Заеднички одмор

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Инспирирана од неколку случки решив да ја отворам темата.На ваква тема не налетав,ако има однапред се извинувам.:smir:
Во врска сте и разговарате со пратнерот/партнерката за заеднични одмор.Дали доколку тој не е во можност да си допушти одмор таа година ќе одлучите двајцата да останите дома или пак вие ќе си отпатувате негде со некое друго друштво:со пријатели,роднини и сл.
Дали ако вие сте во можност би му го платиле цел одмор или барем дел само за да бидите со него.
Од друга страна,како вие би реагирале доколку вие не сте во можност да си допуштите одмор таа година:би го/ја пуштиле партнерот/партнерката сам/а на одмор или би барале друго решение?
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Ако можеш земи го со тебе, зошто да не:)
Со компензација, и да не се чувствува грозно, на зимување тој да плати:smir:
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
99
Поени од реакции
1
Јас идем па што сака нека биде.Штом тие кои ми плаќаат (мама и тато)ми велат оди,друг што ќе каже не ми е многу важно.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Te лаже дека нема можност. Вистината е дека не му се оди со тебе. Или, дека сака да се изгребе ти да му го платиш од сожалување.

А сама не те пушта?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ма нека оди кај сака, нека одмори од се, па и од мене.....ако се врати добро, ако не значи сме утнале во изборот, ...одиме понатаму...
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Te лаже дека нема можност. Вистината е дека не му се оди со тебе. Или, дека сака да се изгребе ти да му го платиш од сожалување.

А сама не те пушта?
Па ова не е воопшто мој проблем.Не прашвав јас шо треба да напрам,туку онака ја отворив темата за да видам како другите размислуваат по ова прашање.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Па зависи колку ни е сериозна врската. Ако јас неможам да идам поради оправдани причини а он може, никогаш не би му рекла да не иде...Зашто да му го скратувам одморот. Тоа би го оставила на него...како он ќе одлучи...Нормално нема да ми смета ако остане, стварно би ми значело многу тоа.
А обратно....Ако можам да си приуштам да му платам одмор тогаш би му го понудила тоа решение. Како што кажа Лејди можеме да направиме некаква компезација, следниот пат он да плати или нешто слично....
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Одам на одмор а не на замор .... колку сака нека е сериозна врска сам ќе си одам или со другари
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Одам на одмор а не на замор .... колку сака нека е сериозна врска сам ќе си одам или со другари
Значи за тебе одмор со женска,со која си во сериозна врска е замор!?
Па зошто тогаш би седел со неа кога еден одмор со неа би ти бил напорен.:toe:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Значи за тебе одмор со женска,со која си во сериозна врска е замор!?
Па зошто тогаш би седел со неа кога еден одмор со неа би ти бил напорен.:toe:

Женска = проблеми


4 годишна врска имав па пак на крај памет не ми идаше да одам одмор со неа

Зошто секој ден е со мене уште тамо ми фали :P
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ќе си одберете партнер со кој како прво, ќе сакате да одите на одмор, како друго, ќе има сличен општествен и финансиски статус ко вашиот и вакви дилеми нема да постојат.
Инаку од искуство од моите родители, како пар кој најмногу го почитувам и сакам се разбира, тие секогаш се труделе одморот да им биде во исто време за да си се заедно.
Ако веќе имаш среќа да имаш некоја која ја сакаш, зошто да не одиш со неа и на одмор.
Јас оддамна не сум љубел некоја многу многу, така да со друштво или сам сум одел.
Инаку не би ја пуштил, кај ќе шета бе мене. Ќе и симнам филмови нека гледа.
Нека работи нешто по куќа и така сигурно забушавала цела година.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ако имам можност би му платила и нему, зашто да не... Ако не сака да оди а јас сепак сакам мислам дека ќе отидам да одмор и без него...

Ако е обратно пак, нема да се лутам... ако сака да оди нека оди, зашто па заради мене да не отиде...нека оди, за десет дена бре чудо големо... ма да јас не ни сакам одмор со дечко... со дечко и со друштво да ама само со дечко неееее...:nesvest:
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Ако имам можност би му платила и нему, зашто да не... Ако не сака да оди а јас сепак сакам мислам дека ќе отидам да одмор и без него...

Ако е обратно пак, нема да се лутам... ако сака да оди нека оди, зашто па заради мене да не отиде...нека оди, за десет дена бре чудо големо... ма да јас не сакам одмор со дечко... со дечко и со друштво да ама само со дечко неееее...:nesvest:
Ако имам можда би му понудила, ама ако прифати би било забавно.Јас мислам дека на денешно време кој сака може да си загрее г’зето и да зема да работи нешто па да си приушти 10 дена одмор во годината. Таков шо ќе чека од мене да му платам фала и не ми треба баш.Како шо кажа Никола треба со партнерот да си бар малку финансиски блиско за да се избегнат ситуации од типот ја те направив човек, јас ти приштив се, ако не бев јас немаше да мрднеш од дома и слично.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што знам не сум размислувала на оваа тема нешто посебно. Би одела да, ама не би паднала во транс и ако не се погодиме заедно да одиме на одмор. Не е крај на светот. Како и да е, со добар разговор, паѓа и добар договор.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom