Не ми е јасно што сакаш да ми докажеш. Сигурно дека греењето на дрва загадува. Едноставно, не можев да верувам во бројките колку е во Охрид загадено. А планирав на стари години таму да престојувам, демек на почист воздух
Никој не спомнуваше дека Охрид загаден пошто немнаше мерна станица.Нормално дека греењето на дрва загадува.Ама голем е бизнисот со дрва, голема пара се врти така да сме во затворен круг.Сечата на шумите и сечата на дрвата по градовите уште повеќе ја зголемува загаденоста.Ама објасни им го ова на тие шо се греат на дрва да те видам!
Греењето на дрва загадувало - па еве нека дадат субвенции, ама не само на 100 души, за нови печки. камини кои се со поголема ефикасно, подобро го согоруваат дрвото, помалку дрва помалку чад, помалку загадување. А подобро е давачки за нови печки да намалат
Колите загадувале - нека намалат царина за увоз на автомобили па нека купат сите на старо или на ново поеколошки автомобили наместо да возат распадни стари преку 20 години
Ама не им се слуша за даноци и царина да намалат. Како ќе прават рекордни буџети после. Нивната мерка беше еко налепници - како да земат уште пари од народот.
На ниедна влада не и се слуша за проблемот со загадувањето, на нив можеби и не им пречи, нивните вили не се во загадено место.
Вчера баскет играв едно саат и кусур време...не дека не спортувам секој ден ама со ваков интензитет одамна не сум.
Сум плукал темно кафеаво како да пушам качак цел живот...требаше да го снимам, вакво нешто не ми се случило кога сум палел по некоја цигара и сум се труел по цела вечер со алкохол и да не набројувам.
учев во ЕМУЦ, 1965/69... во втора година имавме пракса освен бравар или дреар кај што одевме нормално, имаше по една две недели и пракса ковачница, ливница и фарбарско одделение...
Во фарбара фарбавме таблици за коли... се работеше со бои и разредувачи а не користевме маски... последниот ден, петок беше, за да не пушти порано наставникот, ние тројца исфарбавме 500 таблици... кога излегувавме, околу ручек, лицата ни беа БЕЛИ како на албино.... ама толку ни беше свеста, наместо да забушаваме се отрувме за 2 сата порано да не пушти... во Ливница не беше толку страшно, работевме со челични калапи и лиевме алуминиумски винклици за столчиња за ГСП.. Но Ковачница беше најгадна, а требаше 2 недели таму... ај пламен и дим, ама ковачот не тераше и да кршиме рачно со чекан КОКС, а прашината мене ми се лепеше во носот, мрсулите ми беаа црни како катран... после 3 дена отидов на доктор и ми даде упат за операција на крајници ( иако може и не требаше да се оперираат, само третиот) ама ги оперирав сите на 30 април и по излегување од болница дома бев на боледување се до распуст, забушив ковачницата...
Инспекторатот на Град Скопје вечерва интервенирал во околината на фабриката МЗТ, од каде било констатирано дека истекла солна киселина од цистерна.https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje/posts/2510503482566748?__xts__[0]=68.ARDxvMC6WR-9dup1jdxiXZQ96pAgxMZD-WEzgK2PHaGrwcx0yx9q8LC_fUEC5aFZT
ма нека трујат, него дали и колку, е тоа опасно? На пример, пешкир сушиш надвор на овој "воздух" и после се бришеш со него.
(инаку знам дека сушалка машина е решение, но прашувам затоа што немам)
Па готово, се гушиш и умираш .
Дај не зезај, повеќе штета ќе имаш од што ќе искочиш надвор да го земеш пешкирот од жица, мислам, карикирам ама ај сега да не претеруваме.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.