Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.607
Поени од реакции
34.798
Триес години СДСМ и ВМРО ја водат земјава.

И сега пак ќе ги гласаме.
Глупи сте ако мислите дека ова е офф-топик.
... не се важни тие што триес години ја водат земјава, важни се тие кои стојат во позадина на овие!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Меркава е чист маркетинг, предизборен. Ако сакаат нешто да направат нека видат како се прави тоа во нормални држави. На пример селекција на отпад. И наплаќање кауција за пластични шишиња. Ти наплаќаат 20% повеќе од цената, ама кога ги враќаш шишињата ти враќаат пари... Само што со тоа кога гледаш што се случува со пластиката, ни ~20% не се рециклира а другото иде директ во загадување. Затоа велам само целосна забрана на пластична амбалажа. Постои стакло, секако е поздраво како амбалажа и не испушта токсини во течностите/храната.

Ме интересираат резултатите а не наводните намери.

Мене ме интересира кога ќе направат нешто со дивите депонии во Лака/Грчец/Сарај/Матка/итн, каде не се плаќаат комуналии за ѓубре. Зошто кога може директ во Вардар да се бутка со багери?
Мене ме интересираат и намерите и резултатите. Тие се во меѓусебен причинско-последичен однос. Така целта е јасна, дестимулативна, кон редуцирање на ќесите во природата.

Периодот на разградување им е околу 100 год, а речиси секојдневно се палат дивите депонии, така прашање е колкав процент ќе го достигне тој период до разградување.

Биоразградливите ќеси се една опција, хартиените се друга, а платените торби трета. Во економијата имаш супститути, заменски производи со иста цел и намена, со пониска цена или подолга долготрајност. Така, сериозно, не гледам ништо лошо во оваа мерка. Сепак да дадеш 15 ден за ќеса, а лебот е 25, малку ќе подразмислиш.

Дивите депонии може да се расчистат. Онаму каде што имаме викендичка имаше 3 диви депонии, а селото има 100 жители. Направивме петиција, сите беа исчистени и беа поставени контејнери. Дури и тоа е поевтина варијанта за општината, наместо да се соочува со пожари поради палење на депониите или да ги чисти 2-3 пати во годината.

Има и обратни примери, пример Лазарополе или овде во елитната населба под покровителство на "купи куќа-купи стан", па и за тоа пишував.

Така требаат иницијативи, пари за такви мини проекти има и ќе се решат дел од дивите депонии. А дел, како што напоменав, се покрај речните корита кои може да предизвикаат поплави, покрај тоа што ги загадуваат реките. Треба и казни, драконски, кога веќе некаде не може да проработи свеста.

Сега, ако нема контејнери и организирано собирање на отпадот од страна на локалната самоуправа, каде ќе го фрлаат отпадот? Со таков проблем се соочуваат руралните средини, посебно селата. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ова значи дека со една, некогаш и две ќеси дневно, само за ѓубре би не чинело над 500-600 денари. Е браво бе. Сега тек ќе видат шо е гнаса од град, ќе се фрла све низ прозор.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Добро, сеуште ќе може да си ги купиш големите ќеси за смет. :)

Повторно, целта е редуцирање. Ни јас не гледам зошто толку се критикува оваа мерка.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
Бре бре, зошто се критикувало. Народот на работ на сиромаштијата со дополнителни трошоци. А на оние мегаломански индустриски загадувачи ич не им чуе.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Бре бре, зошто се критикувало. Народот на работ на сиромаштијата со дополнителни трошоци. А на оние мегаломански индустриски загадувачи ич не им чуе.
Кои дополнителни трошоци? Колку се ќесите за смет? Има и за 50-60 ден. :D

Пак можеш, но и не треба да ги купиш. За смет има. За пазарење има алтернативи. Не знам што се критикува. Ајде, напиши критика за оваа мерка. Секако, треба да се преземат и чекори кои другите сегменти кои се загадени, како водите и воздухот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Црните ќеси исто се најлон. Има и биоразградливи, но еднаш пробав со нив да носам ѓубре и никогаш повеќе. Ми се распаднаа додека да ги однесам до контејнер, се кинат малку повеќе ако се затегнат. И пак се поскапи од другите. Што значи ништо суштински не се постигнува (најлон е најлон), освен што се зголемуваат давачките по семејство.
Од друга страна, она што деновиве го пријавувале ѓорчепетровци за загаден воздух или Долно Лисиче
или депонијата во Ѓорче (ова е од лани)

не се санираат со поскапување на најлоните. Да не ги споменувам индустриите кои постојано загадуваат од вода, почва до воздух.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
Кои дополнителни трошоци? Колку се ќесите за смет? Има и за 50-60 ден. :D

Пак можеш, но и не треба да ги купиш. За смет има. За пазарење има алтернативи. Не знам што се критикува. Ајде, напиши критика за оваа мерка. Секако, треба да се преземат и чекори кои другите сегменти кои се загадени, како водите и воздухот.
Досега не сме купиле дома ќеси посебно за ѓубрето збирање. Тоа што ќе ни дадат од продавници со самото купување ги збираме.
Така да мене ама ич не ми се свиѓа идејава.

Нека почнат со фабриките, скандалите со горење на мазут, пуштање на хемикалии во реките и почвата, горење депонии, па после нека покачуваат цените на најлонските ќеси. Ама да, таа опција е најлесна
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.473
Па сакате во ЕУ. Европските земји како Германија и Холандија воопшто не ги ни продаваат ваквите ќеси по супермаркетите. Во Хрватска, палстичните чаши се забранети од летото. Значи не измислуваме топла вода ние, туку така функционираат развиените земји.

Пластиката треба да се сведе на нула и ваквата мерка е за поздравување. Ама ко за се друго, ние Македонците имаме проблем со свеста. Први сме да се буниме за пластичните ќеси, а сакаме чист воздух. И затоа сме таму кај што сме.
 
Ние купуваме. Плус купуваме при пазарење, демек ќе ги користиме за смет. Знаеш каде завршуваат? Во подрум. На крајот на годината, кога го чистиме подрумот, ги фрламе сите тие 100-200 ќеси кои имаат намена само да ги донесеме продуктите од продавница до дома. Толку.

Ќесата се плаќа денар-два. Оние кои ги купуваме за смет се околу 70 ден, доста се квалитетни и ни траат најмалку месец-дена. Така да, нема да има значителен трошок на тоа поле, дури и ќе заштедиме нешто (иако ништо позначително) затоа што ќе си носеме торба за купување. :)

Сериозно, не гледам причина за критика на оваа мерка. Сепак има и помали црни ќеси, што се дупката во нивната логика, ама ок.

пи.ес. (^) Не сакаме во ЕУ. :D
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
Па сакате во ЕУ. Европските земји како Германија и Холандија воопшто не ги ни продаваат ваквите ќеси по супермаркетите. Во Хрватска, палстичните чаши се забранети од летото. Значи не измислуваме топла вода ние, туку така функционираат развиените земји.

Пластиката треба да се сведе на нула и ваквата мерка е за поздравување. Ама ко за се друго, ние Македонците имаме проблем со свеста. Први сме да се буниме за пластичните ќеси, а сакаме чист воздух. И затоа сме таму кај што сме.
Знаев дека ќе се залета некој како тебе. Нека ги забранат и овде најлонските ќеси па дишете чист воздух додека депониите горат. Ех бееее дејди де
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.473
Знаев дека ќе се залета некој како тебе. Нека ги забранат и овде најлонските ќеси па дишете чист воздух додека депониите горат. Ех бееее дејди де
Да. Јас сум за 150 денари да ги направат, или целосно да ги забранат. Таква сум, сори :)

А проблемот со депониите воопшто нема допирна точка со ќесите. Тоа што некој не си ја брка работата ко што треба, нема врска со ќесата пластична. Јас ја коментирам конкретнава мерка (депониите во некоја друга прилика, немам време сега). Дежурни мрчатори увек ќе има. Мерката ми се допаѓа и е за поздравување.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
Да. Јас сум за 150 денари да ги направат, или целосно да ги забранат. Таква сум, сори :)

А проблемот со депониите воопшто нема допирна точка со ќесите. Тоа што некој не си ја брка работата ко што треба, нема врска со ќесата пластична. Јас ја коментирам конкретнава мерка (депониите во некоја друга прилика, немам време сега). Дежурни мрчатори увек ќе има. Мерката ми се допаѓа и е за поздравување.
Така е. Ајде, со бебешки чекори. Нема смисла да се троши енергија кон проблеми што претставуваат 90% од загадувачите кога можи вака, денес ќесите, по 20 години чашите пластични, па кај да е за 50-60 години и депониите ќе ги средиме. Свиркај си (y)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Кај најмалку 60-70% можеби и повеќе од производите во маркети има пластика, гума или материја која не е распадлива. Од чаши, шишиња до комплетни амбалажи и пластични кабли. Па гуми и гумирани ствари кои исто не се распадливи. И од сите тие ризик фактори, почнаа од крајот, од самарот.

Зш не се каже од носителот (веројатно владата) на одлуката каде во таа скапана еу им се депониите, контејнерите и како општините рециклираат. Да, посебно како рециклираат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Многу ми смрди воздухот деновиве. Страшно. Отворам утрово прозор, корне.
Не ми се веруе дека загаденоста е 30-40 колку што кажуваше апликацијата за Карпош 4.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom