Законот на Телема

H

Hyperion VI

Гостин

Што, си бил некогаш член во О.Т.О. Македонија или јас лошо те разбрав сега со муабетов?
Или си имал само контакти ?
Добро ме разбра,не сакам понатаму да ја ширам темава,еве ќе си пратам само.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Добро ме разбра,не сакам понатаму да ја ширам темава,еве ќе си пратам само.
Не сакаш да ја шириш темава дека си бил некогаш член на О.Т.О. и си напуштил, или општо за темава за Телема?
 
H

Hyperion VI

Гостин

Не сакаш да ја шириш темава дека си бил некогаш член на О.Т.О. и си напуштил, или општо за темава за Телема?
Ќе ти направат проблем од USGL,ако продолжам да зборам,може муабети за Телема не е проблем,ми одговара
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Ќе ти направат проблем од USGL,ако продолжам да зборам,може муабети за Телема не е проблем,ми одговара
Тогаш да молчам и да си заминам, најмудро. :)
 
H

Hyperion VI

Гостин
Дали Гностичката Католичка Црква(Ecclesia Gnostica Catholica),собира пари за добротворни цели?
Знам дека повеќето цркви го прават тоа ,
за најзагрозените категории иако се надвор од нивниот оквир на верници.
Човечки е да се помогне,секој заслужува топол оброк и кров над глава.
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
"Не плаши се воопшто; не плаши се ни од луѓе ни од Судбини, ни од богови, ниту од што било. Не плаши се од парите, ни од смеата на будалестиот народ, ниту од која било друга сила на небото или на земјата или под земјата. Ну е твое засолниште, како што Хадит е твојата светлина; а јас сум јакоста, силата, жестината на твоите раце."(Liber Al III:17)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Јас не знам да ти кажам ова со пари собирање...

Е.G.C. не е како повеќето цркви од стариот и новиот еон, така да... навистина не сум сретнал официјална информација дека има за донирање пари некаде поврзано тоа да е со Е.G.C.
Можеби собираат и помагаат на луѓе, но не се фалат со тоа... и тоа бидува. Јас сепак мислам дека Е.G.C. не помага во таа смисла „како другите цркви“, туку на многу посуптилен начин.
На некој странски форум сигурно има кој да одговори.... или на фб страници на нет што се поврзани со E.G.C.


Мислам дека О.Т.О. преку прифатениот Закон на Телема е попогоден за ваков вид на помош. Тоа е разликата од стариот и новиот еон - не може да мешаме свети работи со земски потреби како пари!

За ова „секој заслужува“ да му се помогне со пари, сум со поделени размисли, но повеќе одам накај тоа дека како човек не можам да пресудам кој заслужува кој не, бидејќи повеќето кои „заслужуваат“ се неспособни откако ќе им се помогне да застанат на свои нозе и пак ќе западнат во неволји... но и тоа како би го знаел дали токму тоа ќе е иницијалната каписла пак за да човекот што паднал застане уште повисоко? :)

Затоа оние кои се „наши“ гледам да се угледуваат на оние кои успеваат низ патеките, да прашуваат и да учат пред да почнат со лошо дејствување (иако го имаат сето право да прават што им е Волја). Ние забораваме понекогаш дека не сме сами ѕвезди дека сите сме поврзани едни со други, дури и најугледните меѓу нас се сопнуваат на тој камен и тогаш и ним им се помага да ги разбиваат илузиите и да ги поправат грешките!

Но тоа е виша математика, за која е потребно консултирање со
Liber AL, Liber Librae, Liber Aleph која е достапна на македонски јазик и други книги и нормално, личното искуство со такви „кои заслужуваат“ од каков калибар се ...

Секако, за ова треба подолго размислување и тука се само нафрлани иницијални размисли, а може да испадне и есеј од десетина страници...


Ping @Ipsissimus
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
H

Hyperion VI

Гостин
Кои се методите за рехабилитација на зависници во Телемата и организациите поврзани со неа
т.е како вие ги третирате болестите на зависност?
Дали постојат телемитски центри за одвикнување од зависности кај нас на Балканот,
во стилот на РЕТО и НАРКОНОН?
Се надевам дека ова сериозно прашање ќе засегне повеќе членови на форумот и ќе најдат избавување преку Телемата.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Кои се методите за рехабилитација на зависници во Телемата и организациите поврзани со неа
т.е како вие ги третирате болестите на зависност?
Дали постојат телемитски центри за одвикнување од зависности кај нас на Балканот,
во стилот на РЕТО и НАРКОНОН?
Се надевам дека ова сериозно прашање ќе засегне повеќе членови на форумот и ќе најдат избавување преку Телемата.
Зрем е можно телемит да биде зависник од било што?
не ми се верува, па они со нивните секојдневни ритуали не би дозволиле да подпаднат на такви пороци...ги сметам за јаки дисциплинирани личности..или сум грешка, а:confused:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Зрем е можно телемит да биде зависник од било што?
не ми се верува, па они со нивните секојдневни ритуали не би дозволиле да подпаднат на такви пороци...ги сметам за јаки дисциплинирани личности..или сум грешка, а:confused:
Може, како не може - та не е Телемитот индиферентен кон светот што го опкружува. Искушенијата низ животот ние ги прифаќаме на драго срце бидејќи тие се она што во иднина кога ќе бидат надминати ќе бидат печат на нашето надминување во животот!

Ние сме Монаси на Телемата, но не сме затворени во четири манастирски ѕидови далеку од животот и искушенијата...

Секој може да западне во било која форма на зависност која може да му биде препрека на неговиот пат... секој!
Во Liber Librae има убави размисли за тоа... ние не осудуваме никој, каде знаеме дали и ние во неговите чевли не би направиле слично па и полошо нешто за нас самите како индивидуи?

Како што вели и @Hyperion VI (а со тоа се сложува и неговото алтер-его @Prometheus Alpha, [кои ќе треба да внимаваат да не бидат банирани ако се еден ист човек зад два профила]) "ќе најдат избавување преку Телема“.
Телема е Закон од кој излегуваат 4 зраци:
- Слобода
- Живот
- Светлина
- Љубов
со ова, ако човек е сериозен во практикувањето Телема а не бара постојано некој друг да е крив за неговото дејстување и последиците кои ги трпи - може да победи било што, со работа и сериозен пристап.
Не знам од каде му идеите дека треба организации за да некој одвикнуваме од зависности од алкохо, дроги и се останато...

Не може да му помогнеш на човек ако не сака помош или ако не побарал помош. Насила ние никој не присилуваме да се менува... та не сме ние монасите од Бигорски!
Но ако некој дојде и побара помош - воопшто не е братски да не му се помогне! Лошото е што оној што е зависник претежно е „тврд орев“ и тешко се опушта или пак бара помош мислејќи дека тоа е слабост, а всушност тоа бара огромна храброст - е тогаш се пробува со муабет од далеку - ако и тоа не бидува... нема што да се прави: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

Реков и порано некои да ги убиеш од кревање кога паѓаат пак ќе се сопнуваат на истата ствар - карма! И тоа мора сами да го променат, волно - а не постојано некој да им оди по сенката!

Понекогаш минува време и самиот човек сепак бара помош, дали за разговор дали реално помош и се почнува трнливиот пат на промената како брат со брат, како што велиш ти со пракси и ритуали и свесно и сериозно разбирање на проблемот кој што сака самиот човек да биде надминат!

Сето друго се глупи празни муабети кои само пополнуваат време, ништо друго!
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
Зрем е можно телемит да биде зависник од било што?
не ми се верува, па они со нивните секојдневни ритуали не би дозволиле да подпаднат на такви пороци...ги сметам за јаки дисциплинирани личности..или сум грешка, а:confused:
Не не поентата ми беше не само за телемити,туку и за било која друга личност,ама @Хептаграм XI ,даде задоволително објаснување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom