Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
За тебе зборувам, за кој да зборувам кога апсолутно неписмен долетуваш и зборуваш глупости тука бидејќи некаде на форум некој Телемит ти го скршил филмот додека си глумел „пророк“ и „просветлен македонец кој што ги разбира“ сите свети книги?

Да си ја најдеш книгата (а и многу други книги кои ти фалат во животецот) и да ја прочиташ за да не зборуваш глупости како што тоа го правиш со еврејските книги!

Постојано забораваш/заборавате ...
Законот на Телема (The Law of θέλημα), даден во „Книгата на Законот“ или Liber AL vel Legis svb figura CCXX гласи:

„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.
Љубовта е закон, љубов под волја“.

Ова е најзбиената форма за која може книги да се пишуваат! И секој различно го постигнува ова, секој различно дејствува, со грешки, со усовршување, со надминување... но секогаш со иста цел :love:
И нормално, со купиштата пракси од истокот и западот, за правилно разбирање на ова за правилно практично применување за да немаме многу проблеми со тоа како да дејствуваме меѓу себе, а и меѓу робовите :)

Телемитот не оправдува, туку друго вели текстот погоре: Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум.
,,, Тоа е негова сопствена одговорност. !

Ако некој решил да земе, зарем постои закон да го спречи во тоа? Затвор? Казна? Но тој веќе земал, се уништил неразбирајќи дека секоја акција има реакција и треба да е свесен човекот дека последици има... да знае колку е силен...
И кажав дека има есеи на блогот за ова „насилно“ отклучување на вратата со дроги!
Побарај, не ти давам директен линк тука.

Затоа постои „чиста волја“. Затоа постои Законот на Телема - да не глумите нешто што не сте, бидејќи во иднината тоа ќе ве боли во пределот на егото!

Ти си тој камен темелник преку кој ќе судиме што е оправдано што не? Имаш сопствен живот за пеглање, прави го тоа и никој нема да ти каже не (мала парафраза) :)
И седни учи нешто повеќе, не ме интересира твоето незнаење и омраза.

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.692
Поени од реакции
9.530

Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум.
,,, Тоа е негова сопствена одговорност. !

Извини Хепта што ваков дудук за телема долетав тука, но морам да прашам дали тоа ВИЕ дозволувате и мислите дека е правилно на секој што сака да земе дрога, на секој што сака да изврши самоубиство,всушност сакам да прашам дали кога станува збор и за твој близок, твое дете, познаник...зарем тек така лесно ке го оставиш без да направиш моабет, да му помогнеш, тек така лесно без обид да го спасиш ке му речеш дека правилно постапува???
мислам дека ми го разбра прашањето:confused:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Ти го разбирам. Еднаш се зборува. После 18 години, правно не е малолетен и не е дете во моите очи. Немам никаква „власт над него“ како дете... туку го гледам сега како маж или жена, рамноправни со мене во своите одлуки ...
Ако решил да го прави тоа, а јас сум дознал - можам само да разговарам со него/неа и толку. Ако мисли дека правилно му зборувам, познавајќи го својот татко/својата мајка, ќе знае што да прави и ќе разбере, инаку е залудно се.. Едноставно не можете против тоа...

Но јас како Телемит и те како разговарам со моите блиски за дрогите и стварите кои лажно преку умот на човека му даваат до знаење дека владеат со моќниот, а всушност е обратно - слабиот има моќ над човекот со тоа... за тоа дека има секакви луѓе кои во својата слабост глумат лудило дека се просветлени и да не слушаат никој што зборува, да истражуваат сами, од многу извори и да најдат НЗС...
Многу е битно ова за да не дојде ова што ти го зборуваш...

Сакам да кажам дека ние отворено дебатираме со нашите деца за тоа - не криеме ништо, сами да дознаваат без никакво знаење теоретско за овие ствари, како што прават сегашните родители - му фрлаат на детето скап таблет само за да не им досадува! И што потоа?
Ме разбираш нели?

А за блиските или познаник... тие се кријат се додека не е доцна (заглавени во депресија и безизлезност) бидејќи немаат никој силен до нив за да може да добијат малку надеж дека некој ќе ги извлече од дупката во која се заглавиле... затоа јас велам од порано: сакам до мене брат или сестра кои ќе стојат цврсто на своите темели кои ќе се протегаат дури до самите пеколи, за да знам, ако паднам некогаш, дека ќе има за кој да се држам и да се извлечам!

Редот како и човештвото - е синџир низ времето и просторот!
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
За тебе зборувам, за кој да зборувам кога апсолутно неписмен долетуваш и зборуваш глупости тука бидејќи некаде на форум некој Телемит ти го скршил филмот додека си глумел „пророк“ и „просветлен македонец кој што ги разбира“ сите свети книги?

Да си ја најдеш книгата (а и многу други книги кои ти фалат во животецот) и да ја прочиташ за да не зборуваш глупости како што тоа го правиш со еврејските книги!

Постојано забораваш/заборавате ...
Законот на Телема (The Law of θέλημα), даден во „Книгата на Законот“ или Liber AL vel Legis svb figura CCXX гласи:

„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.
Љубовта е закон, љубов под волја“.

Ова е најзбиената форма за која може книги да се пишуваат! И секој различно го постигнува ова, секој различно дејствува, со грешки, со усовршување, со надминување... но секогаш со иста цел :love:
И нормално, со купиштата пракси од истокот и западот, за правилно разбирање на ова за правилно практично применување за да немаме многу проблеми со тоа како да дејствуваме меѓу себе, а и меѓу робовите :)

Телемитот не оправдува, туку друго вели текстот погоре: Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум.
,,, Тоа е негова сопствена одговорност. !

Ако некој решил да земе, зарем постои закон да го спречи во тоа? Затвор? Казна? Но тој веќе земал, се уништил неразбирајќи дека секоја акција има реакција и треба да е свесен човекот дека последици има... да знае колку е силен...
И кажав дека има есеи на блогот за ова „насилно“ отклучување на вратата со дроги!
Побарај, не ти давам директен линк тука.

Затоа постои „чиста волја“. Затоа постои Законот на Телема - да не глумите нешто што не сте, бидејќи во иднината тоа ќе ве боли во пределот на егото!

Ти си тој камен темелник преку кој ќе судиме што е оправдано што не? Имаш сопствен живот за пеглање, прави го тоа и никој нема да ти каже не (мала парафраза) :)
И седни учи нешто повеќе, не ме интересира твоето незнаење и омраза.
Хепта, не го извади Alf од уста, ако толку голем фан си му , отвори си една тема за него и кажувај каков е што е, колку незнае, можеш и пророк да бидеш негов погодувајќи кои книги ги има дома...овде имаш конкретна тема.

Во наведениот цитат, битен збор е оној за кралот, немој да го изоставиш кога сакаш да објасниш зошто
апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум.

Одговорноста е едно , а давање дозвола е друго, но многу побитно е со каква намера дозволувате човек да земе опиум.Барате некаков крал, па тестирате со опојни дроги.
А ако не е , Природата е таа на која префрлате одговорност.

Па , после се убивале младите, извикувале јас сум Кроули, е ќе се убиваат кога со вакви филозофии ги лажат.

Ајде, сега искршија тастатурата за Alf.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
За друго со тебе како човек скриен зад alien life form, не можам да зборувам.
Неук си и тоа ти раѓа злоба кон другите кои ти велат да учиш повеќе...

За другото - не коментирам глупости кои излегуваат од твојот ум неповрзани со Телема
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Во наведениот цитат, битен збор е оној за кралот, немој да го изоставиш кога сакаш да објасниш зошто
апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум.

Одговорноста е едно , а давање дозвола е друго, но многу побитно е со каква намера дозволувате човек да земе опиум.Барате некаков крал, па тестирате со опојни дроги.
А ако не е , Природата е таа на која префрлате одговорност.

Па , после се убивале младите, извикувале јас сум Кроули, е ќе се убиваат кога со вакви филозофии ги лажат.

Ајде, сега искршија тастатурата за Alf.
Да даваш или не даваш некому дозвола за било што, значи да се наметнеш себе си над неговото право на избор. Тоа значи да го ставиш на скалило под себе си, да го сметаш за неспособен да одлучува за сопствените постапки, значи да му ја одземеш слободата. Никој не посакува страдање за своето дете, но секој што има дете, знае(или би требало да знае) дека колку поагресивно настапува со забрани, бказни и слично, толку помал ефект имаат истите. Ако тоа важи за дете, може да замисли само човек како се манифестира кај возрасен човек.
Намерно или случајно, сакаш ова да го прикажеш како поттик да се користи дрога, наместо да ја согледаш суштината во таа порака - дека безрезервната љубов значи безрезервна слобода за оној што ти значи.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.692
Поени од реакции
9.530
- дека безрезервната љубов значи безрезервна слобода за оној што ти значи.

Безрезервна љубов не постои, неможе никој да ме убеди во тоа!!!
Најблиску до таа т.н.безрезервна е љубовта на родителот кон своите деца, но и тука пак постои еден "услов", да таа љубов која им се дава биде вратена со тоа што они ке бидат добри деца.

И како би било тоа, ако моите деца пример се дрогираат ама јас ќе ги оставам што сакаат нека прават, нивен живот и нивна слобода нели, без да се умешам, без да се обидам да ги вратам на правиот пат, па макар одела со нив до пеколот и назад?
НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ТЕБЕ...безрезервна љубов е ако треба и мојот живот да го дадам за нив:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Безрезервна љубов не постои, неможе никој да ме убеди во тоа!!!
Најблиску до таа т.н.безрезервна е љубовта на родителот кон своите деца, но и тука пак постои еден "услов", да таа љубов која им се дава биде вратена со тоа што они ке бидат добри деца.

И како би било тоа, ако моите деца пример се дрогираат ама јас ќе ги оставам што сакаат нека прават, нивен живот и нивна слобода нели, без да се умешам, без да се обидам да ги вратам на правиот пат, па макар одела со нив до пеколот и назад?
НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ТЕБЕ...безрезервна љубов е ако треба и мојот живот да го дадам за нив:)
Нема потреба од буквализирање, многу добро знаеш што сакав да кажам со безрезервна љубов. И каде виде да зборувам за деца?! Со цел памет мислиш дека јас или било кој друг телемит би дозволил на деца да користат дроги?! Сериозно? Понекогаш едноставно не можам да прифатам дека погрешно разбирате, не може до толку да сте ограничени....ко намерно да сакате да ги извртите нашите зборови....
Повеќе од јасно беше дека зборуваме за возрасни луѓе а не за деца:
Ти го разбирам. Еднаш се зборува. После 18 години, правно не е малолетен и не е дете во моите очи. Немам никаква „власт над него“ како дете... туку го гледам сега како маж или жена, рамноправни со мене во своите одлуки ...
Ако решил да го прави тоа, а јас сум дознал - можам само да разговарам со него/неа и толку. Ако мисли дека правилно му зборувам, познавајќи го својот татко/својата мајка, ќе знае што да прави и ќе разбере, инаку е залудно се.. Едноставно не можете против тоа...
[DOUBLEPOST=1561384576][/DOUBLEPOST]
Најблиску до таа т.н.безрезервна е љубовта на родителот кон своите деца, но и тука пак постои еден "услов", да таа љубов која им се дава биде вратена со тоа што они ке бидат добри деца.
Воопшто не се согласувам со болдираниов дел. ,,Љубов" што се дава со цел да се добие било што за возврат не е љубов туку бизнис зделка.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Да даваш или не даваш некому дозвола за било што, значи да се наметнеш себе си над неговото право на избор. Тоа значи да го ставиш на скалило под себе си, да го сметаш за неспособен да одлучува за сопствените постапки, значи да му ја одземеш слободата. .
Изменето од модератор....
Која е разликата од "даваш/не даваш дозвола" од " дозволува/не дозволува"?

Вашиот цитат вика
апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум

Според тоа што го кажа, .... значи да се наметнеш себе си над неговото право на избор. Тоа значи да го ставиш на скалило под себе си, да го сметаш за неспособен да одлучува за сопствените постапки, значи да му ја одземеш слободата..

Да знаеме ,а знаеме од искуство со какви си имаме преписки.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Што тресеш зелени бре?

За човек што има интелегенција, не е тешко да разбере што кажавме Изменето од модератор....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Темата, цитатот, ....не Alf да го коментираш.
Повели!
Суштината на слободата е изборот, ускрати му го тоа и си му ја одзел слободата. Човекот треба и мора да биде слободен да носи одлуки за неговиот сопствен живот без мешање и забрани од никој. Тоа незначи дека не треба да му се укаже на последиците од тие одлуки, но не смее тие последици да бидат алиби за одземањето на неговата слобода. Тоа е поентата на цитатот кој сакаш да го прикажеш како нешто зло.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Суштината на слободата е изборот, ускрати му го тоа и си му ја одзел слободата. Човекот треба и мора да биде слободен да носи одлуки за неговиот сопствен живот без мешање и забрани од никој. Тоа незначи дека не треба да му се укаже на последиците од тие одлуки, но не смее тие последици да бидат алиби за одземањето на неговата слобода. Тоа е поентата на цитатот кој сакаш да го прикажеш како нешто зло.
Ништо кое може да предизвика телесни проблеми , не треба во никаква смисла во случајот некаков духовен напредок, да се спомнува во допуштен избор.

Постојат многу лековерни поединци кој потикнати од вакви цитати(без разлика што сакал да каже писателот) да забегаат во опојните дроги.

Погледни, една книга од пред 2000год. какви бајки содаде , а не па да им "дозволиш" со дроги.....ужас.
И самиот прочита за тоа момчето што се самоуби, Кроули мислел дека е.

Не е тешко да увидиш дека далеку од духовен развој се луѓето, вакви цитати тргнете ги.Можат да нанесат штета некому.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ништо кое може да предизвика телесни проблеми , не треба во никаква смисла во случајот некаков духовен напредок, да се спомнува во допуштен избор.

Постојат многу лековерни поединци кој потикнати од вакви цитати(без разлика што сакал да каже писателот) да забегаат во опојните дроги.

Погледни, една книга од пред 2000год. какви бајки содаде , а не па да им "дозволиш" со дроги.....ужас.
И самиот прочита за тоа момчето што се самоуби, Кроули мислел дека е.

Не е тешко да увидиш дека далеку од духовен развој се луѓето, вакви цитати тргнете ги.Можат да нанесат штета некому.
Нема духовен развој без слобода, нема слобода без избор. Оној што не е способен да види какви последици ќе има некој негов избор, не е способен за никаков духовен развој. Оној пак што е предодреден за духовност, со леснотија ќе увиди каков исход ќе има врз него една таква постапка. Никого нема да смениш, луѓето ќе бидат тоа што се, можеш да го прифатиш тој факт или да се обидеш да им ги наметнеш своите морални концепти. Ова второво, иако можеби со најдобри намери има донесено најмногу страдања за човештвото, далеку поголеми од било кој опиум, хашиш или хероин заедно. Како што вели една поговорка - Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
 
Ова е фашистички пристап кон духовното, само најјаките се вашиот избор..
Не реков никого да смените, реков цитати кои можат да нанесат штета да ги остраните.
Не може оправдување да се бара во тоа дали е некој свесен или несвесен во своите постапки, кога знаеш дека зборовите влијаат на нив.Како што викате да не се толкува на друг, така гледај и на ова исто, може штета да се направи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom