Законот на Телема

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.523
Поени од реакции
9.412
...od tvoite komentari i objsnuvanja za Telema moze covek mnogu toa da procita i nauci
...probaj samo da go izmenis nacinot na koj komuniciras so ostanatite(nemoj da go svatis ova kako napad na tvojata licnost), bidejki kontra-argumentite koi gi nudis kaj mnogumina ragjaat somnez za napad.A somnezot za napad nosi odbrana,neli? ;)
...tesko se razbiraat lugjeto koga stanuva zbor za nivnite veruvanja,predrasudi i stravovi. Zatoa i mnogu cesto go potenciram toa vo moite komentari
...we are not all open mindet :)
Понежно објаснување на вистината Хепта не добил никогаш;)
:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
...od tvoite komentari i objsnuvanja za Telema moze covek mnogu toa da procita i nauci
...probaj samo da go izmenis nacinot na koj komuniciras so ostanatite(nemoj da go svatis ova kako napad na tvojata licnost), bidejki kontra-argumentite koi gi nudis kaj mnogumina ragjaat somnez za napad.A somnezot za napad nosi odbrana,neli? ;)
...tesko se razbiraat lugjeto koga stanuva zbor za nivnite veruvanja,predrasudi i stravovi. Zatoa i mnogu cesto go potenciram toa vo moite komentari
...we are not all open mindet :)
Благодарам.
Ќе пробам во иднина со различни соговорници кои ќе влетаат на темава да пробам да не помислат дека ги напаѓам, туку да сфатат дека воопшто не ми е грижа во што веруваат, какви ритуали изведуваат, дали изведуваат, кои богови и идеали имаат во животот - бидејќи, мене како Телемит не ме интересира ничија Волја ниту имам потреба да ја знам, да ја поддржувам или негирам... ме интересира само да зборувам за Телема и да објаснувам и споредувам со други учења и верувања. Толку.

Бидејќи, бидејќи сум ја прифатил „Книгата на Законот“ како начин на дејствување меѓу луѓето и боговите, сум прифатил и она што е дадено во Liber Oz или Правата на Човекот - за да не биде збунувачки, наједноставно кажано - како што јас имам слобода да правам што ми е волја и прифаќам дека сум Ѕвезда со своја орбита, исто така прифаќам дека и секој друг го има тоа право, да има апсолутна слобода и да ја пронајде својата Волја додека талка меѓу луѓето.

Правата на Човекот или Liber Oz може да го читнете тука, а мои кратки коментари за истата може да ги ѕирнете тука, може она што можеби не Ви е јасно, да ви стане појасно (Се надевам нема уште повеќе да го заматам разбирањето на истата) :)

Мене ме тангира (а и секој друг би требало) ако и само ако нечија патека ја пресекува мојата патека со наум да ми го сопре движењето заради нивното верување како треба да е уреден туѓиот живот на база на нивното разбирање на етиката, моралот и се останато... посебно ако доаѓа од верување во свети книги. Тогаш доаѓа до двобој :)

Но и тој двобој е братски од моја страна! Така сме научени...

„... во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно Љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа.“
- Порака на Мајсторот Терион

Луѓето се чувствуваат нападнати бидејќи не очекуваат вакви муабети на пдф „Религија“. Како да очекуваат со една мисла или една навреда (низок удар) да „победат“ во некаков натпревар на надмудрување на вакви теми ....
Во минатото (кога јас дојдов тука на овој подфорум, 2010-та) цело време другата страна обвинуваше и сатанизираше - и сега кога тоа не може да се прави повеќе така едноставно , некои се чувствуваат нападнати, а нема потреба така да се чувствуваат. Тоа може и да им е оправдување за да не им коментира човек, да се чувсвуваат некакви „победници“ во дискусијава тука... не знам, различни соговорници, различни ситуации...

Не треба страв од идеи кои може твојот или нечиј туѓ став и идеи да ги промени... промената е добра работа.
 
Хепта душо....има навистина убави работи во Книгата на Законот, но фали една многу битна работа што ние во христијанството ја имаме, а тоа е дека горделивоста не е доблест, туку е голема мана и грев.
Сакал разбереш, сакал не :toe:

Никој не се натпреварува со тебе, ниту се надмудрува, а далеку од тоа дека некој член имал страв од твоите или туги идеи и не помислувал на промени..претеруваш со исмејување на христијанството.Едноставно,Ти душо моја го убиваш соговорникот со твојата ароганција и горделивост....дури понекогаш мислам дека и кога спиеш, во сон изговараш Тука, тука, тука можете да читнете, можете да ѕирнете, телема, телема...телемаааа
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
Кои се убавите работи во „Книгата на Законот“? Барем 3 наброј...
И каде најде дека горделивоста е доблест и што значи горделивост според тебе? Празното дување дека си нешто, а не си - Е лошо без разлика на свети книги и богови! :D

Не знам колку си способна да направиш паралела што недостасува што не во однос на старите религии и Телема.. промашена компарација во одност на горделивоста. Има еден стих таму зборува за горделивоста... и отменоста ... и борбата! :)

НЕ постои грев во Телема, во христијанска или старо-еонска смисла. Тоа се старо-еонски учења за наследен грев и се останато накалемено за човекот да се чувствува грешен. Наследен од евреите и од никој друг.

„Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.“
- Liber Librae sub figura XXX

Кај нас најголем грев е игнорирање на вистината за човекот и светот стекнато преку искуството што го има човекот, и тоа знаење кое не се поклопува со верувањето кое го има човекот до тој момент. Поголем грев од тоа, нема и е проклество, не само грев.
ВО староеонските филососфии измислиле едно многу лукаво решение: ако почувсвуваш дека нештата не се баш така како што проповедаат свештениците, тоа е искушение од ѓаволот и не смееш да напуштиш! Грев е! :D
Ха.

Многу грешиш во однос на христијанството и исламот дека ги исмејувам.
Јас го исмејувам незнаењето на соговорникот што доаѓа тука мене да ми паламуди колку Телема е лошо нешто, а не знае ниту да се прекрсти ниту пак знае нешто од својата религија освен адети и пијанчење на христијански празници, кои треба да се празнуваат на сосема друг начин - но соговорникот мој, за жал тоа не го интересира и нема потреба да го знае (мал исклучок има нормално со луѓе тука кои си ја знаат религијата и пробуваат да си живеат според истата).
Човек што знае и живее по тие нивни стари закони, ќе знае и што да одговори (или не одговори) и ќе знае кога и како да се повлече... но денес, немаме такви христијани тука и тоа е добро :)

Не сум јас виновен што ти како христијанка не знаеш ништо за својата религија освен рекла казала и адети... ниту читаш христијанска литература од старци и свештеници ниту ништо... и сега јас сум арогантен заради твоето непознавање на работите?
Треба да не ти кажам дека немаш познавање од своето, не пак да правиш споредба помеѓу мојот начин на живот со твојот во однос на верувањата и надежта во живтот?
Ок.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.523
Поени од реакции
9.412
Треба да не ти кажам дека немаш познавање од своето, не пак да правиш споредба помеѓу мојот начин на живот со твојот во однос на верувањата и надежта во живтот?
Ок.
Знаев дека нема да сфатиш која ми е поентата, ајде , нема везе.
Преголема е твојата дрскост со која ни го набиваш на нос нашето незнаење за кои самите сме свесни... и јас неколку пати имам признаено....ете тоа.:toe:...и тој твој начин на однесување ни е одбивен и не не привлекува за да нешто читнеме за телемата.
Извини ако сум груба и оф топик.
поздрав
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
Знаев дека нема да сфатиш која ми е поентата, ајде , нема везе.
Преголема е твојата дрскост со која ни го набиваш на нос нашето незнаење за кои самите сме свесни... и јас неколку пати имам признаено....ете тоа.:toe:...и тој твој начин на однесување ни е одбивен и не не привлекува за да нешто читнеме за телемата.
Извини ако сум груба и оф топик.
поздрав
И ти се држиш до некаква твоја поента да ми покажеш како јас треба со вас многу понежно, многу горделиво и нападен сум.,.. и не ме ни прочита што ти пишувам.
Набивам на нос нечие незнаење кога доаѓа и паламуди за Телема колку е ваква или онаква без да има било каква идеја не само за Телема, туку и за сопственото верување во било која негова религија. Луѓе кои доаѓаат тука да осудат нешто кое не им се допаѓа бидејќи прочитале секакви информации (претежно од луѓе кои се дел од старите религии и кои се научени да осудуваат и сатанизираат се што не е дел од нивното учење) или пак само за да удрат малку сарказам или да се обидат да навредат некој со глупости.

Инаку не ми е битно ничие незнаење, туку кога тоа незнаење е извор на омраза, болен сарказам и пополнување на сопственото време со пишување глупости за да навредиш друг.
Повеќе сум заинтересиран за знаење за да научам нешто повеќе, да разберам подобро... без разлика што сите различно веруваме или не, имаме различни идеи и идеали, дел сме од стари, нови учења... небитно!

Се разбираме сега од каде мојата „дрскост“? Хепта мили, хепта драги, вака Телема, вака „Книгата на Законот“ - а од сето тоа што го коментираш немаш поима. ТОа иритира... во најмала рака. И не може да ме влечкаш по тие глупи друмови ама ти си дрзок... еми да те нишам во прегратки додека ми глумиш лудило за Телема?
ТУка сум да ви кажам и споделам информации за Телема за да знаете повеќе (знам дека многумина не сакаат да знаат повеќе), не да си одиме на гости и на слави по дома... да се расправаме, да дискутираме за религии.

Дискусиите тука се едни против други - така било така е и така ќе биде.... а ти размисли зошто е така тоа и си одговори сама на себе.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
Истиот еднопотезен хексаграм го има во центарот на мојот аватар тука на форумов (ако сте забележале)!
Нешто собрано во едно за еднопотезниот хексаграм, „симболот“ за Телема.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
Hahahahaha...a machki kako lovete?...
Na jadica ili so pushka?
Со убави жени! :love: Како инаку?

„Гледајте! ова се сериозни тајни; зашто исто така меѓу моите пријатели има пустиници.
Но, не мислете дека ќе ги најдете во шума или на планина;
туку во пурпурни кревети, милувани од прекрасни жени ѕверови со долги екстремитети,
со оган и светлина во нивните очи, и бујна пламена коса околу нив
; таму ќе ги најдете.“
- Книга на Законот, II:24
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.523
Поени од реакции
9.412
Со убави жени! :love: Како инаку?

„Гледајте! ова се сериозни тајни; зашто исто така меѓу моите пријатели има пустиници.
Но, не мислете дека ќе ги најдете во шума или на планина;
туку во пурпурни кревети, милувани од прекрасни жени ѕверови со долги екстремитети,
со оган и светлина во нивните очи, и бујна пламена коса околу нив
; таму ќе ги најдете.“
- Книга на Законот, II:24
ТУШ (y)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...не постои човек на планетава што може да се убеди со зборови што не ги знае и со ставови што не се негови.Така само го "фрлаш" истиот во еден непознат свет,а тоа по аналогија носи самоодбрана и негативен став за оној што го чини тоа.
...најефективниот начин на будење интерес за твојата кауза е да ги слиеш твоите мисли во неговите зборови и начин на размислување. Човекот не смее во ниеден момент да осети дека некој пробува да му "обуе" туѓи чевли на нозете :)
...а за тоа не е доволна интелектуалната подкованост и желбата за промени
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.584
Поени од реакции
11.597
Бидејќи сме на темава за Телема, и порано сум зборувал за ова, но да повториме: никој не може да убеди било кој друг да прифати Телема или да бара иницијација во мистериите на животот. Никој не може насила или со убедувања да натера друг да ги собуе кондурите и да облече туѓи кои го стегаат и не се за неговата патека која ја оди...
Можеме да објаснуваме за сите учења, да споделуваме до кај ни е разбирањето, до кај можеме да зборуваме јавно за нештата и симболите, па и самите искуства и искушенија...
Сето ова „убедување“ луѓето го гледаат преку призмата од минатото кога се проповедаше и убедуваа луѓето како ова е најдоброто, другото е зло...
Ако така гледаме, се што постои на Земјата е илузија, а со тоа и зло... дали е нужно зло за надминување? Да!

Човекот и сето негово искуство тука на Земјата е исто како тежината која ја има тег со кој што сакаме да вежбаме гради, но во однос на бесконечноста која ја ограничува ова тело и ум e нужна тежина со која се распламтува „пламенот што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда. “ ! Може така да гледаме на работите :)

Наназад имам кажано дека ниту едно објаснување не е доволно ниту убедливо за било кој... ничие зборување за Телема мене не ми било доволно ниту прифатливо како такво дека е вистина или дека е за мене бидејќи некој ми зборува за нештото...

Единствено нешто што треба било кој да направи е да проба да ја прочита „Книгата на Законот“ и да си стави во умот дека тоа е порака за него, како и да ја разбира во тој момент додека ја чита...
Како ќе дејствува, такви резултати ќе има, не откако ќе умре и ќе биде казнет од боговите или карма - туку сега, веднаш во даден момент на Земјата, пред да се испушти последнит здив меѓу живите.. како што учи и физиката дека на секоја акција има и реакција во даден момент, така и Телема учи дека дејствувањата на било кое ниво на постоење предизвикуваат последици.

Ако не се пронаоѓаш во ова, не постои бог кој што ќе те казни или ќе те убеди против твоја волја ти да одиш пат кој што нема да те однесе никаде! Пат кој што ќе те измори и фрли со еони наназад... со која цел би трбало тоа, кога иницијациите и учењата одат нанапред, а не наназад?

Телема ти дава право да правиш што ти е волја, но тоа не те ослободува од одговорноста кон себе си и другите! Секој е одговорен што зборува и со какви дела ги поткрепува зборовите!
Words & Deeds, пријатели, инаку се е лага и клетва.

Тука сега ми доаѓаат идеи од „Препород на Магиката“ и есејот за должноста на човекот, исто и делови од „Магика, Книга 4“ или пак некои од техничките книги на А.'.A.'. каде што се зборува дека кога си дојден тука на Земјата. меѓу луѓето - човек не треба да заборави од каде доаѓа и на каде оди, бидејќи во природата, универзумот, самото апсолутно постоење - не постои прекин!
Светлината не прави скокови! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom