Само за споредба: Германија има изградена инфраструктура за гас но планира од 2030 целосно да ја форсира струјата, значи сите новоградби да мора да се греат на струја. Моментално полека но сигурно производството на струја оди со регенеративни извори (ветар, сонце). Атомска енергија веќе се отфрли, до 2030 производството од јаглен ќе се укине. Производство од гас и онака не е исплатливо, така да и се предвидува таа регенеративна струја да биде ефтина затоа што не се трошат ресурси за происводство. Дали е реално ќе видиме, ама стратегијата е таа. Нормално паралелно капацитетот на мрежата се зголемува. Македонија и онака не може да плати изградба на гасна инфраструктура, ама добро звучи нели.
Нема извор на енергија што нема некакви маани. Има разлики во мааните само. Фотоволтаичните стакла звучат добро, ама во облачни денови не вршат работа, плус нивното производство е релативно скапо и загадувачко. Ветерните турбини се исто релативно скапи и нема гаранција дека на долг рок ќе создаваат струја, затоа што климатските промени често значат и прекинување на "константни" воздушни и водени струи.
Производство од хидроцентрали е добро на големи реки. Знае да потфрли во сушни сезони.
Тврдиве горива, па и гасот се во ограничени количини и многу загадуваат. Огромна заблуда е дека природен гас е еколошко гориво. И тој при согорувањето создава нус продукт - друг гас, кој не би рекол дека е баш здрав да го дишеш. Веројатно предност е што како топол гас се качува горе во атмосферата и не праи тврди честици од кои ние го јадеме стапот. По мене со гасот поголем проблем е политичкиот момент. Моментално се водат војни на таа тема и за држава како нас, што го нема, може да биде голем проблем при некаков спор - ќе ти го исклучат, ќе те уценуваат политички, ќе ти качуваат цена...
Според мене, во Скопје и другите градови најбитно е да се централизира греењето. Тоа е релативно скапо, ама има голема предност, затоа што топланите може да работат на различни енергенси, лесно се контролираат за поставување филтри - полесно е да провериш 10 топлани отколку 10000 куќичиња и најбитно - оџаците им се со висини кои фаќаат воздушни струења, не се ниски како кај куќите со што талогот остануе меѓу нив. Таа инсталација е трајна и полесна за одржување, за разлика од инвертери кои сигурно имаат одреден век на траење - 20, 30 години...
Жално е што во претходниве години имаше анти-топлификациска кампања од извесни медиуми, што предизвика и масовни исклучувања и проектирање нови објекти со поддимензионирани потстаници или воопшто без инсталација. Им се остаи на приватни инвеститорчиња да градат државна стратегија по принципот "ќе се снајдам јас за греење, парно ми е скапо".
Уште еднаш ќе повторам - рециклирање да се воведе како задолжителна мерка и посебно да се обрне внимание на градежен отпад и мебел - горење на прозори, врати, паркет, плакари - тоа го има во огромни мерки. И мора во овие зимски месеци да се стаи мораториум на градилишта или да се затегне со перење на камионите при излез од ископот исл.
Вчера малку го гледав Коце Шилегов...ми качи притисок. Мува не го лази, ко да му носат воздух од Алпи во тегла, ко да не живее тука.