Ф
Флеш
Гостин
На Амулијани баш вака е . Ти треба 15 минути најмалку преку рид до подобрите поорганизирани плажи. Со комбе во еден правец е 2 евра кој кружи на 3 саата . Скутерите беа по 30 евра од ден .... Тура Атос имаш за 10 евра или Магарешки Острови за 10 евра или до Ситонија на еден ден за 10 евра ..... Иначе далеку е поубаво да си во градчето и да шеташ дирекно .....За кола е глупо на остров искрено .....Да изнајмиш и велосипед е супер варијанта.Си ренташ скутерче од 50 кубика и тераш, тебе посекако ќе ти отидат пари за бензин со колата, скутерче ти е супер варијатна 160 километри со 10 евра (едно полнење) ти одат. Да не навлегувам многу офтопик, има острови каде што нема теорија да одиш со кола, пример Скијатос, зошто? Поврзан си со автобус кон голем дел од плажите, траектот до таму е изгор и никако не се исплати, посекако треба да дадеш плус пари на тура со брод за плажи на секој остров што ги има, така да не можеш да си планираш океј идам со кола немам трошоци за превоз никакви (тие пари во секоја варијанта ги даваш плус). Закинтос не е добро разработен со превоз ко Скијатос, ама можеш да прошеташ без проблем сите плажи има бесплатни автобуси до плажи, тури мал милион од 5 до 20 евра, за секој ден да си имаш различна плажа имаш комотно. Веројатно ми ја сфати поентата, до некој места е поисплатливо да се оди со кола да, ама некој места особено ако траектот е скап, едноставно поисплатливи ти се да одиш со агенција и таму да користиш автобус доколку добро функционира (Крит, Скијатос) или да ренташ скутер/да ренташ неколку дена + неколку дена тури (Тасос, Закинтос), поефтино ти поминува отколку колата да ја мкнеш по траекти, особено ако начекаш last minute што сега ги има на претек понуди.