Закачено 16 крако сонце во Солун

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.716
Поени од реакции
1.121
СМК: Стилјан го закачил 16 кракото знаме на полициската станица во Солун и завршил во притвор

25 авг 2012 11:17

Стилјан Самарџиев, Македонец од селото Крушоради во Грција поминал 18 дена притворен од грчката полиција поради поставување на семакедонското знаме со шеснаесетзрачното златно-жолто сонце на црвена основа врз централното седиште на полицијата во Солун.

Ова го соопштува Светскиот македонски конгрес од каде велат дека Стилјан од 1 до 11 август бил задржан во притвор во полициската станица во Лерин. „Тој на 1 август во раните утрински часови го поставил семакедонското знаме врз централното седиште на полицијата во Солун. Подоцна Стилјан поставил коментари на неговиот профил на социјалната мрежа фејсбук дека на 16 август повторно ќе излезе со семакедонското знаме на сегрчката антимакедонска иселеничка средба во Солун која се одржувала во знак на 100 годишнината од „обединувањето“ (читај: окупацијата) на Македонија со (читај: од) Грција во Балканските војни 1912-1913 година. Поради ова повторно е задржан во притвор на приватна локација од грчката тајна полиција од 16 до 24 август“.
Според СМК, грчката полиција и некои медиуми објавија дека Самарџиев всушност бил приведен поради поседување и растурање на дрога. „Стилјан Самарџиев никогаш не консумирал, ниту се занимавал со поседување и растурање на дрога. Овие лаги се евтина антипропаганда на грчката полиција за затскривање на вистинската причина за неговото притворање. Најверојатно, полицијата после притворот ќе поднесе и кривична пријава, а се очекува и судска разврска на делото. Дотогаш, Стилјан Самарџиев е жив и здрав и е на слобода“, соопшти СМК. http://www.mkd.mk/54002/makedonija/smk-stiljan-samardziev-zname-solun-policija-pritvoren/ МИСЛЕЊА ????
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
За ваков потег подобро да си во затвор него ли да јадеш ќотек со последеици јадење со цевче 3 месеци.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Да бевме сите вакви кај ќе ни беше крајот...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не разбирам зошто се бунат Грчињата.

Па нели тврдат дека тоа знаме е Грчки симбол?

Крај не им се наоѓа...
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
ако има јајца нека го закачи во Скопје,лесно за Солун:)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Кој велит дека македонците немаат рбет...ете се најде македонче со муда.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.716
Поени од реакции
1.121
ако има јајца нека го закачи во Скопје,лесно за Солун:)
Зависи во кој дел на Скопје :) Ако е од другата страна на Вардар малце ризично ти е :) А во Солун уште по ризично . Само за нас неможам да сватам некој работи во Егејска Македонија историска наша земја и во денешна Македонија слободна Македонците сеуште имаат од нешто да се плашат ... ццццц
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Кој велит дека македонците немаат рбет...ете се најде македонче со муда.
Едно е! Алал нека му е! Прав Македонец, збор којшто е срамота да го искористиш за нашите „Македонци“!
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.716
Поени од реакции
1.121
Едно е! Алал нека му е! Прав Македонец, збор којшто е срамота да го искористиш за нашите „Македонци“!
Како што би рекол Ристо Шишков во Републиката во пламен "Нам ни недостасува лудост, разум имаме колку сакаш"
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.205
18 дена притвор? Пичкин дим.
Во Чаир (една од најстарите населби на град Скопје, главен град на Република Македонија) можеш да завршиш на костозглобна или со калаш во глава ако го направиш истото.

(Вовед во иронија 1.0)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom