Закон за вработување на млади во брак

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Мислев и за наслов ЕДНО ДЕТЕ- ЗОШТО (причините зошто многу семејства остануваат со едно дете а тие се разни)
Порано сме сведоци нашите стари обично имале по 4 а почесто по 5-6 деца.
А се живеело без денешните придобивки.Струја и вода во стан и слично.
Но сега сакам да посочам само со мојот случај на семејство со едно дете и дали за тоа е била и ДРЖАВАТА виновна,затоа што родителите немале работа.
Затоа мислам е потребен некој закон за обавезно запослување на еден брачен член во семејството после регистрацијата во таа држава а посебно по сознанието дека имат и нов мал член кој треба да јаде.
Но не е секогаш така запослувањето во оваа ДРЖАВА знаеме како оди.
И поради тоа некој семејства остануват со едно дете-поради ДРЖАВАТА.
А народот тоа е ДРЖАВА,а децата се народ. Ама едно дете не прави народ.
Мое дете влезе во брак и наредната година добива принова ќерка.
Основаа семејство што се вели ама двајцата беа незапослени.
Живеева како...па вие не им носевте морав јас.
И така поминуваа години...со едно дете.
Понекогаш кога ќе си игравме со внуката спомнував пред нив ајде догодина братче или сестриче ама тие изгледа не ме слушнале.
А осеќам што си мислеле„ кај нас не рани ќе треба и уште за едно“
Јас многу сум сакал да имат тоа време уште едно дете бар а и сега сакам- ама.
И сега повторно пак спомнувам почесто пред нив ај догодина братче- ама.
Повторно не ме слушаат.Внуката има 12 години.
Не е да не сме барале работа,ама тоа како оди ви е познато.
Моето дете дипломира 2005г. како најдобар студент на УКИМ таа година.
Но наредните 10 г. џабе поднесуваше секаде документи за работа.
Прв пат се запосли мислам 2015г.Некако едвај и текна на оваа ДРЖАВА дека и таа постој во неа.
Чаре. Како да ги убедам за второ дете.
Дали само ДРЖАВАТА беше виновна што останаа со едно дете.
Сега ќе ми набројувате многудетни семејства кај што родителите не работат.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Имаше едно време кога Бранко крекаше на митинзи со: "по еден вработен од фамилија" ветувањето. Тогаш и доби мандат врз основа на тоа ветување. Уште една од низата глупости на кои што овој народ поверува. На референдум излезе и гласаше за демократско општество уредено по капиталистички терк а ваму верува на социјални ветувања од овој тип.

Не е задача на државата да вработува. Тие времиња кога се правеле акции за вработување по државните фабрики во социјализмот се одамна завршени. Сега остана уште јавната администрација и вработување по тој основ е штетно за државата. Работа на државата е да служи како медијатор помеѓу бизнисите и граѓаните. Да обезбеди оптимални услови за развој на приватниот сектор од една страна, додека од друга квалитетно образование кое ќе продуцира стручен кадар за работа.
Треба приватните компании да бараат квалитетни работници на пазарот на труд а државата да им ги обезбеди.

Државата треба да осигура владеење на правото и спроведување на законите, парите од даноци да ги реинвестира во капитални проекти...
Кај нас ништо од ова не функционира и затоа народот сеуште бара работа од државата.
 
А

Атлантист

Гостин
Главна причина што денес покасно стапуваат во брак е тоа што денес сите студираат. После студирањто кога ќе се свстат каде се и дека нема работа, а без работа тешко се рашаваат за венчавака и кога ќе видиш времето поминало и на постари години добро е и на едно дете ако се решат.
Е сега бидејќи ќеркати веќе има 12 годишно дете очиглено завршила во време кога и не така лесно се стигнуваше до
диплома. Што не значи дека образованието беше нешто многу квалитетно, но не можеше тогаш секој да заврши, требаше
приличен број дебели книги да научи, што денес не е случај, студиите се многу скратрени.
Со тоа дипломите се многу девалвирани, нив сите ги имаат и во огласите многу повеќе се потпираат на работното искуство, кое ќерка ти го немала.
Друго, има стимулации разни за млади до 29 години, од ослободување на придоеси до разни бесплатни курсеви за преквалификување, значи овие постарите во старт се дискриминирани. При исти квалификации а без работно искуство, работодавачот секогаш ќе го вработи помладиот, плус стимулациите се тука за оние до 29.
Друго, бидејќи ќерка ти била најдобра во генерација значи би требало факултетот да и понуди асистенско место. Изгледа ова не е пракса одамна и овие места ги чуваат професорите за своите деца.
За хиперпродукцијава на кадри е посебен проблем, денес да имаш диплома изгледа е еквивалент на некогаш во Југославија да завршиш средно школо. Па кога ќе ми текне дека многу политичари дали заради некаков комплекс почнаа до дипломи да доаѓаат откако станаа политичари на 50 + години, од Флоровски наваму има еден куп такви. Значи денес побитно е одма со навршени 18 години да се стекнеш со партиска книшка, по можност од 2-те главни партии и со лактање и малку среќа да дојдеш со се што ти е потребно во фиромов, диплома, работа, пари...
Инаку не само дипломите и магистерските и докторските студии се многу девалвирани, негде читав дека процентуално имаме најмногу докторати по глава на жител, а дека сме најпаметна нација тоа тешко дека е така.
Значи кога ќе видиш професор имај на ум дека има професор и професор, некој можеби ја заслужил титулата додека најголемиот број од нив сигурно не.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Дали во Чешка или Данска,има такви случаеви на незапослени млади со дете како е тоа таму знае ли некој или дали студентот со највисок просек оваа година на нивниот државен универзитет,ќе чека-бара запослување и нема да најде во наредните 10 г.
Како е тоа таму решено и случајно тој студент е син на некој Кв. бравар а не пратеник или судија.
Јас не сум стапнал на било кој факултет,прв пат тоа беше кога магистрира и тоа не со било која оцена.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
некако ги нема тукашниве скопјани од Суводол,Локвица и Вир да се уклучат во темава, да не е они осеќат некоја вина за случајов,да не поради некој тамошен кој брзо станал тукашен вработен,да не баш поради него се останал некој со едно дете.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
некако ги нема тукашниве скопјани од Суводол,Локвица и Вир да се уклучат во темава, да не е они осеќат некоја вина за случајов,да не поради некој тамошен кој брзо станал тукашен вработен,да не баш поради него се останал некој со едно дете.
Само за стари скопјани е темава Анчо :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom