не праќа порака до уредниците да ја избришат или исплатат одредена сума, туку директно се оди на потешкиот начин што упатува на добро организирана шема од адвокатите. Секако зачудувачки се и екстремно големите казни што не соодвестуваат со стандардот и економската моќ на сопствениците на медиумите.

Друго што приметувам е голем дел од фотографиве што ја поздравуваат одлука уствари имаат еден куп слики со луѓе кои ги сликале “случајно“ и мали се шансите да имаат дозвола за тоа, па ме интересира дали и ние како обични граѓани може да се повикаме на законите за “неовластено фотографирање“ па да ги тужиме ?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Си има гети, си има шатерсток, нека си бараат исплати преку тие сајтови :toe:
 
Баш имаше коментирано авторот на оваа фотка (ставам линк оти не може да се стави само слика нешто има проблем). Ако така лесно судовиве пресудуваа во нивна корист он и адвокатскиот тим што ќе го ангажира ќе станат инстант милионери, оти се користи цело време на еден куп сајтови таа слика
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Баш имаше коментирано авторот на оваа фотка (ставам линк оти не може да се стави само слика нешто има проблем). Ако така лесно судовиве пресудуваа во нивна корист он и адвокатскиот тим што ќе го ангажира ќе станат инстант милионери, оти се користи цело време на еден куп сајтови таа слика
Вакви генерички фотографии апсолутно треба да се слободни за користење, исто како таа со пластики и фаровите искршени на асфалт кога пишуваат за некоја сообраќајка. Се разбира треба да се регулирани и тие, дали преку некоја организација, било како. Значи, имаш вест за кражба, одиш во галеријата од АЕК или ЗНМ, што да е и си бираш една генеричка фотка од трите достапни за криминална вест.

Ама, доколку ти како фотограф прописно не си ја заштитиш фотографијата, никој нема да ти е крив што ќе ти ја користат бесплатно.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Треба да има заштита ама се да биде со осет. Во Америка пред сто години copyright почна со 14 години сега стигна до 120 или повеќе години во некои случаеви.

Мики Маус на пример требаше да биде во јавен домен од пред 30-40 години, а со одредени измени уште е во приватна сопственост.(Инаку ова е побанален случај, во други ситуации како на пример во фармација/медицина може работата да биде посериозна)
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Изминативе денови доста актуелна беше темата (во фотографски, новинарски и адвокатски кругови) за законот за заштитата на авторски права на фотографии пред се. Имено пред некое време нашиов правен систем пресуди во корист на фотограф Србин казни од 5000 и 7000 евра на два наши портали, едниот е оффнет другиот факултети.мк

Па така во моментов поделени се мислењата за исправноста на одлукиве на судиите. Додека сопствениците на сајтовите велат дека се работи за воиграна шема да извлечат пари (правници-фотографи-судови) и прават „штета“ врз новинарството, од друга страна грото од фотографи ја поздравуваат оваа одлука бидејки трудот мора да почне да им се цени и да си го наплатат - секако со подршка тука се и правниците кои дебело си наплатуваат во овие спорови. Лично моето мислење е поделено поготово во случај како овој каде што авторот на фотографијата не праќа порака до уредниците да ја избришат или исплатат одредена сума, туку директно се оди на потешкиот начин што упатува на добро организирана шема од адвокатите. Секако зачудувачки се и екстремно големите казни што не соодвестуваат со стандардот и економската моќ на сопствениците на медиумите.

Друго што приметувам е голем дел од фотографиве што ја поздравуваат одлука уствари имаат еден куп слики со луѓе кои ги сликале “случајно“ и мали се шансите да имаат дозвола за тоа, па ме интересира дали и ние како обични граѓани може да се повикаме на законите за “неовластено фотографирање“ па да ги тужиме ?
Од ова што прочитав...како се казнети оффнет кога они ставиле само линк до статија на друг сајт?
Треба да има заштита ама се да биде со осет. Во Америка пред сто години copyright почна со 14 години сега стигна до 120 или повеќе години во некои случаеви.

Мики Маус на пример требаше да биде во јавен домен од пред 30-40 години, а со одредени измени уште е во приватна сопственост.(Инаку ова е побанален случај, во други ситуации како на пример во фармација/медицина може работата да биде посериозна)
Закони не важат за глушецот, кога ќе стигне времето за да влезе во јавен домен.......пак ќе ги сменат законите за нив :D
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Никаде во текстот погоре не видов дека успеале да добијат Србинов и таа адвокатката, туку само дека им побарале 5 000 евра, а Офф.нет им се заканил со контра тужба.
Има ли некаде инфо дека отишле на суд и си платиле Трендовци?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Од ова што прочитав...како се казнети оффнет кога они ставиле само линк до статија на друг сајт?

Закони не важат за глушецот, кога ќе стигне времето за да влезе во јавен домен.......пак ќе ги сменат законите за нив :D
Неколку пати имаат сменето па не е чудно да се додаде нешто ново.

Southpark во неколку наврати добро ги имаат Дизни претставено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom