Закинтос

Ф

Флеш

Гостин
Си ренташ скутерче од 50 кубика и тераш, тебе посекако ќе ти отидат пари за бензин со колата, скутерче ти е супер варијатна 160 километри со 10 евра (едно полнење) ти одат. Да не навлегувам многу офтопик, има острови каде што нема теорија да одиш со кола, пример Скијатос, зошто? Поврзан си со автобус кон голем дел од плажите, траектот до таму е изгор и никако не се исплати, посекако треба да дадеш плус пари на тура со брод за плажи на секој остров што ги има, така да не можеш да си планираш океј идам со кола немам трошоци за превоз никакви (тие пари во секоја варијанта ги даваш плус). Закинтос не е добро разработен со превоз ко Скијатос, ама можеш да прошеташ без проблем сите плажи има бесплатни автобуси до плажи, тури мал милион од 5 до 20 евра, за секој ден да си имаш различна плажа имаш комотно. Веројатно ми ја сфати поентата, до некој места е поисплатливо да се оди со кола да, ама некој места особено ако траектот е скап, едноставно поисплатливи ти се да одиш со агенција и таму да користиш автобус доколку добро функционира (Крит, Скијатос) или да ренташ скутер/да ренташ неколку дена + неколку дена тури (Тасос, Закинтос), поефтино ти поминува отколку колата да ја мкнеш по траекти, особено ако начекаш last minute што сега ги има на претек понуди.
На Амулијани баш вака е . Ти треба 15 минути најмалку преку рид до подобрите поорганизирани плажи. Со комбе во еден правец е 2 евра кој кружи на 3 саата . Скутерите беа по 30 евра од ден .... Тура Атос имаш за 10 евра или Магарешки Острови за 10 евра или до Ситонија на еден ден за 10 евра ..... Иначе далеку е поубаво да си во градчето и да шеташ дирекно .....За кола е глупо на остров искрено .....Да изнајмиш и велосипед е супер варијанта.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Ајде да ја надополнам темава и да напишам еден патопис за моето летување во Закинтос во 2011 година.
Отидовме преку агенција и тоа на местото Лаганас, гледам кај нас повеќето агенции го нудат истото место плус некои и Аргаси. Помеѓу овие две може да направам една споредба:
- Лаганас е центар на сите збиднувања(журки, дискотеки, пена парти, пијанчења и што уште не ;) ) и е полно со млада популација од 15 до 35 години додека Аргаси е тивко мирно местенце со еден два кафичи и плажата и е полно со повозрасни луѓе( фамилијарни луѓе ).
Од Скопје до Закинтос се патува околу 11 саати, 10 саати со автобус и 1 саат со траект од пристаништето Patra до Zakynthos.
Еве некои слики од Главниот град на Zakynthos кој е воглавно пристаниште Zante.
Прегледај го приврзокот 65548
Ова е поглед од траектот при пристигање во Zakynthos.
Кога пристигнавме во Лаганас пријатно се изненадивме, се осеќаше мирисот на маслинки, лимони и иако беше пред-сезона 04.07.2011 имаше еден куп луѓе, Лаганас е преполн со луѓе кој воглавно се Англичани (околу 80 %) и Македонци,Срби (20 %). Ме изненади дека Грци воопшто не ни видов освен сопствениците на продавници, бутици и рестораните :D
Прегледај го приврзокот 65549
Еве ја плажата во Лаганас која мене и не ми се допадна, повеќето луѓе идат на оваа плажа зашто е одма до сместувањата.
Прегледај го приврзокот 65552
Еве слики од Banana Beach која се наоѓа 3 км после Ag.Nicolas плажата. Според мене плажа бр.2 по убавина во Закинтос.
Прегледај го приврзокот 65554 Прегледај го приврзокот 65555
Прегледај го приврзокот 65556
Во позадина го гледате островот Маратониси-островот на желките, подоле ќе ставам слики од истиот кој го посетивме со брод :)
Прегледај го приврзокот 65557
Oва е сликано од бродот, може да заприметите десно има плажа која навечер и вон сезона желките доаѓаат и несат јајца. Од другата страна на Маратониси има уште една плажа која е мн. поубава и кристално чиста ама таму беше строго забрането да се посети бидејќи имало јајца од желките кои беа оградени со дрвца(ова го видовме оддалеку, и водичот ни го објасни)
Следува слики од плажата Ag. Nikolas или како што ние и србите си ја викавме плажата Свети Никола која всушност се викаше така зашто имаше и црква на крајот од плажата.
Прегледај го приврзокот 65558

Прегледај го приврзокот 65559Прегледај го приврзокот 65560
Ќе го надополнам постот...................................................................
Како функционира траектот? Се вади карта во еден правец или има поефтина опција со повратна карта?
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Laganas

Тука бевме сместени секако, плажата е километарска, од едниот до другиот крај можеби се оди 40 минути до 1 саат. Онака ништо посебно не е водата, не е лоша, сите овие плажи нагоре се подобри од Лаганас. Има доста луѓе што не мрднаа од таму, само на таа плажа седеа, ако сте љубители на убави плажи не ви препорачувам сите денови тука да дремете. Имате тури со брод, можете да изнајмите кола/моторче прошетајте ги другите плажи или барем дел од нив. Дискотеки има премногу, таму во делот кај Мекдоналдс и дискотеките ако поминете навечер ќе ви смрди на повраќаници и ќе гледате англичани како лежат како лештови и ги собира амбуланта или пак како се движат како болни мајмуни, глетки кои не се препорачливи да се гледаат, но се секојдневие во ноќниот живот на Лаганас.
гиро - 2 евра
Плажата во Лаганас е убава, водата е бистра иако има гужва, што е реткост. Најслична е со Калитеа.[DOUBLEPOST=1563308050][/DOUBLEPOST]
Ноќна мора ако можи да се кажи така е кога ќе шеташ навечер по главната улица каде се сите дискотеки,и кога девојките и дечките кои се вработени во истите буквално ќе ви се качат на глава додека ве убедат да влезете кај нив нема шанса да ги избегнеш.
Не се досадни дечките по кафичите. Досадни се старците што промовираат тури со бродови и по таверните. Ти мафта со раката во лице како да сака да го спасиш од давење.[DOUBLEPOST=1563308304][/DOUBLEPOST]
рајат на Занте е тешка работа
Не те тера никој да шеташ навечер низ Лаганас. Закинтос е баш за раат, големи плажи со мирна вода, без бранови. Занте мирно авангардно гратче во Венецијански стил.[DOUBLEPOST=1563308546][/DOUBLEPOST]
Мора да идеш на заливот позади Лаганас, мост минеш (дрвен) 10 евра се плаќа мислам
5 евра е влез на островчето Камео, те сликаат и ти даваат привезок за клучеви со ликот твој. На мовчето можеш да прошеташ бесплатно, од кога ќе го поминеш треба да платиш ако сакаш да влезеш на островот.[DOUBLEPOST=1563313522][/DOUBLEPOST]
Звиси за што одиш на Закинтос ако сакаш дискотеки Лаганас дефинитивно ако си за помирни места нешто друго надвор од лаганас да е :) за изнајмување од 35 евра кола 15 евра моторче.
И четирицикл 50-60 евра.[DOUBLEPOST=1563313853][/DOUBLEPOST]
Cameo Island

Се плаќа 5 евра влез, во кој имаш бесплатна пијачка (пиво, сок, газиран сок) и седиш колку сакаш. Плажата е премала, но има бар и има сенки од барот. Сега кога е сезона, ви препорачувам да одите од порано, бидејќи шанкерот ни кажа дека многу често се прават свадби и порано се затвара плажата (17:30 затвараат). Ние дојдовме кај 15:45, вредеше да се поседи уште.
Нема бесплатна пијачка. Само венчавки се прават, не цели свадби. И бркаат од плажата, на островот може да останеш.[DOUBLEPOST=1563314446][/DOUBLEPOST]
не ми текнува колку се патува со тоа траектот
75 минути.[DOUBLEPOST=1563314777][/DOUBLEPOST]
Преку која агенција може да се најде најевтино смештај у Лаганас? У рапсоди има 210 еура ама и двете вили биле резервирани.
Немојте со Рапсоди да одите последни да се. Ќе ве носат навечер на турбофолк журки, со песни стари 15 години, мислиш пуштаат цедиња од некоја папка од шоферот на автобусот :shok2:[DOUBLEPOST=1563315261][/DOUBLEPOST]
Сместени сме близу Занте. Може и со кола а и може пешки да одиме навечер до центарот 20мин ни е пешки ќе видиме тоа. Планирам на вечер да одиме и Лаганас со кола блиску ни е. Првиот ден ќе сме на плажичето пред вилата затоа што сигурно ќе сме уморни и не можам и по островот да се шетам доста е патот од Охрид до таму да го јајме. Втор ден ќе одиме со брод. Ќе одбериме тура што оди на најпознатата плажа со бродон не знам што друго се гледа на таа тура. Трет ден ќе одиме на Xigia Sulphure Beach таа плажата со сулфур и плус ќе одиме да ја видиме Navagio Beach од горе од карпата. Може на враќање и во Porto Vromi да застаниме. Четврт ден одиме на Dafni и Gerakas. Петти ден одиме на Porto Limnionas Beach ( како канал) и во Keri Lighthouse. Ќе јадиме нешто и во ресторанот вреди за погледот. Шести ден одиме на Cameo Island. Другиот ден си тргнуваме за назад. Овде е планирано и шетања на вечер во Занте, Лаганас... Мислам дека планов е добар, а колку е остварлив ќе видиме. Се надевам не пропуштаме нешто што мора да се види ;)
Повеќе време поминавте во кола или на плажа?
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Кога е пишан постот имаше бесплатна пијачка, може сменето е сега. Штета, баш памтам убава беше пијачката, сок од ананас ама ептен беше вкусен.

Сите плажи на островот се поубави од плажата на Лаганас, таа можеби е со најтопла вода, ама дека била бистра тоа се бајки, може во плиткото, имаш канал со канализација што на левата страна на плажата се влева во морето, водата е чиста колку што може да е чиста на едно туристичко населено место, каде каде ќе ти е почиста на другите плажи.

И добро бе не сфаќам, зашо одите на забавите со агенцијата ако не ви се погодуваат луѓето, одете си сами навечер, не е ова Њујорк па да не се изгубите, нема што Рапсоди некаде вас да ве носат навечер не сте 15 години.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Штета шо не рентавме кола да го видиме градот занте,а сигурен сум дека е преубав на минување ептен ми изгледаше привлечен
Катастрофална грешка
Автоматски споено мислење:

Геракас - не смеете да поставите свој чадор
Не е точно
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Имав пишано, мене шипврек ми беше најголемото разочарување. Уште гомна фалеа да пловат по водата, колку беше прљаво.
Која година било тоа?
Автоматски споено мислење:

-Плажата со остатоци од брод (Навагио) Како што стои во грчките реклами, тој се наоѓа на западниот брег и најдобро е да се посети тргнувајќи од Порто Вроми.
Викаш најдобро е цел остров да го поминеш со автобус и само последните неколку километри со брод?
Не е подобро со брод да тргнеш од Занте и на повеќе од пола остров да го видиш крајбрежјето?
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Navagio + Blue Caves
Тешко дека се наоѓа тура за бродов под 18 евра. Ние најдовме тура за 18 евра да се посети сулфурната плажа, Навагио и сините пештери, но не ја земавме и наредниот пат кога отидовме за истата цена од 18 евра ги добивавме само Навагио и Блу Кејвс, но не и сулфурната плажа. Има тури и од 20,22,25 евра, од нашата и не сум нешто многу задоволен. Траеше 4 часа се вкупно, требаше да тргнеме во 8, но тргнавме во 9ипол, не знам зошто. На Навагио плажата е премногу натрупано со бродови немаш каде да пливаш, другото се беше убаво, 1 час застанавме таму. Водата е многу поладна од другите плажи, тиркизна преубава боја, одма се преоѓа во длабокото. На бродот ве советувам да не се пентарите, рѓосан е и се распаѓа, може да се повредите. На Blue Caves типот не ни застана, ги поминавме и само ни даде 10 минути да пропливаме откако ги поминавме, жива превара. Можеби можеше подобра зделка, ама што е тука е. А и да ќе заборавев, ни следуваше и бесплатно возење со банана на Сент Николас плажата
И нас ни ја направија истата финта, буквално истово што го имаш пишано. Само што нас ни наплатија по 19 евра.
 
Член од
27 декември 2015
Мислења
67
Поени од реакции
42
Дали има автобуси од Лаганас до Занте, доколку ги има до колку часот може да се прошета... Ви благодарам
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Да ја освежам темава малку. Ќе треба да ја прелистам од почеток.
После Лефкада, Кефалонија и Крф - се планира летово да се посети и Закинтос (не за забавите во Лаганас).

Во дилема сум дали тука или западен Крит (ме влече второво), ама да видиме со девојката како ќе се уклопат финансиите и деновите за одмор. Сепак Крит не се оди за 7-8 ноќевања.
Во ист период (август годинава) траектот за Занте е 122 евра за двајца + автомобил, за Крит (Ханија) е 440 за истото (со кабина за двајца, не седишта).
Да не претерам, ама разликата ќе е сигурно најмалку 600-700 евра за истите работи (гориво, патарини, траект, сместување, џепарац и се тоа).
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Да ја освежам темава малку. Ќе треба да ја прелистам од почеток.
После Лефкада, Кефалонија и Крф - се планира летово да се посети и Закинтос (не за забавите во Лаганас).

Во дилема сум дали тука или западен Крит (ме влече второво), ама да видиме со девојката како ќе се уклопат финансиите и деновите за одмор. Сепак Крит не се оди за 7-8 ноќевања.
Во ист период (август годинава) траектот за Занте е 122 евра за двајца + автомобил, за Крит (Ханија) е 440 за истото (со кабина за двајца, не седишта).
Да не претерам, ама разликата ќе е сигурно најмалку 600-700 евра за истите работи (гориво, патарини, траект, сместување, џепарац и се тоа).
Не се споредуваат реално, Крит треба 4-5 пати да одиш по 10-14 дена за да видиш задоволителен дел од островот, за Закинтос сосема ти се доволни 7-10 дена. За Крит не би ти советувал со кола да се мкнеш, мислам најок опција ти е со авион од Солун и таму да си ренташ, имаше смешни некои цени порано по 20 евра карта. Имаше и од Софија, така да во зависност што ти е поблиску, ако ништо не е сменето од Софија беа само до Хања (Ryan), а од Солун имаше и до Ираклион (Ryan) и до Хања (Ryan). Западен Крит ти е супер локација бидејќи блиску ти се Елафониси и Балос лагун, овие во топ10 во Европа влагаат лагано. Ако се решиш за Закинтос обавезно да си одиш на Turtle island - Маратониси (само со брод се стига), имаше за 10 евра договараш кога те остава, кога те зима, успат желки поминува да гледате да посетите, колку сакаш си на островот (3 саати, 5 саати...), нешто ко повратно такси, се погодува и да си буквално сам на островот и е прејјако чувство, водата е перверзија, прозирна, бистро, недопрено, боја прејјака. Оваа тура мене 10 пати ми беше појјака од Навагио.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Фала ти Фичо!

За Крит знам скоро се на памет, со години ми е желба, никако да се погоди да се отиде. Треба два одмора од две недели за западен/југозападен и два одмора за источен/југоисточен у пм.
Ќе видиме како ќе е со финансии. Намерно сакам со кола, сакам да возам, да гледам предели, да пловам по траекти, го сакам она чувство кога ја пакуваш и средуваш колата и знаеш дека одиш на релаксација. Да не зборам што има фора на враќање преку Пиреја да се види и Атина два-три дена.
Сестра ми и зетот беа со Сеат Ибица 2007ма пред 2-3 години, го прошетаа западен Крит уздуж и попреку. Мислам дека летово пак ќе одат.

За Закинтос почнав да собирам инфо пред некој месец, се информирав прилично и знам што сакам да видам. Да ја разлистам темава од почеток, до сега го пројдов српскиот форум putovanja.info (има цел подфорум за Закинтос со куп теми), по нешто од TripAdvisor, Гугл Мапс и нормално Јутуб.

Мислам дека летово ќе го посетиме и да ја завршам оваа "Јонска приказна" која радо би ја повторил во секое време. Ionian Odos на памет го научив, повеќе го имам возено од Тетово - Гостивар ццц
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Да се оддолжам малку на темава.
После собирање информации од разни извори, ова е мојот план за островов. Подложен на промена, секако. Со додавање, одземање не работам многу :)
Се надевам ќе дадам некому идеја што да види и посети.

1 ден (стигнување)
- Tsilivi Beach (Venus Beach Bar)

2 ден
- Navagio Shipwreck View Point
- Xigia Beach
- Alykes Beach (Porto Paradiso Beach Bar)

3 ден
- Gerakas Beach
- Agios Nikolaos Beach (Ammos Beach Bar)

4 ден
- Navagio Beach (крстарење од Agios Nikolaos - https://theodosiscruises.gr/, traenje 3h)

5 ден
- Keri scenic viewpoint
- Keri "Lighthouse" Restaurant
- Marathia Star Restaurant
- Laganas/Cameo Island
- Kalamaki Beach (Crystal Beach Hotel)

6 ден
- Porto Zorro Beach (Porto Azzuro Beach Bar)
- Banana Beach (Banana Baya Beach Bar)

7 ден

8 ден

9 ден
(тргнување)

Ресторани/пекари:

01. Sunset Michali's Taverna (западна страна, ресторан
02. Anadalis/Kavo Zante (Argassi, ресторан)
03. Fuego Del Mar (Argassi, ресторан)
04. Mylonas Bakery (Argassi, пекара)
05. Movida Restaurant (Zante, ресторан)
06. Artogonia Bakery (Zante, пекара)
07. Pita Pita Bigboys (Zante - гиро)
08. Dodoni (Zante, сладолед)

Два дена се останати „вишок“, ќе видиме како ќе ги потполниме. Можеби плажата Дафне, можеби островот Маратониси. Можеби ќе повториме некоја од претходно посетените плажи. За Маратониси се премислувам бидејќи е забрането ставање/бодење на чадор, па не би се печел на плажата, да бидам искрен.

Се работи за одмор од 8 ноќевања, со автомобил. Здравје, средина или крај на август/почеток на септември.
- за сместување гледам тука, но многу ми е рано за резервација бидејќи не знам кога точно ќе одам. Цените се движат околу 450 евра (преку Букинг со free cancelation) за двајца, средина на август (8 ноќевања). Мислам дека би заштедил 50 евра со договор надвор од Букинг и уплата на аванс преку WU.
- траектот е 120 евра повратна карта за автомобил + 2-ца
- патарини и мостарина е 58 евра за двата правци
- гориво излегува некаде околу 180 евра. Мешано, наши и грчки цени (точам на Shell кога сум кај грциве) на дизел.
- џепарац, секој со својата замисла.
Севкупно, доаѓа некаде околу 1300-1400 евра да ги имаш во крпче, па со колку ќе се вратиш - здравје Боже.

П.С Не се чудете за две плажи во ден или за повеќе знаменитости во еден ден.
Овака ги пројдов Лефкада (два пати), Кефалонија, Крф, Тасос, Ситонија, Касандра...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
Да се оддолжам малку на темава.
После собирање информации од разни извори, ова е мојот план за островов. Подложен на промена, секако. Со додавање, одземање не работам многу :)
Се надевам ќе дадам некому идеја што да види и посети.

1 ден (стигнување)
- Tsilivi Beach (Venus Beach Bar)

2 ден
- Navagio Shipwreck View Point
- Xigia Beach
- Alykes Beach (Porto Paradiso Beach Bar)

3 ден
- Gerakas Beach
- Agios Nikolaos Beach (Ammos Beach Bar)

4 ден
- Navagio Beach (крстарење од Agios Nikolaos - https://theodosiscruises.gr/, traenje 3h)

5 ден
- Keri scenic viewpoint
- Keri "Lighthouse" Restaurant
- Marathia Star Restaurant
- Laganas/Cameo Island
- Kalamaki Beach (Crystal Beach Hotel)

6 ден
- Porto Zorro Beach (Porto Azzuro Beach Bar)
- Banana Beach (Banana Baya Beach Bar)

7 ден

8 ден

9 ден
(тргнување)

Ресторани/пекари:

01. Sunset Michali's Taverna (западна страна, ресторан
02. Anadalis/Kavo Zante (Argassi, ресторан)
03. Fuego Del Mar (Argassi, ресторан)
04. Mylonas Bakery (Argassi, пекара)
05. Movida Restaurant (Zante, ресторан)
06. Artogonia Bakery (Zante, пекара)
07. Pita Pita Bigboys (Zante - гиро)
08. Dodoni (Zante, сладолед)

Два дена се останати „вишок“, ќе видиме како ќе ги потполниме. Можеби плажата Дафне, можеби островот Маратониси. Можеби ќе повториме некоја од претходно посетените плажи. За Маратониси се премислувам бидејќи е забрането ставање/бодење на чадор, па не би се печел на плажата, да бидам искрен.

Се работи за одмор од 8 ноќевања, со автомобил. Здравје, средина или крај на август/почеток на септември.
- за сместување гледам тука, но многу ми е рано за резервација бидејќи не знам кога точно ќе одам. Цените се движат околу 450 евра (преку Букинг со free cancelation) за двајца, средина на август (8 ноќевања). Мислам дека би заштедил 50 евра со договор надвор од Букинг и уплата на аванс преку WU.
- траектот е 120 евра повратна карта за автомобил + 2-ца
- патарини и мостарина е 58 евра за двата правци
- гориво излегува некаде околу 180 евра. Мешано, наши и грчки цени (точам на Shell кога сум кај грциве) на дизел.
- џепарац, секој со својата замисла.
Севкупно, доаѓа некаде околу 1300-1400 евра да ги имаш во крпче, па со колку ќе се вратиш - здравје Боже.

П.С Не се чудете за две плажи во ден или за повеќе знаменитости во еден ден.
Овака ги пројдов Лефкада (два пати), Кефалонија, Крф, Тасос, Ситонија, Касандра...
Крстарењето стај го на почеток зашо никад не се знае со тие работи
Грците се педери мене ми давале и појака цена од букинг плус треба провизија и на ВУ зависи колку депозит ке ти бараат
Убаво што си испланирал толку плажи ама искрено тоа ти е се на трчање што се вика а реално подобро цел ден да уживаш на најдобрата одколку да идеш на некоја не така добра колку само да се помине
Разгледуваше цени за траект? Ептен се поскапени плус ти ке резервираш покасно по автоматизам уште поскапа, иначе со амсм членска картичка имаш попуст на добар дел од траективе


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Толку е цената за траект, 122 евра.
За плажите - обично одиме околу 11h на една, седиме до кај 14-15h, после бегаме на друга, таму ручаме/се освежуваме ако има бич-барче/ресторан. Нема фрка...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
Толку е цената за траект, 122 евра.
За плажите - обично одиме околу 11h на една, седиме до кај 14-15h, после бегаме на друга, таму ручаме/се освежуваме ако има бич-барче/ресторан. Нема фрка...
Абе и јас сакам активен одмор ама твоево е јако во 3 на најголемиот пекол да се собирам па да возам, па паркинг да барам па пак распакување ми е стварно многу, алал нека ти е
Иначе смештај јас почнав да барам на гугл мапс, барам место кое ми одговара и обично има можност сите да ги исконтактираш зашо по островиве добар дел не идат на букинг и слично


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom