Заедничка кошаркарска лига

Дали сте за заедничка кошаркарска лига со Бугарија?

  • Да, сум за заедничка кошаркарска лига.

  • Не, сум против заедничка кошаркарска лига.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Пред неколку денови првиот човек на кошаркарската федерација на Бугарија Георги Глушков упати покана за преговори за формирање на заедничка кошаркарска лига меѓу двете соседни земји до претседателот на КФСМ Перо Антиќ.


Сега за сега, јас не пронајдов официјален став за или против од страна на нашата федерација околу овој предлог од страна на првиот човек на Бугарската кошаркарска федерација.

Инаку на интернет страница во Бугарија имало анкета и 71 % се изјасниле за заедничка кошаркарска лига меѓу двете земји.


Форумџии вие што сметате дека е од корист на спортски план за нашите кошаркарски клубови и воопшто за кошарката кај нас, дали би било позитивно или негативно да имаме заедничка кошаркарска лига со Бугарија.
Неофицијално предлогот, е заедничка лига со 12 клубови по 6 клуба од секоја од двете држави и играње 22 кола, секој со секого по два пати во сезона еднаш дома и еднаш гости, и после првпласираните 8 клубови играат плеј оф и четвртфинале и полуфинале би се играло до 3 победи, а финалето до 4 победи.

Јас сум за ваква лига, реално во ситуација кога само МЗТ Скопје повремено успеваше да влезе во првата АБА лига и да испаѓа од таму во втората АБА лига и да се мачи околу изборување пласман во првата АБА лига, сметам дека треба да се проба со ваква заедничка кошаркарска лига со Бугарија, да оставиме политика, да пробаме спорт да оправиме.

Онаа балканска лига со клубови од Албанија, Косово и Црна Гора не ми се допаѓа и тоа воопшто не го крена квалитетот на кошарката кај нашите клубови.
Со оваа лига со Бугарија може истото нема да се крене квалитетот на нашите клубови, но барем да пробаме.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.275
Поени од реакции
1.724
Па ако БИБЛ не го крена квалитетот зошто мислиш сега дека Бугарија само со нас ќе го крени?

Ќе се местат утакмици на големо
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Тешко срање. Плус да бидеме реални, понудава за заедничка лига само со клубови од Македонија е Бугарија е се, само не спортски предлог.
 
Ф

Флеш

Гостин
Никогаш НЕМА ДА ИМА .... Додека не негираат и пљукааат,не фала искрено ....

Како досега,пазете тајмингот,Бугарија ја немаше да изрази желба,дури сега да прати предлог парарелно со политичкиот конфликт со Бугарија која Македонија ја има ..... Ова е политичка пропаганда .....
 

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
775
Поени од реакции
1.160
Сакаат заеднчика лига оти и во то не ги бива. Е до толку се отепани. Не само шо беа отепани во војните, и во спортот се отепани.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
И победникот во таа лига што ќе добие? Излез во некоја регионална, Еврокуп, Евролига (никад, а можда ни тад), Фиба ЛШ? Нема и нема...

Нема да се зголеми популарноста, нема да има повеќе публика, бидејќи горе доле квалитетот ќе биде ист, ама ќе се зголемат трошоци за пат, организација, логистика, итн...

Инаку има регионална АБА лига кон која треба да целат македонските клубови, ама треба клубовите да ги водат професионалци, а не да бидат средство на политичари и градоначалници, треба инвестиции во инфраструктура, младински школи. Многу е нормално дека поатрактивни противници се Звезда, Партизан, Цедевита, Будуќност, а во иднина се споменува и името на Динамо Загреб. Искрено по мене тамо е местото на нашите клубови.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Многу чуден народ сме. Со Срби и Хрвати Може лига ама со Бугари никако...


Ова би било добро за нашиот спорт. Само како ќе биде регулирано е многу битно. Дали финалистите ќе идат во европа ? дали ќе има повеќе спонзори ? Телевизиски права ? Ќе се вложи ли во кошарката ?
Ако тргнеме политика на страна, реално едино со Бугарите и Албанците ние можеме да си парираме во Кошарка. Србите, Црногорците, Грците, Турците,Хрватите итн. се далеку пред нас... Доста по квалитетни екипи. Еве гледаме со МЗТ во Аба лига што и како се дешава низ годиниве. Мене искраено не ми се праи мн мерак со бугарите да спојуваме било што, но дефинитивно заедничка лига,значи збориме тука како 1 лига а не бонус натпреварување би го подобрила спортот. Што нашата Репрезентација што нашите клубови. Мзт, Работнички, Куманово, Фени би имале доста повеќе конкуренција. Мене би ми било мило и ако се направи на балканов - Систем НБА. 30 Екипи поделени на 2 „конференции“ и тоа е.Нема испаѓање, нема ништо такво. За да може да се добие на квалитет. Со тек на време и од тотален аутсајдер ќе може да се стане и плеј офф екипа. Да не забегувам оф топик.1 лига со бугарија, за кошарката во Македонија би придонело многу. А и ќе се вратат доста навивачки групи на сцена. Ќе има поголем жар и за обична публика да иде на натпревар. Поголемо ривалство ќе се има. Повеќе спонзори, повеќе пари од тв права итн. За политика не знам, не можам да зборам. Но за кошарка (еве и фудбал особено) тоа би било одлично решение за подобрување на квалитетот. Враќање на обичната публика на стадион, ривалства меѓу навивачки групи и слично
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Прво тие Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци и Босанци со година имаат каква таква функционална лига. Сега што еден клубов има власт над лигата не мора да значи дека таа е слаба. А по што ке гледаме дали е слаба? По тоа што оваа, а и прошлите години секогаш имаше 1 представник во Евролигата, 2-3 представника во Еврокупот, и претставници во ФИБА натпреварувањата. Бугарија го имаше ЛЕвски една сезона во АБА лигата и за разлика од него Карпош Соколи се покажа подобар. А и посочи ми конкретно тим од Бугарија што има успеси на меѓународно ниво? Само не ми кажувај за БИБЛ лигата, најголемата превара во овој спорт. Ако постои поголема превара од лига го бришам постот.

Друго нема напредок да има додека прво како и во останатите спортови, освен делумно во неки други не дојдат прави луѓе. И не почне реорганизација во спортовите, посебно во кошарката која е најпогодена. Џабе и Пеце и Перо и Даниел и Господ да се симне. Се додека клубовите зависат од општините кошарката ке служи за перење пари. Единствен позитивен клуб е Блокотехна, кој се распадна, ама има ваљда најава дека ке се формира пак, ама и тој клуб, како и АВ Охрид е формиран само синот на газдата да игра негде, пошто од што е добар си отиде од Работнички.

Трета работа треба прво клубовите да се стремат за АБА 2 лигата, ама да бидат компететивни како МЗТ лани и оваа сезона, а не колку да учествуваат како Охрид во првата сезона. Таква негативна разлика не можеме да собереме ни ние 5-6 души да се собереме. Сега ке ме нападнете зошто баш АБА 2? Затоа што за разлика од Бугарите, клубовите барем работат нешто и имаат цел. Посебно Словенечките, Хрватските и Српските клубови. Исто така треба да целат клубовите да играат некое ФИБА натпреварување (Еврокуп, пошто Лигата на Шампионите е потешка) и исто да развиваат млади кошаркари како што го прават тоа Куманово (пред плеј оф безвезе доведоа 2-3 играчи, т. е. до прекинот на првенствово, Вардар и Академија ФМП). Ама се ова кога ке се средат работите во клубовите или во слободен превод мало морген. Ете толку околу моето мислење за играње на наши клубови со Рилски, Лукоил, Левски и тако натаму и така натаму.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.076
Поени од реакции
21.953
Чиста политичка пропаганда како иницијативата на Албанија да формира сеалбанска лига на клубови од Албанија, косово, Македонија и Црна Гора.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.357
Обид за доближување на народот(ите), кој како милува. Кога го потпишуваа договорот истиот предвидуваше вакви работи, соработка во спорт, култура, трговија,(таа пругата историска :icon_lol: ) а од се тоа останаа само уцени и расправии.

Требаше и да има и емитување Бугарски ТВ канали, ама од тоа се откажаа откако изгледа сфатија дека нема бугарски канал што не се бави со Македонија бар еднаш дневно и таквата работа само ќе даде контра-ефект.
 

Koce05

Lakers Fan
Член од
4 март 2018
Мислења
1.969
Поени од реакции
1.676
Чиста политичка пропаганда како иницијативата на Албанија да формира сеалбанска лига на клубови од Албанија, косово, Македонија и Црна Гора.
Ме интересира дали клубови од Македонија што ќе учествуваат во таа сеалбанска лига како Шкупи ќе бидат доследни и ќе ги вратат парите што ги земаа преку ваучер системот, или на крај ќе биде рани куче да те лае?
 
Член од
5 мај 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Да за регионално натпреваруваење, ама целта да биде да се подобри и развие кошарката на овие простори, а не да се зимаат 35год + странци од селски лиги и колку само да се игра, како што е Библ или аба 2 или нр знам што. Не се постигнува така квалитет и популарност на спортот.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.076
Поени од реакции
21.953
Ме интересира дали клубови од Македонија што ќе учествуваат во таа сеалбанска лига како Шкупи ќе бидат доследни и ќе ги вратат парите што ги земаа преку ваучер системот, или на крај ќе биде рани куче да те лае?
Aко мислиш дека тоа е најголемиот проблем, тогаш тоа е најмал.
Даноци од трансфери, пријавување на играчи како странски или домашни во таа лига, квалификации во ЛШ и ЛЕ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom