Задушница не е гробна гозба

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
ова е ден бабите да се видат, муабет да си поправат. Мене ко дете увек ми беше добро, пошто лапачка имаше, колачиња ово оно, и кифлички исто чат пат.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
И една работа со бабите кажуваат дека во ден понеделник не се одело на гробишта, бидејќи цела недела да не почнувала со лошо, а во вторник не се одело за да не се повторува лошото.

Пак поготово да се најдат две баби што се јатрви или пак снаа и золва и да се двете од други крај ко ќе почнат да се расправаат ние во Битола не прајме така, другата ние во Охрид не прајме така...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.401

А они кога идат на гробишта лошо ли прават?

Читав еден статус вика : Гледам пак против Халовин имаат луѓето кои јадат на гробишта.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Треба да се радуваме што останалр толку адети и традиции. Тоа е богатство за луѓето. Колку повеќе и поразлични толку побогато. Задушницата не е само христијански празник, слични практики имало и претходно и во различни култури.
Адетите се менуваат во согласност со времето и околностите. Од научна гледна точка е супер да се набљудува, но за жал се исчезнува и се претопува во некое еднородно тело. Јас сум за скромно практикување и сметам дека човек треба да е доволно разбран, паметен и способен да расудува што е суштината а што е денешна бесмислица.
 
Aдетите и традициите не се во согласност со Библијата. Каде пишува во Библијата (доколку си ја читал/а) дека треба да правиме вакви адети за покојните???
Адетите за покојните се пагански работи. Се што е паганско треба да се искорени.
Еднаш гледав на телевизија за во Кенија имаат адет покојниот да го откопуваат на 11-тиот ден едните го нишаат другите вртат околу него и третите тропаат на разно разни тропачки инструменти...И зарем тоа во Кенија не треба да се искорени бидејќи било традиција???
 
Традиционално во Индија :

Јас мислам дека нема потреба од искоренување на нешто што толку долго се задржало во колективната свест. Па половина од празниците во христијанството и исламот се базираат врз постари празници, обичаи кои имаат поинаква смисла која е во кореспонденција со битот на заедниците во тоа време.
Религиите само кога сакаат да омасоват нешто тогаш стануваат радикални. Задушницата е комеморација, славење на меморијата за покојникот, не гледам ништо лошо во тоа. Лошо е кога не е скромно, како во случајот што го спомнуваш ти луѓето забораваат на скромноста.
Исто и ова фестивалов во Индија.

Во Африка поголемиот дел од луѓето не го смениле начинот на живот уште од праисторија. Сегде каде што допрела модерната цивилизација е хаос и војна. Незнам што е полошо: откопување на покојникот на единаесетиот ден и танец околу неговото тело, или распукување и стотици мртви на улиците.

Неможе цела планета и сите луѓе да имаат исти обичаји. Нешто што за нас е неприфатливо на друго место е секојневие, а во тоа влијаат многу фактори. Религијата е само еден од нив. Нема смисла да дебатира за бесмисленоста на некој ритуал во друга религија која нас не ни е позната.
 
Последно уредено:

Има потреба од искоренување на нешто што толку долго се задржало во колективната свест. Адетите за покојните прават доста несогласувања, кавги, раскол и заблуди измеѓу луѓето... Пример татко ми почина 2006 година, јас по потекло по татко сум од Битола, а по мајка Охриѓанец. И дојде до недоразбирање измеѓу нашите најблиски роднини. Битолчаниве кажуваат кај нас е вака, охриѓани кај нас е вака. Ај сега шо требаше јас и по Битолските и по Охридските адети да ги правам работите??? Пак ако бев женат со жена од Прилеп ај и прилепските адети да ги правев...!!!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.665
Старите адети и ритуали кои се измешале со христијанството и те како треба да се искоренат, да се заборави на истите. Искасапени и неразбрани ритуали се отров.
А тоа најлесно ќе се постигне еднаш засекогаш православната црква преку поповите кои трчаат по гробовите да ги „стегнат“ своите мирјани!

Така потоа полесно ќе расправаме ние, другите, за паганските ритуали. :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Така потоа полесно ќе расправаме ние, другите, за паганските ритуали. :)
...и ќе воведете свои, кои, како замена на погрешните, ќе станат уште попогрешни, уште попагански и уште побезбожни...:icon_lol:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.665
...и ќе воведете свои, кои, како замена на погрешните, ќе станат уште попогрешни, уште попагански и уште побезбожни...:icon_lol:
Тоа што ти знаеш и ние, изучувајќи ја историјата на разните иницијаторски школи и учења во тоа време при „раѓањето“ на христијанските секти, дека истите тие христијански секти на почетокот воведуваа свои искасапени ритуали лика прилика на старите учења, без „амин“ од иницијанти кои ги знаеле симболите и зошто нештата се прават како што се прават - не значи дека така е и денес...
И тоа што незнаењето мораа да го заменат со „вера“ на која и дадоа „духовен призвук“ - е провидност која може да се забележи ако не западнеш во „бедноста на духот“ и да бараш вера а не искуство и знаење кое ќе ти даде надеж за подобро утре!

Тајните учења замина во „илегала“ или како што велат „исчезнаа“ заради една христијанска црква која се дрзна да се соедини со световната политика и тоа го имаме со векови... одржување на вештачка конструкција од стари учења кои немаат смисла заради новотариите кои ги внесоа оние што ја запалија Александриската библиотека, оние кои ги прогласија гностиците за еретици итн итн...

И сега ти со цел ум, со амин на свештениците кои шират омраза и сатанизираат сешто за да им се одржува религијата и златото по црквите и полните стомаци... ја префрлаш топката на оние кои имаат наследство од тајните учења кои вие како припадници на секти кои раѓате секти - дека се исти ко вас на почетокот?
Не сине, ќе мора да си ја учиш историјата и колку да не ти се допаѓа - христијанството беше нужно зло за да се помести моќта на Рим, за на крај исчезне со исламот!

Не се воведуваат нови ствари. Се наследуваат учењата и праксите... божественото не прави скокови! Освен во вашиот случај... адетите се профанизирани ритуали кои премногу изгубиле од својата моќ заради мешање со христијанството.

Задушница и слични адети кои се поврзани со смртта и мртвите, го имало одамна во други култури и верувања, но многу попрефинето и многу пореално за разлика од ова сега што го имаме... :)

Така да... злобата замени си ја со знаење и разбирање... бидејќи јадење слати за другите е лесно, можам простачки да ти ја опишам религијата твоја многу едноставно, но што со тоа?

И да, ова за тебе е блабла бла :D, но за други кои не се православни христијани и зашеметени од потребата „верата и со нож да се брани и со навреди“ нема да им е блабла.. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom