Закинтос

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Види, подобро ти е да се сместиш во Аргаси и имаш 1 евро автобуси секое сабајле до две убави плажи банана и сент николас мислам се викаше.
Каламаки (ако не грешам одамна беше) ти е на патот помеѓу Аргаси и Лаганас исто убава плажа.
Мора да идеш на заливот позади Лаганас, мост минеш (дрвен) 10 евра се плаќа мислам и си како на приватна плажа позади карпи огромни, дневна забава ДЏ екстра е.

Кола да ренташ не ти се исплаќа за еден ден, беше некаде околу 30/40 од ден, подобро ако сте 2ца да ренташ мотор за тие пари за 3 дена.

Се е релативно, зависи што ти е приоритет.
Не сме двајца, 4 души сме. Не сме во Аргаси иако читам помирно, во Лаганас сме сепак дека 99% од агенциите само таму носат на Закинтос, ама пак не сме тип на луѓе што сакаат цел одмор да идат на журки, на иста плажа и да стануваат во 4 поручек, туку секој ден да се прошета по негде. Тоа за едно евро бус важи и за Лаганас, или само за Аргаси? за од Лаганас како се цените за бус ако памтиш некој места, или на нет може да да се најде нешто (јас најдов само за од Занте главниот град цени). П.с. си ги запишав плаживе (y)(y)

LAGANA

Ticket price :1,60 euro

FROM ZAKYNTHOS

наајдов нешто, ова е само за во еден правец или цена за повратна карта?
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.493
Поени од реакции
6.119
Одам со девојката на 30ти во Порто Давиа, Аргаси.

Ме интерсира со автобус до кој плажи/места може да одиме од Аргаси?
Од кој места можеме да се качиме на турите со брод?

Секој совет е добредојден. :)

@OziLLLL @Solaire of Astora
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Ахххх се вратив :) Многу впечатоци се надевам ќе му помогнам на некој :) Ќе почнам со најдоброто нешто- пливање во пештерата Кери! Нешто нестварно, неописливо добро! На крстарење бевме со пиратскиот брод (25е лице) околу целиот остров. Најдоброто нешто беше пештерава, плажата Наваџио е преполна со туристи, ама искрено каква што ја замислував таква и беше. Ни повеќе ни помалце. Погледот од горе е друга приказна. До кај што може да се оди одевме. Нема фотографија што може да ја опиши убавината! Земете си и вода нешто за по пат. Не е далеку, ама е пеколно топло и препорачувам патики на нозе. Глетката е феноменална и стварно вреди. Следен пејсаж што го одзема здивот карпите од Keri Lighthouse. Сега ќе пиете нешто во ресторанот, ама то е то. Убава плажа, а не толку исфорсирана ми беше Makris Gialos. Тивка, мирна, водата чиста, со камчиња и тиркизна милина. Xigia ми беше како погужвеста и водата беше камен ладна! Искрено не ми остаде некој впечаток посебен освен мирисот на сулфур. Gerakas желка не видовме, а плажата е плитка со песок и топла вода. Не ми се баш омилени песочни плажи и ме нервират песката по цело тело излепена. Плус преплитка ми беше плажава. Каналот Porto Limnionas е топ местенце. Ние појодовме после 4 па почна да се празнит плажата и најдовме место инаку ќе требит на карпи да седите немат класична плажа. Во Cameo Island имаше свадба па де вративме, ама не дека беше нешто посебно.За навечер шетање Закинтос е топ. Градчето е со плоштад со мини чаршија со се. Ако сте расположени за фенси ресторан Prosilio е врвот. Храната е феноменална, нешто најдобро шо досега сум пробала. Јадев сладолед во Додони и искрено ми беше скроз просечен поубав ми е кај нас во Летница :) Џабе 4е за две топчиња сладолед. Појдовме и Лаганас една вечер и ми беше мило што не сме таму сместени. Музика, кафичи на секој чекор. Слободно пишете ако нешто ве интересира. Островов го туривме од шетање. Мора, ама стварно мора да го видите Navagio од горе, Keri Lighthouse и Keri caves( крстарење и пливање со брод) Еве и некоја слика да ве зиљосам :) image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg image.jpeg
 

Attachments

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Се вратив и јас, па да споделам искуство. Ако сте тип на човек што одите за журки, моето мислење нема да ви е многу од корист, но ако одите да прошетате и да ги видите убавите плажи, може ќе ви се најде, па да споделам што како сум посетил.

Cameo Island

Се плаќа 5 евра влез, во кој имаш бесплатна пијачка (пиво, сок, газиран сок) и седиш колку сакаш. Плажата е премала, но има бар и има сенки од барот. Сега кога е сезона, ви препорачувам да одите од порано, бидејќи шанкерот ни кажа дека многу често се прават свадби и порано се затвара плажата (17:30 затвараат). Ние дојдовме кај 15:45, вредеше да се поседи уште.

Turtle Island & Turtle Spotting

За ова чудо најдовме тура 10 евра, има секакви тури, но ние ја избравме турата во која те носат на островот на желките колку време сакаш (ти им кажуваш колку) и те носат со бродчето на 5 минути негде во морето (блиску до Cameo Island не однесоа нас) да ја видиме фамозната желка. На островот желки не видовме, туку само по пат таа едната. Преубава е плажата и бојата, се наоѓа сенки од карпите, но зависи кое време од денот се оди. Ние одбравме 2 часа да одиме и многу се зезнавме, мислевме што ќе правиме и 2 часа многу ќе е, но времето одма летна и криво ни беше. Одберете 3-4 часа, кога веќе можете колку сакате да бирате, нема да зажалите. Од другите тури поврзани со островот на желките сретнавме: 10 евра само пола саат да застане на островот ама во подморница брод, 15 евра да те однесе 1 саат на островот + Кери кејвс пола саат или така нешто.

Navagio + Blue Caves

Тешко дека се наоѓа тура за бродов под 18 евра. Ние најдовме тура за 18 евра да се посети сулфурната плажа, Навагио и сините пештери, но не ја земавме и наредниот пат кога отидовме за истата цена од 18 евра ги добивавме само Навагио и Блу Кејвс, но не и сулфурната плажа. Има тури и од 20,22,25 евра, од нашата и не сум нешто многу задоволен. Траеше 4 часа се вкупно, требаше да тргнеме во 8, но тргнавме во 9ипол, не знам зошто. На Навагио плажата е премногу натрупано со бродови немаш каде да пливаш, другото се беше убаво, 1 час застанавме таму. Водата е многу поладна од другите плажи, тиркизна преубава боја, одма се преоѓа во длабокото. На бродот ве советувам да не се пентарите, рѓосан е и се распаѓа, може да се повредите. На Blue Caves типот не ни застана, ги поминавме и само ни даде 10 минути да пропливаме откако ги поминавме, жива превара. Можеби можеше подобра зделка, ама што е тука е. А и да ќе заборавев, ни следуваше и бесплатно возење со банана на Сент Николас плажата.

St Nicholas Beach + Banana Beach

Значи луѓе немојте да сте се зезнеле да плаќате пари ако некоја од нашите агенции нуди понуда некоја 10 евра и посета на Сент Николас или Банана Бич. Автобусчињата за ова се бесплатни, тргаат во 10 сабјале и ве враќаат во 5 поручек, се што треба да покажете на враќање е дека сте зеле лежалка, лежалката 4 евра ве фаќа и тоа е целиот трошок, можеби имаше и за поефтино лежалки. Сент Николас е многу блиску со Банана Бич, 20 минути пешки по автопатот ако се качиш, со едно одење двете ги посетивме и да ви кажам Банана е многу многу подобра, поубава боја е водата, има поинтересни бранови, поубава е атмосферата, подолга е плажата, има камчиња специфични во различни бои, но далеу дека и Сент Николас е лоша, и таа е исто доста убава, водата топ е и таму, но е доста помала плажа. Имате водени спортови, најефтино ви е тоа банана (нас што ни следуваше гратис поради Навагио турата), седнувате во едно во форма на банана ко душек или не знам што, и глисер ве носи 5 минути низ вода. Да го земеш не вреди, ама ако е гага, интересно е да се возиш.

Agios Sostis + Porto Koukla + Kalamaki

Овие се 3 плажи кои можете да ги прошетате ако одите пешки по обалата на Лаганас. Првите 2 ако одите накај Камео на десната страна, а Каламаки на левата. Плажите се можеби и полоши од Лаганас, ама вреди да се видат, помалку луѓе има отколку на Лаганас другото се е исто.

Laganas

Тука бевме сместени секако, плажата е километарска, од едниот до другиот крај можеби се оди 40 минути до 1 саат. Онака ништо посебно не е водата, не е лоша, сите овие плажи нагоре се подобри од Лаганас. Има доста луѓе што не мрднаа од таму, само на таа плажа седеа, ако сте љубители на убави плажи не ви препорачувам сите денови тука да дремете. Имате тури со брод, можете да изнајмите кола/моторче прошетајте ги другите плажи или барем дел од нив. Дискотеки има премногу, таму во делот кај Мекдоналдс и дискотеките ако поминете навечер ќе ви смрди на повраќаници и ќе гледате англичани како лежат како лештови и ги собира амбуланта или пак како се движат како болни мајмуни, глетки кои не се препорачливи да се гледаат, но се секојдневие во ноќниот живот на Лаганас.

Нешто од цени (во Лаганас)

гиро - 2 евра
води 6х1.5 - 1.5 евра
сардина - 1.2 евра нагоре
туна - 2 евра нагоре
кока кола лименки - 0.8/0.9
банани/јаболки/праски кг - 2 евра нагоре
патлиџани - 1.4 евра кг

Се на се, супер остров, вреди да се прошета, изобилува со прекрасни плажи. И тоа како ќе ви фали морето и плажите кога ќе си заминете од него. :)
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.493
Поени од реакции
6.119
Јас имав прилика да го видам Навагио со и без луѓе и можам да кажам дека разликата е ОГРОМНА.
Бевме првиот пат но имаше бајаги бранови и водата беше високо навлезена на плажата па бродовите неможеа да застанат. Вториот пат не носеа бесплатно т.е. плативме само по 5 евра за автобус.

Првиот пат кога ја видов плажата бев воодушевен. Плажата празна, бродот се клати лево-десно, пареа излегува од водата... атмосферата беше врв.
Вториот пат со луѓе на плажата (кога се истоваривме) ми беше далеку поразлична.
Исто и погледот од карпата не ми беше нешто посебно. Не дека беше лошо но очекував повеќе. :D
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.915
Поени од реакции
924
јас со еден другар бев во лаганас на почетокот на јуни и можам да кажам дека се воодушевив од закинтос
ги плативме сите тури со водичот и би му препорачал на секој да ги плати сите тури да не се стега пошто може да изгуби многу :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Крајот на Јуни жив е Закинтос?
Full е, јас бев почеток на јули пред 2 години и од 22 до 01 вечерта буквално не можеш да се разминеш overcrowded е, ко на протест некој да си, секако ако прашувас за Лаганас. Минатата група беше крај на јуни, знам другарче со таа група што отиде и исто full кажа дека било. П.с. плажите и не се толку гужва, пошто енглезиве во базенчињата во хотелите си се бањаат, али и гледај повеќе други плажи да одиш Лаганас и не ти е нешто. Ама затоа вечерта главната улица кај дискотеките и продавниците full
 
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
дали ноќниот живот е доживување или ноќна мора
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
дали ноќниот живот е доживување или ноќна мора
Јас сум тип што не сака да припари во дискотека, ниту ме привлекува пиење журкање, не сум намќор туку едноставно други дружби преферирам плажа собиранки итн, дискотеки ми се праплавени со неандреталци некако. Е сега, тоа што видов таму е секако доживување, само криво ми е со телефон што не снимав, буквално да си шеташ со лесен чекор и да си посматраш што се дешава ти е право доживување за вечни спомени. Ноќна мора во никој случај не може да ти е, освен ако не се тепаш или слично.
П.с. Нека не ти е Лаганас одморот, или фаќај тура секој ден за некое место ефтини се пошто е мал островот, има и бесплатни, или рентај кола ако сте 4 души.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
121
Поени од реакции
16
дали ноќниот живот е доживување или ноќна мора
Ноќна мора ако можи да се кажи така е кога ќе шеташ навечер по главната улица каде се сите дискотеки,и кога девојките и дечките кои се вработени во истите буквално ќе ви се качат на глава додека ве убедат да влезете кај нив нема шанса да ги избегнеш.И друго нешто,ако си лесен на сон мнооогу потешко ќе заспиеш од музика,врева,моторчиња и најмногу од пијани енглези.Најважно од се е да го прошеташ островот и после да кажеш дека си бил на Закинтос затоа што ако си бил само во Лаганас и на тоа островчето Камео ништо не си направил.Убав помин и поздрав
 
Член од
3 февруари 2016
Мислења
133
Поени од реакции
38
Знае некој каконсе движат цените на флашите во ноќните клубови?(red label, jeger, jameson?)
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Јас сум тип што не сака да припари во дискотека, ниту ме привлекува пиење журкање, не сум намќор туку едноставно други дружби преферирам плажа собиранки итн, дискотеки ми се праплавени со неандреталци некако. Е сега, тоа што видов таму е секако доживување, само криво ми е со телефон што не снимав, буквално да си шеташ со лесен чекор и да си посматраш што се дешава ти е право доживување за вечни спомени. Ноќна мора во никој случај не може да ти е, освен ако не се тепаш или слично.
П.с. Нека не ти е Лаганас одморот, или фаќај тура секој ден за некое место ефтини се пошто е мал островот, има и бесплатни, или рентај кола ако сте 4 души.
Знаете ли некои српски агенции што нудат поефтин смештај од Македонскиве?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Знаете ли некои српски агенции што нудат поефтин смештај од Македонскиве?
Во една тема за некој од островиве, можеби Лефкада, имаше баш пишано член на форумов искуство со одење со српска агенција. Е сега единствен проблем е што не може мислам да те собере во Скопје, мора до граница да дојдеш, според мене би требало да може и на некоја бензинска на автопат, ама тој не ја нагласи таа опција како возможна, така да не би знаел за тоа ништо. Конкретно Закинтос е остров што мислам дека и нашиве нудат ефтино особено тие за млади, јас имам одено со една од тие агенции за 160 евра, а други од друштвото за 99 евра, во јули 6 ноќевања. Ама за острови ко Тасос, Лефкада каде што нашите понуди и не се ефтини, можно е да се начека со српскиве поефтини, ти велам за сигурност најди мислењето од тој член што најубаво ќе ти каже од сопствено искуство. Ама нешто вака од што имам ѕирнато, српскиве агенции стварно ко нешто подобри вили да нудат, ете може не сум во право, така ми се гледа.

Еве најдов нешто: http://www.oktopod.rs/sr/zakintos/11
Види цените за десет ноќевања + автобус, кај нас за десет ноќи ќе е апла поскапо ти гарантирам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom