Заедничко живеење

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Јас истото го мислев кога мајка ми имаше конфликт со баба ми. После кога жена ми имаше конфликт со мајка ми, сватив дека проблемот е безвременски, нема врска стари млади генерации. Кога жена ти или девојка ти е сега не знам, дај боже да стане свекрва ќе биде иста како баба ти со мајка ти или како мајка ти со неа, тоа е некој паразит кој им ги јаде деловите од мозокот кои се задолжени за логично размислување на таа тема :toe:
Само берлински ѕид и стражари со калаши. Тоа е решение. Ај тоа да видиш јас не сум имал никогаш проблем со дедото/таткото на ниедна. Си имаат нешто во главата ќе да е некоја глиста.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
359
Поени од реакции
782
Најубаво секој на своја страна. Нит кај твоите, нит кај нејзините. Туку во ВАШЕ. Спомна некој погоре - мирот цена нема.
И не можам да сфатам како некои сакаат да живеат со свекор и свекрва или пак овие што одат домазетовци.
Да бидам искрен и јас не би сакал утре син ми да ми донесе некоја и заедно под еден покрив да живееме. Си сакам мир и приватност.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Би сакал да чујам мислење претежно од машката популација зошто 90% од времето ние се соочуваме со вакви проблеми. Ситуацијата е малце осетлива,но ќе бидам краток во објаснувањето и ќе ви звучи можеби малце пластично..

Долга врска, одлично функционира од сите аспекти, дефинитивно води кон брак.
Следен чекор е заедничко живеење и да се удомиме конечно.Има услови за заедничко живеење,кај мене дома, но не се реализира од една причина мајка ми vs свекрва(баба ми).

Куќа на два спрата,доволно големи и потполно функционални со сите услови, на едниот спрат живее сама баба ми, на другиот останатите(татко, мајка, сестра и јас).

Приморан сум да барам алтернатива бидејќи не наидувам на разбирање од мајка ми, до некаде нејзино/нивно право, пред се оправдано зошто во младоста баба ми доста трауми и има нанесено зошто првично живееле заедно и не е способна во постари години да поминува низ истото.

Тука колатерална штета сум јас. Мајка ми нема проблем да живее со нас, но има проблем да живее со баба ми.Да напоменам дека до сега мајка ми си ги обавува сите човечки услови према баба ми, т.е. ја гледа и пази повеќе од родената ќерка, нега добива 24/7 зошто мајка ми епензионерка и е цело време дома.
Јас не можам да дозволам на еден спрат да живее сама жена, а на другиот да се гужваме пет души..кога веќе има физички услови..нема логика.
Татко ми нема проблем да живеат со баба ми и да ни отстапат еден спрат ама тоа е зошто он не треба да ја "тинтра" баба ми , цел терет паѓа на мајка ми за таа работа и нормално е до негде..

Од друга страна страда и девојка ми, има разбирање за ситуацијата, ама веќе ни влијае на врската поготово зголемениот обем на работа/обврски, сето тоа си зема данок на нашето гледање/дружење и осеќам дека е време да прејдеме на следниот чекор.

Една варијанта е да идеме привремено под кирија(додека природата си го направи своето,да не ме сфатите погрешно :) ама е неизбежен дел тоа и ќе се случи ), што ми е тотално апсурдно и фрлени пари за џабе, при имање услови.

Втора работа да се купи стан кој ќе го плаќаме 30 години и тоа не ми свиѓа како варијанта воопшто.

Најидеална опција би ми било-странство. Имаме сериозни шанси/понуди за во странство,дали за печалба со девојчето, дали за стално живеење, ама кога го кажувам дома ова паѓаат у несвест и испаѓа дека сум бегал и сум ги оставал на цедило. Значи фамилијарните односи ни се сосем нормални, нема некои значителни проблеми освен тоа што сум колатерална штета во "битки" што не ме засегаат.

И ситуацијата е статус-кво, треба јас да пресечам, знам дека некој мора да настрада...ама тоа, сепак на прво место би го ставил заедничкиот живот со идната жена, баш би сакал да чујам мислење пред да се случи тоа.
Не треба да си Ајнштајн во ситуацијава за да сфатиш дека во секоја од комбинациите ти си тој што мора да излезе од зоната на комфор.

Ако седиш во државава:
  • опција 1-да отидеш под кирија во некоја гарсониера, ќе фрлаш пари во бунар, ама ќе имаш слобода, и никој нема да ти се меша во тоа што го правиш. Со тоа што ќе ти останува ќе заштедите за учество, и следна фаза да купите стан на кредит.
  • опција 2-да земеш стан на кредит веднаш, особено ако може твоите да ти позајмат пари за учество.
  • опција 3-да живеете сите топтан на тој вториот кат, големи се шансите да си ги извадите очите и таман нема да те спречуваат да си одиш од државата.
  • опција 4-да се симнеш на првиот кат со бабата :D
  • опција 5 - да им се тупнеш на домазет кај женската/идната сопруга :D (задолжително припреми картони)
Ако одиш надвор:
  • опција 1-да поседите под кирија додека да дојде време за одење
  • опција 2-да поседите со твоите/нејзините додека дојде време.
П.С колатерална штета секогаш ќе бидеш ти.
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Зошто мислам дека ни татко ти ни мајка ти (извини ме ако грешам) немаат учестувано во градењето на таа куќа и баба ти има потполно право на неа па прави што сака од себичност кон твоите родители исто како што твојата мајка прави кон тебе кога спонеш иселување под кирија или во странство затоа што и ти таму си „дојден последен“.
Мој совет е да со девојката почните од нула, и тоа буквално а за тоа најдобра опција ти е во странство ако веќе тоа ги имате како опција. Едноставно заминувате и почнувате сами со своите раце да одормувате фамилија и дом. Со време кога долниот спрат ќе би по природен начин слободен вие таму ќе имате место за преспивање кога дојдите на одмор во „стари крај“.
Верувај ако веќе има такви релации во куќата меѓу баба ти и мајка ти шансите да истите се пресликаат меѓу мајка ти и девојка ти се 101%.

Само подалеку од тој двор, макар и преку улица од твојата куќа да седите под кирија само да бидите свои на своето.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Никогаш нема да го разберам моментот дека ги оставаш родителите на цедило ако отидеш надвор од Македонија. Ја дома кога им кажав на моите дека ке идам да работам во странство на 21 година, татко ми не ми зборуваше месец дена, а мајка ми недела дена не престана да плаче.

Алтернативата беше да се врткам тука околу нив, со мизерна плата од 9.000 денари, и можност за просперитет 0. Одлуката не беше лесна, но знаев дека е исправна, затоа што ако им попуштев, ке бев мизерен, а длабоко во себе, знаев дека можам многу повеќе од 150Е плата и дека не сакам да преживувам, туку да живеам. Моите по скоро 5 години сфатија дека одлуката да идам надвор беше правилна, иако никогаш не признаа.

Фаст форворд до 2018-та. Требаше да почнеме да живееме заедно со сегашната ми сопруга и колку и да цветаа рози меѓу неа и мајка ми, едноставно не сакав да живееме под ист кров. Сопругата има стан во кој живееше сама, но не сакав да идам кај неа(глупа машка гордост), и се решивме да живееме под кирија, дур да се комплетира новиот стан во изградба. Ова им дојде како шок на многумина блиски мои, јас куќа, таа стан, а сме под кирија во станче од 55 квадрати. Но, како што ти пишаа и погоре, мирот цена нема, а тоа многумина не го сфаќаат.

Ако мораш под кирија, макар и привремено, ти е далеку подобра опција отколку твоите дома да прават компромиси за кои не се спремни, плус ке избегнеш уште еден потенцијален конфликт меѓу твојата девојка и мајка ти. Не си свесен за какви ситници жени утре може да се закачат, колку и сега да ти се чини дека се е мед и млеко денес. Утре и да се одлучиш за странство, немаш заробен капитал во твој стан или пак кредит за исплаќање.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.630
Поени од реакции
4.929
Мајка ми живее сама во куќа од 150м2 бидејќи многу збори што не треба. Така да..понекогаш не ми се ни оди на гости кај неа. Ама ај да не се караме. Незнам зошто се такви некои постари луѓе. Дали мислам дека се од нив зависи или од нивите родители зависело па по навика го очекуваат истото незнам...
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
... моментално проблемот ќе го решиш со привремено сместување со вереницата кај баба ти на прв спрат, како што читам ти немаш проблем со неа, ако оди оди, ако не тогаш пак ќе размислиш за други опции, однапред што како не можеш да предвидиш, можеби со бабата ќе имате слога ако знаете да се организирате, за разлика од искуствата на другите, без да пробате џабе муабети !
Да де, млад брачен пар кој ќе се секса бар еднаш дневно во една соба и бабата во друга. :pos:
Ептен ќе биде сложно и весело, кај ти текна да си ибиш векот...
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.121
Поени од реакции
5.227
Да де, млад брачен пар кој ќе се секса бар еднаш дневно во една соба и бабата во друга. :pos:
Ептен ќе биде сложно и весело, кај ти текна да си ибиш векот...
Е де де, ни бабата не е од вчера :icon_lol:
 
D

dobramuzika

Гостин
кирија додека не одберете кој товар да го понесете (живеење со твоите или кредит за исплаќање на стан).
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Да де, млад брачен пар кој ќе се секса бар еднаш дневно во една соба и бабата во друга. :pos:
Ептен ќе биде сложно и весело, кај ти текна да си ибиш векот...
Бабата ако е глува, полн погодок!
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
469
Поени од реакции
1.479
Зошто би одел под кирија и би плаќал минимум 250е за кирија со која го полниш џебот на газдата кога тие пари можеш да и ги даваш на банката и за 20 години да си имаш стан целосно твој. Кога ќе умре бабати станот ќе го издаваш а киријата ќе ти ја покрива ратата, па таман кога ќе имаш деца кои треба да студираат ќе имаш целосно исплатен стан и ќе им дадеш можност да се осамостојат. Секако, во секое време можеш и да го продадеш станот(кога ќе умре бабати) и во договор со купецот тој ќе ги уплати парите во банката кои ти ги должиш а остатокот ќе ти го уплати на сметка. Стан во Скопје особено никогаш, ама буквално никогаш нема да изгуби на вредност, напротив може само да добие. Ако одиш под кирија да речеме 3 до 5 години тоа се 36 до 60 месечни рати Х 250е минимално за кирија = 9 до 15к евра буквално фрлени во бунар и без никаква комоција во живеењето додека знаеш дека некој едвај чека да заврти месецот за да те измолзе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Зошто би одел под кирија и би плаќал минимум 250е за кирија со која го полниш џебот на газдата кога тие пари можеш да и ги даваш на банката и за 20 години да си имаш стан целосно твој. Кога ќе умре бабати станот ќе го издаваш а киријата ќе ти ја покрива ратата, па таман кога ќе имаш деца кои треба да студираат ќе имаш целосно исплатен стан и ќе им дадеш можност да се осамостојат. Секако, во секое време можеш и да го продадеш станот(кога ќе умре бабати) и во договор со купецот тој ќе ги уплати парите во банката кои ти ги должиш а остатокот ќе ти го уплати на сметка. Стан во Скопје особено никогаш, ама буквално никогаш нема да изгуби на вредност, напротив може само да добие. Ако одиш под кирија да речеме 3 до 5 години тоа се 36 до 60 месечни рати Х 250е минимално за кирија = 9 до 15к евра буквално фрлени во бунар и без никаква комоција во живеењето додека знаеш дека некој едвај чека да заврти месецот за да те измолзе.
Гледаш дека не е сигурен дали сака тука да остане или не. Од друга страна, сега е можеби најлошиот период за купување на стан, кога сите градежни материјали се качија премногу и практично купуваш кога цената е во пикот.

Ем да си закачиш финансиска обврска на 20 години не е мала работа и треба да си 100% сигурен дека ке останеш тука.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
прочитав не цела една страна
не сакаш да купиш стан, ќе го плаќаш 30 години, не сакаш под кирија, чекај бе , што мислиш во станство, што те чека таму, кралицана елизабета да не те пречека и во палата да не те смести ? Па и таму или ќе одиш под кирија или ќе плаќаш 30 години кредит.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom