Законот на Телема

K

kicodarker

Гостин
Јас никогаш не ги разбрав телемитиве. Читаш на пример нивна книга и цело време зборува за ликови и настани во други книги. Испаѓа треба еден куп книги да имаш прочитано за една нивна книга да прочиташ и да ја разбериш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666

True. :)
Не е премногу голем „купот книги“, без страв.

Една книга води кон друга, и пак се враќаш на првата и се ти е во друго светло.
Собрано искуство, разбирање, нови симболи кои ги комбинираш со старото знаење...

Проблемот почнува откако ќе треба тоа што е на почеток разбрано, да се примени во пракса, и навнатре и нанадвор.
Не може кон внатре еден закон, а кон надвор друг :)
 
Многу опширно замина со одговорот. Сакам да кажам од негде треба да имаш основа некое познавање на работите. Атлантида е таква на пример. Ама и со блогот е така малку.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
Многу опширно замина со одговорот. Сакам да кажам од негде треба да имаш основа некое познавање на работите. Атлантида е таква на пример. Ама и со блогот е така малку.
Атлантида не може да се разбере ако само таа книга е прочитана од Кроули, без да се знае идејата за Телема, иницијација, магика итн итн... тоа е алегорија полна со симболика која може да значи ова, или она...

„Магика без Солзи“ и „Законот е за Сите“ се ок книги да се прочитаат за да човек има идеја за Телема, Магика, новиот еон, магиски формули - со еден збор, да се запознае човек со хиероглифите на новото време и новиот закон.

Блогот е збир на мои размисли за овие ствари + некои извадоци од книги преведени на македонски јазик напишано од Кроули.

Целта е да прочита секој што го интересира и да има некоја идеја што да бара и која книга да ја зафати.
Не откривам јас некакви недостапни тајни за луѓето. Само се трудам да го олеснам патот низ безбројните книги и информации човекот да ја најде нишката на размислите на Кроули и на целата философија на Телема. Затоа постојано давам линкови до книги.

Ако се надмине мрзливоста - ќе може секој да знае доволно за овие ствари.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
“Also the mantras and spells; the obeah and the wanga; the work of the wand and the work of the sword; these he shall learn and teach.” —AL I:37
Screenshot_20190605-222325_Facebook.jpg
Link
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
"Запаметете дека сите дела на љубов и задоволство се ритуали, мора да бидат ритуали.

Сè зависи од твоето сопствено прифаќање на овој
нов закон, и не мора да веруваш во ништо, да прифаќаш низа од будалести сказни под интелектуалното нивно на Бушман и моралното ниво на уживателот на дроги.
Се што мора да направиш е да бидеш она што си, да ја извршуваш својата волја, и да се радуваш."
- Законот на Слободата
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541

Офффф Хепта!!!
Ајде кажи дали некој на овој свет го почитува тој закон, дали успева?
:confused:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
Офффф Хепта!!!
Ајде кажи дали некој на овој свет го почитува тој закон, дали успева?
:confused:
Никој. :) Ете, "никој" не го почитува... во твојот универзум сигурно никој!

Да не сакаше да кажеш „да дејстува“ според Законот на Телема?

Овој закон не е за почитување. Не бара никој од тебе или од било кој друг да го почитуваш Законот на Телема.
Ако не се пронаоѓа човек во Телема - ја одминува. Бидејќи залудно е да се заморувате (мислам да истражувате и да живеете по правила и философија) со нешто што не е според вашата природата сега и тука ...

Друго се зборува во текстов, друго јас зборувам и уште многумина (ако побараш) ќе видиш дека друго зборуваат во врска со ова.

P.S. Претхотно линкот кон „новиот закон“ е поправен.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Денес е летна долгодневица, денеска денот е најголем а ноќта најкратка. Сонцето отсекогаш било основа и симболизам за речиси сите поголеми светски религии, само што таа симболика била и сеуште е позната само на малкумина. 93 93/93!
Офффф Хепта!!!
Ајде кажи дали некој на овој свет го почитува тој закон, дали успева?
:confused:
Погрешно поставено прашање. Би требало да гласи: Дали сите оние во светот што живеат според принципите на овој закон (а би се изненадиле колку се ) го познаваат истиот под ова име - Телема.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.704
Поени од реакции
9.541
Денес е летна долгодневица, денеска денот е најголем а ноќта најкратка. Сонцето отсекогаш било основа и симболизам за речиси сите поголеми светски религии, само што таа симболика била и сеуште е позната само на малкумина. 93 93/93!

Погрешно поставено прашање. Би требало да гласи: Дали сите оние во светот што живеат според принципите на овој закон (а би се изненадиле колку се ) го познаваат истиот под ова име - Телема.

Ајде, така нека биде, но одговорот од Хепта ке се проомени ли??
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ајде, така нека биде, но одговорот од Хепта ке се проомени ли??
Одговорот на Хепта се однесува на твојот (вашиот) универзум, или со други зборови твојот светоглед, твојата перцепција за светот. А тоа не е исто со светот и универзумот во генерална смисла на зборот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666

„Ние Телемитите ја охрабруваме секоја можна варијација; ние го поздравуваме секој нов “спорт”; неговиот успех или неуспех е наш единствен тест за неговата вредност. Дозволуваме квачкиното чудно седело да го однесе водата и се смееме на нејзините крици за помош; од друга страна го штитиме “грдото пајче” знаејќи дека Времето ќе ни покаже дали од него ќе стане убав млад лебед.“
- Законот е за Сите
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Исто така вие телемитите...
Ние Телемитите сметаме дека е апсолутно правилно ако му дозволиме на човек да земе опиум. Така тој може да го уништи своето физичко возило, но тој може да создаде нов Кублај Кан. Тоа е негова сопствена одговорност. Исто така, ние добро знаеме дека “Ако тој е Крал” тоа нема да го повреди – на крајот на краиштата. Ние се потпираме на Природата да ги заштити, а Мудроста да ги оправда нивните деца. Површен е приговорот дека треба да се спречи човек сам да се уништи или убие, заради него самиот и заради “оние кои зависат од него”.

Која лудост, да се оди до тој степен да се уништи своето тело за духовно напредување!:facepalm:
Ако не е кралот, тури му пепел.., дај друго дете.:(
 
Не е лудост. Карма и бхакти јога е тоа, човеку... дали знаеш ти што значи тоа? Не може да судиш за другиот колку е луд, не си му во чевлите!
Види после црвеното што пишува... Ти знаеш што значи да имаш одговорност спрема себе и другите?
Во „Препород на Магиката“ од Кроули се зборува за должностите! Ја имаш, види таму ;)

Која е лудоста на еден монах или мистик од другите учења да замине од светот и живее во пустелија, сам со себе, секојдневно да се храни со бубачки и да пие вода од росата што се насобрала преку ноќта? Или постојано во 2 по полноќ да се моли и да го призива богот во темната келија осветлена само со едно кандило?

Туѓата лудост за тебе, за нив е огромна мудрост за нив самите. Ти си никој и ништо во очите на божественото и магичарот, ако се обидеш да застанеш помеѓу овие луѓе и нивната врска :)

П.С. Ако ми кажете дека треба да се помогне на човек што се нафатил со дрогите, има на мојот блог есеи што се заморуваат со тоа како луѓето се плеткаат неповикани во човечките животи и одлуки, како и за тоа што прават дрогите и дека не се ништо посебно... но за секој е различно!
 
Кој збори за поединец и како одбрал тој да живее, зборам за група која оправдува духовните сакалила да се искачуваат со неморални постапки и при тоа да се поставува цел од некаков крал како успех...а ќе го заштити Природата и сето тоа е оправдувачко за децата од Мудроста.:facepalm:

Мистикот или монахот , својот пат го одбираат за да воспоствават умствен мир на границата помеѓу материјалното и нематеријалното, затоа и одбираат место каде не е "загадено" од модерениот човек.

Додека ова што го оправдувате е "насилен" начин да се раскине врската на реалноста , за да се постигне духовното.
До вчера се лигавевте дека Кроули користел дроги за лекување , еве сега тоа го поврзувате со патот на мистикот и монахот. Глупост!

п.с. Немам таква книга Препород на Магиката од Кроули
п.с.с. Се приметува во твоите постови дека повеќе глаголиш за alf ,ако немаш што да кажеш за темата , подобро молчи си.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom