Заедничко живеење

Член од
13 септември 2009
Мислења
554
Поени од реакции
432
Би сакал да чујам мислење претежно од машката популација зошто 90% од времето ние се соочуваме со вакви проблеми. Ситуацијата е малце осетлива,но ќе бидам краток во објаснувањето и ќе ви звучи можеби малце пластично..

Долга врска, одлично функционира од сите аспекти, дефинитивно води кон брак.
Следен чекор е заедничко живеење и да се удомиме конечно.Има услови за заедничко живеење,кај мене дома, но не се реализира од една причина мајка ми vs свекрва(баба ми).

Куќа на два спрата,доволно големи и потполно функционални со сите услови, на едниот спрат живее сама баба ми, на другиот останатите(татко, мајка, сестра и јас).

Приморан сум да барам алтернатива бидејќи не наидувам на разбирање од мајка ми, до некаде нејзино/нивно право, пред се оправдано зошто во младоста баба ми доста трауми и има нанесено зошто првично живееле заедно и не е способна во постари години да поминува низ истото.

Тука колатерална штета сум јас. Мајка ми нема проблем да живее со нас, но има проблем да живее со баба ми.Да напоменам дека до сега мајка ми си ги обавува сите човечки услови према баба ми, т.е. ја гледа и пази повеќе од родената ќерка, нега добива 24/7 зошто мајка ми епензионерка и е цело време дома.
Јас не можам да дозволам на еден спрат да живее сама жена, а на другиот да се гужваме пет души..кога веќе има физички услови..нема логика.
Татко ми нема проблем да живеат со баба ми и да ни отстапат еден спрат ама тоа е зошто он не треба да ја "тинтра" баба ми , цел терет паѓа на мајка ми за таа работа и нормално е до негде..

Од друга страна страда и девојка ми, има разбирање за ситуацијата, ама веќе ни влијае на врската поготово зголемениот обем на работа/обврски, сето тоа си зема данок на нашето гледање/дружење и осеќам дека е време да прејдеме на следниот чекор.

Една варијанта е да идеме привремено под кирија(додека природата си го направи своето,да не ме сфатите погрешно :) ама е неизбежен дел тоа и ќе се случи ), што ми е тотално апсурдно и фрлени пари за џабе, при имање услови.

Втора работа да се купи стан кој ќе го плаќаме 30 години и тоа не ми свиѓа како варијанта воопшто.

Најидеална опција би ми било-странство. Имаме сериозни шанси/понуди за во странство,дали за печалба со девојчето, дали за стално живеење, ама кога го кажувам дома ова паѓаат у несвест и испаѓа дека сум бегал и сум ги оставал на цедило. Значи фамилијарните односи ни се сосем нормални, нема некои значителни проблеми освен тоа што сум колатерална штета во "битки" што не ме засегаат.

И ситуацијата е статус-кво, треба јас да пресечам, знам дека некој мора да настрада...ама тоа, сепак на прво место би го ставил заедничкиот живот со идната жена, баш би сакал да чујам мислење пред да се случи тоа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.292
Поени од реакции
27.218
Просто е.
Дур не отидете во странство или не најдете средства за друго место за живеење, татко ти ќе си ја прибере малку баба ти, а мајка ти ќе мора „да се жртвува“ и да живее со баба ти.
Стварно не разбирам како мајка ти нема разбирање за оваа ситуација. Што мајка ќе беше?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
13 септември 2009
Мислења
554
Поени од реакции
432
Одбрав да не го тупам затоа најпластично објаснив..ако навлегувам да објаснувам реал лајф дешавки меѓу нив ехеее... или еве прост одговор, да ја знаеше баба ми ќе ти беше јасно :).
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.517
Поени од реакции
1.376
Znaes kako vikaat starite, majka e edna, zena moze da ti bide bilo koja. :D

E sea ako majka ti i baba ti nogu ne se podnesuvat, ondak ke i opremat edna soba dolu, i ke si vikaat samo zdravo koa se razminuvaat za kujna ili kupatilo.

Druga interesna rabota e sho majka ti ne saka da se zrtvuva za tebe za da sedis u istata kuka ali koa i kazuvas deka ke odis u stranstvo naednas ti ispagjas losiot i ke si gi ostavel na cedilo, koa ustvari ona te ostava na cedilo da biras megju kirija ili stranstvo.

Na tvoe mesto ja bi odel u stranstvo bidejki takvi moznosti ne se ukazuvaat sekogas. Ako e nekade u Evropa, ondak ke si 2-3 saati od doma so avion.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.140
Поени од реакции
798
Странство! Ова тука не ти бега.
 
M

Macedon1um

Гостин
Од сите опции најлоша е онаа да се „жртвува“ мајка ти и да живее со баба ти а не се поднесуваат, остај ја жената на раат да си ги мине пензионерските денови

Ако имаш добра работа/плата купи си стан или живеј во изнајмен додека е жива баба ти - ако не оди странство
 

Filip Telford

иначе?
Член од
20 јули 2020
Мислења
5.804
Поени од реакции
36.910
Мајка ти нејќе да живее со баба ти ама притоа не и е проблем денеска 100 пати да иде нагоре надоле за да и удоволи и служи на себичната старица.

Тебе ако ти се седи и живее тука, ама ако стварно ти се живее тука а не ради атер на себичните родители кои не те пуштаат да идеш у странство ондак пресечи бе, човек пред женење и ќути на 100 годишна баба и родители пензионери. Фино лепо ќе ги собереш на маса и ќе решите како ќе терате доека не умре бабата ако не, документите, парталите и терај странство. Ми е гајле дали е сурово ова со умирачката или не, ама едноставно така е, нема што 80+ годишни луѓе да одлучуваат и кажуваат правила за било што.

Најбоље опција секако е странство, што е до мене, јас да најдам сериозна понуда за останување стално надвор од Македонија без размислување ќе го напраам истото. Колку сакаат нека се лутат моите.

Не сум им роб и цел живот да живеам со нив, нека го избришат тоа себично и заостанато размислување дека децата треба да живеат цел живот со нив за да има кој да ги чува на стари години.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
332
Поени од реакции
254
Без размислување, странство. Ако имате шанси и понуди не би требало да размислувате воопшто, а такви емотивни уцени со оставање на цедило и слично и се многу нездрави. Ако сте возрасни и можете, одма сега одма. Се би дал да сум во ситуација да можам да бирам да си одам и да имам таква работа. На крај краева ако имате добра работа, може да ги затнете муцките дома со тоа што ќе им пуштате некој динар од странство и сите среќни и задоволни. А посебно ако се здрави и прави дај боже тогаш па ич немаат право така да ве уценуваат.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.814
Поени од реакции
4.269
Би сакал да чујам мислење претежно од машката популација зошто 90% од времето ние се соочуваме со вакви проблеми. Ситуацијата е малце осетлива,но ќе бидам краток во објаснувањето и ќе ви звучи можеби малце пластично..

Долга врска, одлично функционира од сите аспекти, дефинитивно води кон брак.
Следен чекор е заедничко живеење и да се удомиме конечно.Има услови за заедничко живеење,кај мене дома, но не се реализира од една причина мајка ми vs свекрва(баба ми).

Куќа на два спрата,доволно големи и потполно функционални со сите услови, на едниот спрат живее сама баба ми, на другиот останатите(татко, мајка, сестра и јас).

Приморан сум да барам алтернатива бидејќи не наидувам на разбирање од мајка ми, до некаде нејзино/нивно право, пред се оправдано зошто во младоста баба ми доста трауми и има нанесено зошто првично живееле заедно и не е способна во постари години да поминува низ истото.

Тука колатерална штета сум јас. Мајка ми нема проблем да живее со нас, но има проблем да живее со баба ми.Да напоменам дека до сега мајка ми си ги обавува сите човечки услови према баба ми, т.е. ја гледа и пази повеќе од родената ќерка, нега добива 24/7 зошто мајка ми епензионерка и е цело време дома.
Јас не можам да дозволам на еден спрат да живее сама жена, а на другиот да се гужваме пет души..кога веќе има физички услови..нема логика.
Татко ми нема проблем да живеат со баба ми и да ни отстапат еден спрат ама тоа е зошто он не треба да ја "тинтра" баба ми , цел терет паѓа на мајка ми за таа работа и нормално е до негде..

Од друга страна страда и девојка ми, има разбирање за ситуацијата, ама веќе ни влијае на врската поготово зголемениот обем на работа/обврски, сето тоа си зема данок на нашето гледање/дружење и осеќам дека е време да прејдеме на следниот чекор.

Една варијанта е да идеме привремено под кирија(додека природата си го направи своето,да не ме сфатите погрешно :) ама е неизбежен дел тоа и ќе се случи ), што ми е тотално апсурдно и фрлени пари за џабе, при имање услови.

Втора работа да се купи стан кој ќе го плаќаме 30 години и тоа не ми свиѓа како варијанта воопшто.

Најидеална опција би ми било-странство. Имаме сериозни шанси/понуди за во странство,дали за печалба со девојчето, дали за стално живеење, ама кога го кажувам дома ова паѓаат у несвест и испаѓа дека сум бегал и сум ги оставал на цедило. Значи фамилијарните односи ни се сосем нормални, нема некои значителни проблеми освен тоа што сум колатерална штета во "битки" што не ме засегаат.

И ситуацијата е статус-кво, треба јас да пресечам, знам дека некој мора да настрада...ама тоа, сепак на прво место би го ставил заедничкиот живот со идната жена, баш би сакал да чујам мислење пред да се случи тоа.
1. dali si skopje ili drug grad vo mkd? toa pravi ogromna razlika pri baranje vtoro mesto za ziveenje.
ako ne si skopje, generalno e polesno i dosta poeftino.

2. zosto voopsto ne ti se svigja toa da se kupi stan, koga toa e mozda najdobra opcija?
vikas deka ste ok/dobri familijarni odnosi, kje se sobere nekako od site strani za eden stan so kredit.
stanot ne gubi na vrednost, pa koga, kako so pisa, prirodata kje si go napravi svoeto,
pravi nov esap, ne gubis nisto so stanot. sakas izdavaj go, sakas prodavaj go,
kje bides ili na nula ili nekoj plus od toa.

3. da se isseluvas samo zaradi ova, smetam deka e pogresno (pod uslov ostanati faktori vo zivot da ti se kako so treba)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
1.604
Поени од реакции
5.687
1. Ако имаш опција за странство, странство.
2. Ако ти се останува тука, седни разговарај отворено со сите членови од семејството (мајка ти, татко ти, баба ти), кажи им како се чувствуваш и сето ова што ни го кажа нас сега тука. Понуди им ги опциите што ги пиша тука и дај му тајминг да си размислат дали ќе се однесуваат како деца и ќе дозволат да плаќаш кирија, да исплаќаш 30 години кредит за стан или да почнеш од нула во странство, при имање услови за живот тука (претпоставувам дека си задоволен од животот што го живееш тука, ако ја одбереш оваа опција). Не знам, зависи и од баба ти во каква здравствена состојба е. Може да се разгледа ете како опција и можноста за идење во дом за стари лица.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
554
Поени од реакции
432
Фала Богу здрави прави се сите,самостојни, баба ми со ваква нега ко што добива може да надмине и 100+ :D.

Во Скопје сум,реално имам сосем солидни услови и работа тука истото важи и за девојка ми,пријатели..фамилија..така да причината за селење би било само да стекнам +кеш и да се надградам на професионален план во пакет со заеднички живот со попругата.

И мене ме нервира тој пристап од страна на моите, да ме фатат на емоции демек, ама стварно не заслужиле да им се курчам и да се расправам. Поготово не за у нивна куќа:D зошто до некаде ја оправдувам ситуацијата и имам разбирање. Да не беа во право друга песна ќе беше од моја страна.

Муабетот со станот дека не губи на вредност е точно, меѓутоа сепак самата помисла ме одвраќа..испаѓа од курч да се главам со кредити..да сум приморан,да, ама вака..

Фала ви до сега, добив и повеќе од доволно мислења, сепак на крајот,како што реков на мене останува да пресечам.

Ако има некој да додаде уште нешто, слободно.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
4.619
Поени од реакции
15.280
Јас сум секогаш за поставување здрави граници во фамилија.
Мене да дојде син ми после 30 години да ми прави ред дома и да ми кажува кај јас да седам пошто нему му текнало да се жени, можам вратата да му ја покажам само и нека се снаоѓа како знае и умее.
Не викам дека ти тоа го правиш, ете викаш дека ја разбираш мајка ти, штом ја разбираш, не навалувај и не им прави да имаат после проблеми меѓу нив. Ако си функционираат океј на различни спратови, остави ги како што си функционираат оти после додај ја и женска ти во миксот, све тоа многу убаво ќе излезе.

Ни прв ни последен нема да бидеш под кирија, ако веќе нејќеш да се заглавуваш со кредити.
Идејата за странство секако е ок, поготово ако имате сериозни шанси за добра работа. А такви емотивни манипулации сечи во корен, и најдобри родители да се немаат право да ти кажуваат каде треба да го поминеш животот и да сметаш дека е ок да им ќутиш за тоа.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
4.673
Поени од реакции
265
Одете со девојчето под кирија.
Што дека имаш толкава куќа кога во неа односите не се хармонични.
Трошок ќе ти е, ама мирна глава, нит мајка ти нит баба ти.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
14.210
Поени од реакции
30.955
Батали , гледаш дека со чурук жени имаш работа, па уште кога ќе ја стават и жена ти во шема и кога ќе се здави и она со една од двете, тек тогаш ќе отиде се у курац.
Оди си под кирија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom