Закон за државјанство

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ВО СОБРАНИЕ

До македонско државјанство и со сметка за струја, вода, здравствена книшка...

Платена сметка за струја, греење, вода или телефон, платен данок, здравствена книшка, извештај или отпусна листа како доказ за лекување, имотен лист... се само дел од доказите врз основа на кои ќе може да се стекнува македонско државјанство, се предвидува со предлог-законот за државјанство кој веќе е во собраниска процедура.
Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон на државјанин на друга република на поранешната СФРЈ и државјанин на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година, односно до времето на прогласување на независноста на Република Македонија живееле на територијата на Република Македонија, се стекнува со државјанство на Република Северна Македонија, доколку кон барањето приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар.

-извод од матичната книга на родени;

-доказ за завршено учебна година (свидетелство, уверение или диплома);

-доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец;

-работничка книшка;

-доказ за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период важеле во Република Македонија,односно доказ за платен:

данок од личен доход на работниците;

данок од личен доход од вршење земјоделска дејност;

данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност;

данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања;

данок на приходи од имот и имотни права;

данок на имот и

данок на наследство и подарок;

-одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;

-доказ за платена сметка за следниве услуги:

електрична енергија,

греење,

вода,

телефонски услуги;

-патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

-лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

-лична карта за странци;

-здравствена книшка;

-извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ со кој се докажува извршено лекување во јавни здравствени установи во Република Македонија;

-поседовен или имотен лист на име на барателот;

-штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од Република Македонија согласно закон;

-други докази издадени од надлежни државни органи со кои ќе се потврди постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и

-сведителствата кои се издадени од 1991 до 1998 година за лицата родени од 1984 година до 1991 година.

Предлог-законот е поднесен од Владата со европско знаменце, што значи дека се скратува рокот во кој треба да биде донесен и се однесува на граѓаните кои се од поранешните југословенски републики кои останале да живеат во Македонија по осамостојувањето и сѐ уште немаат македонско државјанство. Законот го иницираа Алијанса за Албанците и Алетернатива и прво се предвидуваше државјанство да се докажува со тројца сведоци.

Инаку, освен доказите за стекнување со македонско државјанство, во Предлог-законот се предвидува годините на престој во државата да се намалат од осум на седум, потоа да се познава македонскиот јазик на ниво доволно барателот да се разбере со околината, што ќе го испитува посебна комисија формирана од Владата, а од три на една година се намалува и времето во кое странецот треба да живее на територијата на Македонија за да може да стекне со државјанство по законски предвиден начин, со природување.

Иселеници од Македонија и нивните деца ќе може со природување да се стекнат со македонско државјанство и доколку до поднесувањето на барањето не живееле осум години во земјава, и без да има отпуст од државјанството на друга држава.

Со македонско државјанство ќе може да се стекне и странец кој е во брак со македонски државјанин најмалку три години и во земјава живее најмалку една година, притоа не мора да знае македонски јазик. А со државјанство може да се стекнат и странци кои се во брак со македонски државјани најмалку осум години, но не живеат тука, но со земјата имаат цврста и ефективна поврзаност.


Со сметка за струја до државјанство

Предлог законот за државјанство е пред пратениците. Платените сметки за комуналии се само еден од документите што ќе може да се приложи за стекнување со правото на државјанство. Новиот Предлог предвидува тоа да се направи и со доказ дека граѓанинот завршил школо тука, бил на лекар, има имот или штедна книшка, работи во земјава.
Не со тројца сведоци, туку со на пример доказ за платена сметка за струја граѓани ќе може да се стекнат со државјанство на Македонија.
Станува збор за Предлог закон со кој треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.
Платените сметки за комуналии (струја, вода, греење, телефон) се само еден од документите што ќе може да ги приложат за да може да се стекнат со правото на државјанство. Новиот Предлог закон, овојпат со европско знаменце, предвидува тоа да се направи и со доказ дека барателот на државјанство завршил школо тука, бил на лекар, има имот, работи во земјава, тука има штедна книшка итн. Доказите може да се достават во оригинал или копија и да бидат заверени на нотар. Се предвидува започнатите постапки за државјанство кои до стапување на овој закон не се завршени да се решат по новиот закон.
Законот првично инициран од Алијансата за Албанците и од Алтернатива, сега е пред пратениците, но овојпат поднесен од Владата и е со европско знаменце. Со тоа му се скратува рокот во кој законот треба да биде донесен. Во првичниот предлог закон се предвидуваше луѓето кои се од поранешните ЈУ републики, а кои останале да живеат во Македонија и по осамостојувањето, а се уште немаат државјанство тоа да го направат ако за нивното присуство во државата посведочат тројца сведоци. На тоа се противеа останатите партии во Парламентот, по што лидерот на Алијансата, Зиадин Села рече дека може државјанството да се докажува и со документи. Сегашниот предлог текст го предвидува токму тоа. Дадени се 16 критериуми и тој што бара државјанство треба да достави барем еден доказ.

Останатите измени се тоа што се скратуваат годините на престој во државата потребни за добивање државјанство од осум на седум. Во претходниот предлог Алијансата и Алтернатива бараа да се скрати на четири години престој.

Опозициските партии на Албанците предвидуваа и со државјанство да се стекне некој кој знае еден од службените јазиците што се користи во државата, но во новиот текст останува тоа дека мора да се познава македонскиот јазик, барем на ниво да се разбере со околината. Посебна комисија формирана од владата ќе го испитува нивото на познавање на јазикот.

Се намалува и времето во кое станецот треба да живее на територијата на Македонија за да може да стекне со државјанство по законски предвиден начин- со природување. Односно наместо досегашните три години се намалува на една година.

Иселеници од Македонија и нивните деца ќе може со природување да се стекнат со македонско државјанство и доколку до поднесувањето на барањето не живееле осум години во земјава, и без да има отпуст од државјанството на друга држава.

Со македонско државјанство ќе може да се стекне и странец кој е во брак со македонски државјанин најмалку три години и во земјава живее најмалку една година, притоа не мора да знае македонски јазик. А со државјанство може да се стекнат и странци кои се во брак со македонски државјани најмалку осум години, но не живеат тука, но со земјата имаат цврста и ефективна поврзаност,

Од Алијансата и од Алтернатива очекуваат законот да биде изгласан до крајот на месецот. Од ВМРО-ДПМНЕ не се изјасниле дали новиот Предлог е прифатлив за нив, но пратеничката од оваа партија Рашела Мизрахи во гостување на Канал 5 рече дека текстот има збир на небулози.

„На пример дека граѓаните ќе може да добијат државјанство согласно одреден елемент како што е завршена учебна година, а такви се и студентите кои биле на посета, такви небулози се работничка книшка, доказ за платена сметка. Доколку одиме во ЕУ треба да видиме како функционираат другите држави во ЕУ, кои бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години, истакна таа“, рече Мизрахи.

Политичката партија Левица, која го блокираше и првиот обид за донесување на овој закон, повторно најави блокади.

Премиерот Зоран Заев побара Левица да објасни оти го блокираат законот, кој, според него, ќе реши многу проблеми.

„Видовме дека сите години наназад, две децении наназад аплицирале 2400 луѓе, но и еден човек да е треба да го решиме проблемот. Некој чека, некој поради тоа не може социјална помош да земе, некој не може да си лечи детенце или самиот не може да се лечи, поради тоа што немаат државјанство и немаат документи “, вели Заев.

Од Левица му наведоа 11 причини за блокада. Според пратениците од оваа партија предлогот законот е штетен за македонските интереси и ќе послужел некои Косовци да добијат државјанство на Македонија. Доколку законот помине во Собрание, Левица најави дека ќе го оспори пред Уставен.











Насловот на темата е повеќе од доволен за да посочи за што станува збор, имено покрај контроверзниот закон за попис, сега се прават обиди буквално да се прошверцува и нов закон за државјанство, кој безмалку претставува легалистички преседан или правен феномен како што се тврди во јавноста поради одредбите кои ги содржи за тоа кој, кога и како може да се стекне со македонско државјанство.

Предлозите кои се дадени, најголем дел од нив барем, ги нема никаде во светот, а до пред извесно време одредени медиуми се обидуваа да го сменат јавното мнение преку генерализација со одредени случаи на проблеми при стекнување на македонско државјанство, случаи кои се исклучок во целата ситуација и се бројат на прсти, а некој се обиде да ги претстави како правило.

Ниту еден од предлагачите на законот не се одважи да ги објасни во јавноста одредбите кои ги доставија од каде црпат основа, било тоа да е емпириска или теоретска, за закон кој онака како што е срочен може да влијае на демографската структура на Македонија.
Во мешувреме по секоја цена се прават обиди да се заобиколи било каква јавна дискусија, посебно откако во јавноста пластично се појасни за што во суштина се работи.
Слободно може да се каже дека во комбинација со законот за попис, овој закон за држвјанства се елементи на одредена агенда.

Бујрум :pistoldz:
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
Ако двете најголеми македонски партии немаат проблем со законов, тогаш ни поголемиот дел од Македонците немаат гајле.
Исто беше кога Груевски го носеше законот за знамиња, а и за амнестијата. Исто беше кога Заев ја објави методологијата на пописот.

така да, нема гајле... ќе има прилив на гласачи и попишани од Косово, која ќе стане единствената земја у свет (непризнаена додуше) чие комплетно население има по два пасоша, на две држави и кое население комплетно фигурира во пописи на две држави (а можда и повеќе).


само овие Левица нешто досаѓаат и мрчат

кај е оној новион бот миле-somethin', да ви покаже убаво
 
Член од
22 јули 2021
Мислења
241
Поени од реакции
132
Ако двете најголеми македонски партии немаат проблем со законов, тогаш ни поголемиот дел од Македонците немаат гајле.
Исто беше кога Груевски го носеше законот за знамиња, а и за амнестијата. Исто беше кога Заев ја објави методологијата на пописот.
Толку. Функционираш како Македонската репрезентација, само прво полувреме, после јадиш десет гола, ок по три, претерав.
Значи македонците кур ги боли за државата, освен вас 4.3 % што гласате за Левица.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
Толку. Функционираш како Македонската репрезентација, само прво полувреме, после јадиш десет гола, ок по три, претерав.
Значи македонците кур ги боли за државата, освен вас 4.3 % што гласате за Левица.
Миле, океј ли ти е тебе законов?

(на Кајгана ќе морате пософистицирано, не ви е ова фејсбук)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
Ова преклопување на Косово и Македонија е доволно за најмалку бојкот на пиздаријава.
бојкот со два пратеника?

ВМРО треба да бојкотира, ако мисли дека законов е срање
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
бојкот со два пратеника?

ВМРО треба да бојкотира, ако мисли дека законов е срање
Не мислев на парламентот. Бојкот на пописот во чија служба овој закон се носи.

ВМРО , Левица и секој субјект што претендира на власт овде, треба да е наполно свесен дека ако и овој инжинеринг помине, буквално ќе нема над што да ја практикуваат таа власт .
Едноставно , ќефовите и хировите на албанците кои ќе произлезат од новите, штелувани проценти ќе се устоличат како единствена причина за постоење на ентитетот Северна Македонија
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
Ги избркале новинарите од состанокот на комисијата.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Волјата на мнозинството.
Лани се даде одобрување на автохтонизацијата на територијава од страна на мнозинството и работата се врви додека СДС си млати пари и имаат подршка од автохтоните.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.609
Поени од реакции
8.478
ВМРО е криво и за ова, ајде сите за Левица, урааааааааааа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
ВМРО е криво и за ова, ајде сите за Левица, урааааааааааа.
Ништо не екриво ВМРО. Мицковски вчера доби насоки од неговиот газда и сега веројатно ќе продолжи да биде субмисивен во контекст на законот за државјанство и пописот, како и све друго.

Така да, ВМРО не е криво, туку најверојатно Мицковски кој треба да исполни тоа што му е нарачано вчера од амбасадата.

Баш ме занима после состанокот вчера како ќе се однесува ВМРО, у наредниов период.
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.609
Поени од реакции
8.478
Ништо не екриво ВМРО. Мицковски вчера доби насоки од неговиот газда и сега веројатно ќе продолжи да биде субмисивен во контекст на законот за државјанство и пописот, како и све друго.

Така да, ВМРО не е криво, туку најверојатно Мицковски кој треба да исполни тоа што му е нарачано вчера од амбасадата.

Баш ме занима после сотанокот вчера како ќе се однесува ВМРО, у наредниов период.
Што би направил ти?
Неполна година после избори на кои телиња го реизбрале магарето?
И огромен дел од популацијата си седела со скрстени раце и гледала сеир.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
Што би направил ти?
Неполна година после избори на кои телиња го реизбрале магарето?
И огромен дел од популацијата си седела со скрстени раце и гледала сеир.
Ја да сум на местото на ВМРО исто би играл ко Мицкоски. Не би го опструирал менувањето на името со сите средства кои ги имам, не би ми сметало на попис еден локален Албанец сам да попишува во своето село, не би ми сметал законов за државјанство и не би блокирал све што можам у собрание, би го оставил Заев што кур сака да праи.
Па пичка му мајчина, ваљда тогаш би бил подобен за на власт на следечи избори. Би прашал у амбасада дали сум океј, ако да - накривувам капа и чекам до следни парламентарни.
А морам да мислам и на бизнисот со хидроцентрали. И ја сум човек.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.609
Поени од реакции
8.478
Ја да сум на местото на ВМРО исто би играл ко Мицкоски. Не би го опструирал менувањето на името со сите средства кои ги имам, не би ми сметало на попис еден локален Албанец сам да попишува во своето село, не би ми сметал законов за државјанство и не би блокирал све што можам у собрание, би го оставил Заев што кур сака да праи.
Па пичка му мајчина, ваљда тогаш би бил подобен за на власт на следечи избори. Би прашал у амбасада дали сум океј, ако да - накривувам капа и чекам до следни парламентарни.
А морам да мислам и на бизнисот со хидроцентрали. И ја сум човек.
Koi sredstva gi ima?
Ne bladaj deka moze nesto opozicija u drzavava da opstruira, ni bilo ni ke bide.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.222
Поени од реакции
78.794
Тоа ли му е изговор?
Дека не можел ништо да опструира?
Он сакал, од се срце, али не можел... :(

Кога идев по штабови да прашувам за амнестијата на Груевски, невидена во ниедна држава у историја, ми викаа - така требаше...
really?

Неписмени идиоти, тоа сега е активно во ВМРО, според ликовите кои се појавуваат на форумов, да ја оправдаат будистичката неделатност на Мицкоски.
Автоматски споено мислење:

Не знам дали така може. Мицкоски се надева дека кооперативноста со албанските стремежи, ќе му донесе дозвола да победи на следечи избори, ама ќе видиме дали така може.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom