Завршна фаза од ЕП (ФИНАЛЕ: Шпанија-Германија | ТРЕТО МЕСТО: Хрватска-Норвешка)

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Па не верувам дека постои друга репрезентација, освен германска, во било кој спорт, која може да се појави со најмлад состав на едно првенство, да им се повреди комплетна прва постава и пак да го освојат истото првенство. Тоа ако не е менталитет, не знам што е. Секоја им чест. :cuc:
Или можебо заради фактот што имаат 100 играчи кои вредат за репрезентција во споредба со 10-тина кои ги има репрезентација како нашата. Тоа што немале бек од светска класа последниве десетина години како да не направи да подзаборавиме дека Германија реално има најширок избор на квалитетни играчи од сите земји - затоа повреди кај нив најмалку влијаат.

Секоја чест за она што го направија Германците, стварно чудо направија на ова првенство, ама да не се лажеме дека заради "менталитет" го добија. Квалитет (кој нас не ни е толку познат бидејќи играат бундеслига но не и ЛШ повеќето од овие играчи), изворедна тактичка подготвеност, но и потценувачкиот однос од противниците се главните причини.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Ова беше најбруталното и најлошо финале што сум го видел досега.Германците победија благодарение на голманот и големиот морал што го имаа,тој БЕРЛИНСКИ ЗИД што го имаа едино можеше да го срушит Никола Карабатиќ.
I Vancho Dimovski :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Анализа на сите репки...:kafence:
1.Дојчланд УБЕР АЛЕС
Секоја чест за Дагур,ете така се работи другари...Затоа го ценат него,и толку време е таму,не е случајно ова..
Да си селектор на Германија,тоа е работа која смеат да ја работат само НАЈГОЛЕМИТЕ,и тоа пред милион стручњаци шо ги имаат Швабите,секоја чест за Сигурдсон,тренериште...:bravobe:
Тоа е таа "работа",тоа е тоа подмладување,давање шанса на МЛАДИ ДЕЦА..
Руне Дамке ејјј,детето на 22 години истисна од Кил една легенда како Доминик Клајн,зошто?Зошто му дадоа шанса,and he TOOK IT...
И нека се замисли Деки,зошто си замина од Вецлар каде беше главен играч,и можеше ако продолжеше со тоа темпо токму тој да е замената за Дамке,а не онај циркузантот од Австрија,Ѓупакот Раул Сантос сега ќе игра во Кил,а Деки Бој ќе игра со Спартак Војпут во СЕХА,а на другите мечеви ќе подава шишиња,и ќе влегува со маркер ако има Вардар МАЊАК ОД ИГРАЧ...:tapp:
Истото и со Дисинџер,Кил избрка(шитна) бекови како Јиха,Лауге,пред се Палмарсон,за да останат со прва опција во името на рековалсцентниот Дисинџер,некогаш најголемиот талент на Швабите,ама повредите го искасапија..
Дечкото ти е пан дан на нашиот Нелоски,е сега замислете наредна сезона Чевларот да ја игра со Нелоски,ете тоа го напрај Кил сезонава,која храброст ејјјј,и тоа не било кој тим,за Кил прајме муабет,за големиот Кил...
И сето ова позитивно се одрази на репката...
Гледајте ја репката шо ја пуштија на шампионатот,освен Дамке,Вајнхолд,Пекелер,и по некој играч од Фуше и Мелсунген кои доаѓаат од најјаките екипи во лигата,се друго е од таа "боранија екипи"(за нивни стандарди,иначе ова се добро,солидни тимови)Вецлар,Лемго,Хановер и компанија.....
Исто како кај нас што се Пелистер,Прилеп,Охрид и компанија...Ете колку е јака таа лига,и колку квалитетни странци навистина играат таму,штом им земаат место на овие играчи
Со играчи како Фат,Волф,Штробел,Виде и компанија лекција по ракомет одржаа за сите..
Освен на тој прв меч со Шпанците кога влегоа како почудени,и првото полувреме со Шведска на сите мечеви беа повеќе од добри...
Сите тие лесни победи потоа,Словенија,Унгарија,Русија,шлагерот на мечевите по група Данска на која и го закуцаа МАШКИ,ГЕРМАНСКИ,на крај...
Со Норвешка малку делуваа несигурно,но успеаа да се издигнат кога најмногу требаше,и имаат среќа шо баш закуцаа во последна секунда од прво продолжение...
Штом стигнаа до финале,е тоа веќе беше друга песна,знаев дека нема да се повтори слабата игра од првиот меч со Шпанија,ама дека онака ќе ја исплескаат фуријата не можев да претпоставам,се е кажано,секоја чест....
Тимскиот дух што го имаа го немаше ниедна селекција,и тоа даде резултати...
2)Шпанија
Реков за овие многупати,со таа игра шо ја имаа во речиси цело првенство(освен прво коло и со Хрватска)се друго беше очај...
Мачење,таман ќе фатеа ритам,па ќе следеа милион ротации,па губење темпо,па повторно ќе фатеа ритам,па пак исто..
А реално главните играчи,пред се Кањелас исто како да го немаа,не знам шо дојде овај?Подобро да си седеше дома,дупка беше..
Исто како речиси цела бековска линија,освен Раул Ентрериос,дечкото навистина беше над сите,се одеше преку него...
Другите бекови,освен до некаде Антонио Гарсија се друго беше очај,исто и Агинагалде топло ладно,а после она силување денес шо му го приреди Лемке неам коментар,едноставно го препарира Лемке КИКЛОПОТ....
Ривера се изнадава голови (грото од пенал)со послабите селекции,на големите мечеви со Данска ,и пред се денес го снема...
Томас глувчето исто,топло ладно стил,ја изгубија таа ротација шо ја имаше Ривера на десно крило,кога го имаа и Рокас,вака со Гурбиндо таму само за да затвора одбрана ептен поголема штета си направија...
И редно време е да му ги акнат клоците на Кадењас,откако дојде тој го изгубија тој залет шо го фатија со Ривера и таа светска титула во 2013..
А реално исто како нашата репка,плачат за комплетен ремонт...
3)Хрватска
Стандард каубоите,се изнасобраа бронзи,за извоз имаат...:D
Направија подмладување,шо е добро,нови деца како Мариќ,Козина,Шебетиќ,Слишковиќ конечно е прва опција во напад...крилата сеуште можат да изиграат барем уште неколку првенства...
Освен Мирко кој беше изгубен тоталка,исто како Вилипче кај нас другите задоволија...
Дувњак кој во напад беше можеби неприметен според бројот на головите но бркаше огромна работа со тие асистенции,на речиси секој меч имаше повеќе од 5 асистенции,плус во одбрана беше еден од главните играчи,значи горе долу си ја заврши работата..
Карачиќ и Циндриќ според мене не ја искористија добро шансата,пред се Кара,но сепак имаше доста асистенции и добива позитивна оценка..
Ја спремаат репката за СП по две години кое ќе се одржи кај нив,тогаш очекувам да експолдираат,+со Степачниќ,Мандалиниќ кои беа повредени,+новиот бран на деца предводен од Домагој Павловиќ кој според мене беше неправедно изоставен од ЕП,сигурно Циндриќ не е подобар од него...(пуштија изговор демек повреден е)...
Како и да е,задоволувачки настап на коцкестите,се надминаа себеси,и ако не ја згрешеа ептен тактиката со Шпанија тие ќе играа финале,ама нека учат на грешките)
Личност на ЕП-БабиЌу,кој лудак еј,со тие ИЗЈАВИ хаха...:zver:
4)Норвешка
Изненадувањето,иако нивните игри во групата за ЕП,победата над Хрватска,потоа добрата игра на турнирот шо го организираа есенва каде гостуваа Франција,Данска и Исланд,каде ишлакаа се,наговестуваше дека ќе имаат добра претстава на ЕП..
И имаа,освен првиот меч кој несреќно го изгубија,иако не заслужија ни да тепаа зошто цело време бркаа,на сите мечеви беа повеќе од добри,освен денес,денес беа дупка,а на крај ги изреметија и НАЧЕВЦИ,имаше навистина некои одлуки на штета на Норвешка,и се распаднаа тоталка...
Но цела таа игра шо ја демонострираа заслужува пофалба:aplauz:,Берге си ја заврши работата...
Млада селекција освен голманите и Мирхол,се друго е за наредните 5,6 години комотно да играат важна улога во европскиот ракомет..
Е сега ќе видиме дали е ова моментален блесок на Норвешка,или имаат сила да се задржат подолго во ТОП 8...
5)ЕКСПЕРТИТЕ
Овие ми се најголемо разочарување,тие повреди можеби и најавуваа дека веќе нема да бидат толку доминантни,ама дека нема да се пласираа во 1/2 финале не можев ни во најлудите комбинации да предвидам,посебно зошто вкрстуваа со слаба група(или навидум слаба)...
Не може да им се замери за мечевите со :oeoeoe:(иако се испотија малку повеќе)со Србија и Белорусија прелесно,и како можеа да изгубат со толкава разлика од Полска сеуште не можам да си објаснам.....
А ПОРАЗОТ СО НОРВЕШКА,посебно со таква разлика?Нема шо да се коментира,заслужено ги испадна Норвешка..
Како и да е,никој не може вечно да победува,сепак и тие имаат една смена на генерации,полека влегуваат нови деца,Мае,Порте(овие веќе се одомаќинети)но следува нова гарда деца како Ремили,Дипадна,Фабрегас за одбрана,тој другиот Ѓупак на десно крило...
Имаат и тие неверојатна база на играчи,кој нон стоп ја апдејтуваат,и бидете сигурни дека пак ќе се вратат..
Истото беше и по ЕП во Србија,сите ги отпишааа на ОИ,таму ишлакаа се,па пак заредија серија титули во сите конкуренции,истото ќе биди и сега..
Плус кога ќе се вратат тие бекови како Гребиј,Акамбре,Нгсен на лев,десно тука е Ниокас+другиот Никас на десен+Бараше итн,невидена репка ќе имаат...
Не прави ништо случајно стариот пес Онеста..:cool:
6)Данска
Уште едно разочарување,освен Дамгарт ништо ново не ни понудија..
Со таква игра нема што да се бара..
Ист случај како Кадењас,и Гудмонсон каша попара напрај со репката,посебно со таа луда ротација на крила,не им даде да влезат во ритам на ниедна двојка крила,таман ќе се разиграа,влегуваше нова постава а овие си облекуваа тренерки..
Ваква шаблонска ротација можеби некогаш дава резултати,пред се со послаби селекции,ама во дуели со посилни селекции тешко,и само еден директен пораз од Швабите беше доволен за Данците да си се спакуваат..
Таман до новото СП,нека ископаат некое ново бекче,со овие тешко...
Иако секогаш се елита,и да не беше тој несреќен нерешен резултат со Шведска,кога си го ладеа ташакот немаше да испаднат сигурно,а немаше ни Дојчланд да е првак,зошто многу тешко ќе тепаше 4 Германија во тој дуел со Данска,да бидиме реални,ама ете среќата ги следи храбрите...:cool:
7)Полска
Шо да кажам за оваа распашана банда...?
Се е кажано,сите ги видоа...:eek:
Уште од лани се наметнуваа тие прашања ДО КАДЕ Е ПОВРЕДАТА НА ЈАШКА?
Недостатокот од среден бек се покажа фатален,не се овие Германци па и без среден да играат(случајот кога Вајнхолд играше среден):aplauz:,ова е тотална распашана команда ако нема некој ОВЧАР да ги насочи на прав пат...:anco:
А очигледно е дека немаа,додека одеше шутот на Михал и Карол плескаа,посебно фати шутот со Франција,после толку беше..
Психички паднаа по поразот од Норвешка,а Хрватска ги силува,и тоа неколку пати во една вечер...:uzi::uzi::uzi:
И пласманот на 7 место е реален,иако многумина таму мислеа дека ќе освојат злато,ама од авион се гледаше дека не се селекција за медал,имаат преголеми дупки во играта,бетер од Шпанија беа,и подобро шо не отидоа во 1/2 финале,ќе ги силуваше Германија не со 15,со 20+разлика,па ќе мислеа дека Хитлер повторно е жив...:pos:
Вака ги спасија Хрватите од навраќање на црното минато...:shok2:
И кај нив е најавена реконструкција,Карол,Бартош Јурецки,Носот Шмаловски,Вишњевски се повлекуваат од репка..
Треба да дојдат нови деца,но прво треба да најдат нов селектор...
Потребен им е Пољак пред се,некој што ги знае работите,којзнае можеби повторно Богдан Вента?Видечемо..
Овие се во центар на внимание зошто повторно ќе се замараме со нив за некој месец...:pos:
8)Шведска
Вака така Шведска се враќа на голема врата во светскиот ракомет..
Имаат одлична генерација,млади деца пред се,Остлунд,Јакобсон,Лукас Нилсон,Стенмалм,тој другиот лев бек не ми текнува сеа како се викаше.имаат добра артилерија,пикер класа над класите,Андреас Нилсон,крила повеќе од солидни,голмани топ..
Ќе се вратат за брзо овие сигурно на старите патеки...
9)Русија
Заслужија Русите многу повеќе од 9то место.
Можеа до бод со Дојчланд,ги намачија Данска и Шпанија,посебно Шпанците,со Шведка испуштија добиен меч од раце...
Имаа добра игра,сигурна,се покажа Торгованов како далеку постабилен селектор од Кулешов...
Секоја чест,со уште барем 2 бека во ротација,и да имаат 6 души во ротација ќе бидат многу добри,на другите позиции се доста солидно покриени..
Откритие според мене е Киреев голманот,дечкото навистина се покажа и мислам дека му претстои добра идинина..
Исто така и во Бузмаков и Челичев добија сериозни дефанзивци...
Ќе имаат што да кажат во иднина,и овие и тоа како фалат да се вратат на голема врата..
10)Белата -РУСИЈА.
Не беа лоши и овие,иако освен шо начекаа село без кучиња и му стегнаа 40 комада на Исланд не покажаа којзнае што..
Со Хрватска се држеа прво,беа и подобри но не успеаа..
И нормално со кој друг АКО НЕ ТЕПАШ СО ЛУЗЕРИТЕ?:oeoeoe::jajce:
Полека времето на Рутенка е при крај,веќе добиваат нов лидер во името на Борис Пуковски,сериозен играч е дечкото,секоја чест..
Овие ти се некоја сличност како нас,ако им оди играат со сите,ако не ни ги барај,со мала(но огромна)разлика,односно ГРЕШКА која ја прават сите тие"експерти"како Борко и сите тие негови искрени неХЕЈТЕР фанови,..
ПОДОБРИ СМЕ БИЛЕ ОД БЕЛОРУСИЈА?:jeeee:
Во шо бе?Во фалење,тогаш hell yeah,ама пазете,тие имаат ШКОЛИ,ВАДАТ НОН СТОП ИГРАЧИ..
Таа школа од Ска Минск(некогаш најјакиот тим во светот)уште вади нови деца,тој е костурот на селекцијата,и затоа секогаш ваквите селекции ќе бидат пред нас,ЗОШТО ВАДАТ ИГРАЧИ,МЕНУВААТ,ПРОМОВИРААТ,РАБОТАТ..
А ние ВАДИМЕ,:kuracc:..Затоа седете мирни,ниту сме подобри од Белорусија ниту ништо,и резулатот доволно говори"колку сме "подобри":ban:
11):oeoeoe:На овие ДРВЕТИНИ:kuracc: ќе се осврнам кога ќе се отвори повторно темата за репката,има премногу материјал,не е соодветен за оваа тема.....
12)Унгарија
Уште едно разочарување,но свесно направија вака..
Уште отсега спремаат нова репка.:zloo:
Ете така прават големите селекции(иако Унгарија не е рангот на најголемите,ама дека работат со УМ работат)...
Си напраја рез во репката,грото нови деца..плус неколку искусни да им помогнат на младите додека се "снајдат"..
Значи,шо добија МАЏАРИТЕ?:icon_lol:
Пред се невиден пикер како Бенче Бахниди,дечкото доби фул минутажа,невидена доверба има од Талант,Зубај имаше минималец на ова ЕП..
Класа пикер треба да стани Бенче,моментално игра во Балатон,ама веќе е договорен во Сегед,а има уште отсега пред-договор со Киелце,ете така работи Талант и големите екипи,уште од 20 години дечкото е прв избор,а не како ние,на 28 да го сметаме за "потенцијал":oeoeoe:
Покрај Бенче имаат цела сурија млади деца,сите над 90то годиште,Фалувеги средниот бек,кога еден Габор Часар извиси за овај да игра јасно е се...
Бодо не е лош,2 метра,добар шут со делкање се прај сосема солиден лев бек,+тука е Џамали кој има само 25 години и веќе е докажан бек...
Нова гарда на крила,Газдак и Пастор,полека полека го чистат патот и се ослободуваат од старците,нормално сето ова ќе оди постепено..
Мислам дека имаат добра идинина пред себе..
13)Србија
Овие дефинитивно можеа повеќе,реално не надиграа,и колку шо сакав да ги испадниме,сега после нашите мизерни партии во втор круг и до некаде ми е криво шо испаднаа овие,барем немаше да ги турнат онака без срам гаќите со Хрватска и Белорусија...
Ако средат малку со тие проблеми на ниво федерација-селектор-играчи,и пред се да го мобилизираат целиот свој арсенал ќе бидат сигурно во ТОП8 селекции,страшен ростер имаат....
14)Црна Гора

Не беа лоши лавовите,ама толку им беше силата реално,можеби шансата ја испштија со Унгарија кога требаше повеќе да запнат,изненадија со Данска,доста пријатно..
Имаат солидна селекција,перспективни шутери,иако им треба сериозно делкање,пред се на Чавор и Липовина,ептен се неделкани и смешно делуваа со тие нивни МАЏАРЕЊА ОД БИЛО КОЈА (НЕ)ПОЗИЦИЈА,а и Борозан ако дојди во Вардар треба да го наштелуваат..
Имаат солидна идинина пред себе,плус им е што нон стоп вадат играчи,а се помала земја од нас по жители:vozbud:,шо ќе кажиш на ова А БОРКИЦА?ДЕГУСТАТУРА,АЛОО СЕ СЛУШАМЕ?:vozbud::tapp:
15)Исланд
Шо да кажам за овие гревчињата,се е кажано..
Најавија со победата над Норвешка дека се враќаат,па после на наредните два меча да примат 76 комада,да,да 76...
Се е кажано за овие дрва,не вреди да се дискутира,и кај нив треба да заигра метлата...
Гледајте какви тренери имаат,речиси пола Европа има селектори од Исланд,а нивната селекција не знај кај тера,хаха,пародокс упм..:tapp:
16)Словенија
За овие пишав и на претходните теми,нивното испаѓање не ме изненади толку,зошто реално беа во најтешката група,а реално нема ново што да понудат...
Тие препуцавања на ниво Вујо-Гајиќ и компанија малку ги размрдаа,плус и кај него ептен имаше некоја нерезонска ротација..
Ги имаше на клупа и Бомбач и Зорман на среден,топ класа средњаци,на десно крило Гајиќ и Маргуч,сигурно и двата можеби и во ТОП 10 во светот,ама не знаеше да ги искористи целосно,еден меч еден играше,па другиот дремеше,па на друг меч друг играше,не се знаеше некоја рутина во таа ротација,едноставно се изгуби таа врска и констатност.
Иако не беа лоши,со Шведска се вратија од мртвите и дадоа добар меч,и несреќно изгубија на крај,со Шпанија требаше да тепаат реално,судиите ги отепаа на крај,а со Германија едноставно толку им беше силата,не можеа физички да се носат со Германија,од авион се гледаше..
И овие се иста приказна како Унгарија,доста вложуваат,нон стоп вадат нови деца,и прашање е на време кога ќе експодираат,тоа е неминовно..
Исто е и во животот,тоа што ќе посадиш тоа ќе жнееш,тој шо работи ќе има резултати,тие шо се заебаваат и глумат лудило ќе се занесуваат дека се НЕКОЈА РАКОМЕТНА ВЕЛЕСИЈА(погодете за коа селекција мислам)...:giggle:
Ај доста е:icon_mrgr:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Браво Дамке, браво Лемке, браво Дојче маншафт. Повеќе од инат, отколку од менталитет станаа шампиони овие мислам. И со повредени клучни играчи, и со неискуство, и со малиши за кои што прв пат слушнавме и кои шо играат по Гепинген, Лемге, Мемге и едиси кои таму средно-класни немачки екипи, РЕКОА: Ко вас шиша!? Дај тоа сат'рот, шо ве ебам ќе ве сечам!! :D(y)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Само ми е мака шо не гледав од една страна, од друга си викам ако гледав немаше да победат моите фаворити...брука би било ако Шпанците освоеја.Браво Дојчланд.
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
@Tomasino
Словенците лани во кадетска конкуренција земаа сребро на СП. Плус тоа секоја година одат на турнири низ светот, каде што играат против најсилните репрезентации. Во спортската гимназија каде што учев има ракометен клас кој е под директна палка на федерацијата. Професорите ни беа прави професионалци, со успешни кариери позади нив и затоа имаат резултати. Нив им помага Урош Брегар (понекогаш), кој беше дел од ЖРК Вардар, а и е излезен од таа гимназија. Во тој клас има(ше) многу квалитетни деца во машка и женска конкуренција. Една дури во трета година играше ЛШ за Крим. Затоа имаат добри млади деца и можеме да очекуваме успех од нив, на некое следно големо натпреварување.

Да се надополнам. Еднаш имав можност да разговарам со г-динот Чокрев, Гревче и Чевлар. Дури беа заинтересирани да купуваат деца од тој клас :pos:. А година дена после тоа клубот им пропадна. Во тие моменти додека траеја препукувањата во клубот Гревче си шеташе по трговските во Љубљана и мува не го лазеше.
И тука се гледа односот кон играчите на Запад и кај нас. Место да најдат заеднички јазик со нивните играчи, кои беа и дел од репрезентацијата, тој си го ладеше овде.
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Без Дисинџер, Вајнхолд и пред првенството без нивната прва алка Уве Геншајмер, па без овие играчи и ПОВЕЌЕ ОД ЗАСЛУЖЕНО СЕ ШАМПИОНИ !!!

Е ова е помладување на една селекција !!!
Браво за швабите, не ние повикавме двајца млади Кузмановски и Пешевски и ЕЈЈЈ АБЕ СЕ ПОМЛАДИВМЕ, лелеел попот за брада го фативме, како германците помладување треба од темел, кај нас 77% од репрезентативците играат со бастунот до нив...
Ами ние да смениме генерации како германците, ќе треба да се прогласи елементарна непогода во светот:rolleyes:
Секоја чест и за тренерот, одлично си ја завршил работата со нив, народски кажано ГИ ЗНАЈ КАКО ДИШАТ !
Од кај само ги испока после повредите на Дисинџер и Вајнхолд, оние двајца Хефнер и Кун :pos: Какви машини имаат овие германците, ЛУДИ НЕМЦИ :D

За Волф немам коментар, срамота ќе беше да не биде избран за најдобар голман на ЕП, па макар и Германија да не се пласираше во 1/2 финале и до тогаш во првите две фази избрани маестрално капа долу :cuc::cuc::cuc:
Прв пат слушам и јас за него сега на ЕП, бранел во Вецлар ама сега се продаде во Кил :D каков лудак од голман, обезбедени се Германија на голманската позиција за следните 12-3 години :D
Се бундеслигаши од играчиве, сите си играат во екипи од најдобрата лига во светот, само еден од нивната селекција игра надвор од Германија, тоа е Рајхман во Киелце....

Арно му се напрај на Шпанија, дупи ги тие ѓупчиштата, не ги мразев од никогаш овие, ама на ова ЕП како сум ги замразил после натпреварите во групната фаза кога ги гледав, како ги туркаат судиите, плус глупи грешки при напад, каде бе вака РК Текстилец не игра :icon_mrgr: Овие треба да се среќни што стигнале до финале :D Со Валеро Ривера во екипата, пеналџијата, за од игра малку послабо знаеше, иако грешеше, неговиот топол брат Кадењас го оставаше во игра :love: со полумртвниот Душебаев на цело европско, арно Македа се покажа поарен од него на првенството иначе ќе играше Кадењас таму :kuracc: Арно Ентрериос, Агинагалде и голманите му беа светла точка на цела Шпанија, па со 4-5 играчи дотуркаа до овде :D
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Еве како Дагур им објаснил како да клавет голој,и како со финта да се одбранат.:toe:
На времето играл фудбал,па дури имал и шест настапи за младинската репрезентација до 17 години.Во интервју изјави дека може да се проба како фудбалски тренер.



И после ќе речат бранел многу јако,епа нормално..:cool:













 

Kajgana Shop

На врв Bottom