Ајде да ја надополнам темава и да напишам еден
патопис за моето летување во
Закинтос во 2011 година.
Отидовме преку агенција и тоа на местото Лаганас, гледам кај нас повеќето агенции го нудат истото место плус некои и Аргаси. Помеѓу овие две може да направам една споредба:
- Лаганас е центар на сите збиднувања(журки, дискотеки, пена парти, пијанчења и што уште не

) и е полно со млада популација од 15 до 35 години додека Аргаси е тивко мирно местенце со еден два кафичи и плажата и е полно со повозрасни луѓе( фамилијарни луѓе ).
Од Скопје до Закинтос се патува околу 11 саати, 10 саати со автобус и 1 саат со траект од пристаништето Patra до Zakynthos.
Еве некои слики од Главниот град на Zakynthos кој е воглавно пристаниште Zante.
Прегледај го приврзокот 65548
Ова е поглед од траектот при пристигање во Zakynthos.
Кога пристигнавме во Лаганас пријатно се изненадивме, се осеќаше мирисот на маслинки, лимони и иако беше пред-сезона 04.07.2011 имаше еден куп луѓе, Лаганас е преполн со луѓе кој воглавно се Англичани (околу 80 %) и Македонци,Срби (20 %). Ме изненади дека Грци воопшто не ни видов освен сопствениците на продавници, бутици и рестораните
Прегледај го приврзокот 65549
Еве ја плажата во Лаганас која мене и не ми се допадна, повеќето луѓе идат на оваа плажа зашто е одма до сместувањата.
Прегледај го приврзокот 65552
Еве слики од Banana Beach која се наоѓа 3 км после Ag.Nicolas плажата. Според мене плажа бр.2 по убавина во Закинтос.
Прегледај го приврзокот 65554 Прегледај го приврзокот 65555
Прегледај го приврзокот 65556
Во позадина го гледате островот Маратониси-островот на желките, подоле ќе ставам слики од истиот кој го посетивме со брод
Прегледај го приврзокот 65557
Oва е сликано од бродот, може да заприметите десно има плажа која навечер и вон сезона желките доаѓаат и несат јајца. Од другата страна на Маратониси има уште една плажа која е мн. поубава и кристално чиста ама таму беше строго забрането да се посети бидејќи имало јајца од желките кои беа оградени со дрвца(ова го видовме оддалеку, и водичот ни го објасни)
Следува слики од плажата Ag. Nikolas или како што ние и србите си ја викавме плажата Свети Никола која всушност се викаше така зашто имаше и црква на крајот од плажата.
Прегледај го приврзокот 65558
Прегледај го приврзокот 65559Прегледај го приврзокот 65560
Ќе го надополнам постот...................................................................