Завршна фаза од ЕП (ФИНАЛЕ: Шпанија-Германија | ТРЕТО МЕСТО: Хрватска-Норвешка)

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Овој Волф ако знае што прави вечерва, глава сечам :pos::pos::pos:
Уште милијарда пати да одиграат нема ваква буѓа да бидат Шпанциве. Мислам дека и ние ќе ги демолиравме вечерва :pos:
Не, туку уште милион пати да одиграат против организирана репрезентација, ПАК ЌЕ СЕ ИЗБРУКААТ ВАКА! :D

Каде бе со оваа тактика „пикер лево“ низ цело првенство? Ко Македонија на Шундо да ја глеам, нападот им беше мизерен цело првенство. Никаква креација, све на сила епа курац сеа, нека се чешаат.

Првенството го освојува репрезентацијата која намјногу заслужи. Ептен ми се направи ќејф. Неправедно отпишани од почетокот на крајот им ја затнаа муцката на сите и покрај сите пехови кои им се изнадесија, колку и да звучи клише ова е тој менталитет. :cuc:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Што знам, стојам на ставот дека уште 100 пати да се одиграше првенствово, немаше да има ваква завршница. Барем едно 5-6 меча од поголемите изненадувања, не би завршиле со вакви резултати во 95 натпревари :icon_mrgr:
Германците не импресионираа во полуфинале, ниту во групната фаза не беа нешто посебно, додека Шпанците беа буѓа цело првенство :icon_mrgr: На сила одеа и така победуваа. И покрај тоа очекував да се соземат во финалево и да дојдат до лесна победа, ама ништо :icon_mrgr:
Никогаш немаше да погодам дека ќе освои Германија, впрочем од цела екипа пред почетокот на првенството НЕ ПОЗНАВАВ ПОВЕЌЕ ОД 3-ца ИГРАЧИ :icon_mrgr:
За овој Волф прв пат слушам :icon_mrgr:
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Заслужено Германија.
Само малце безвеза е шо Агинагалде е во тимот на првенството.
Не е ова заклучок бидејќи беше тиња денес, имаше добри партии на првенството, сепак на стара слава е влезен таму.
Место мораше да има за Марино Мариќ, искина дечкото и одбрана и напад.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.971
Поени од реакции
6.840
Си гласав за Шпанија на почеток, реално нивните играчи ги знам сите, а и ми стоеа како скоцкан тим.Но си навивам цел живот за Германија , и кога видов како играт сигурен бев дека ќе освојат.Едноставно Германците имат ги двете најбитни работи, имат МЕНТАЛИТЕТ но имат и МУДА.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Е сега, откако ја изгледавте утакмицава, замислете си ги Германциве како седат дома со калкулаторот во рака и си дебатираат, Јанко да го отпаднел Станко, Митра да ја победела Стојна со 4 гола разлика и не знам што.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Можам да замислам какво е чуството да си Пољак вечерва. Германците да ти слават на сред Краков :D
WTF многу му е гаље..2016 сме ..одамна се поминати тие работи..ова не е балкан...над еден милион Пољаци живеат и работат во Германија и во Полска на големо се зборува Германскиот јазик..двата народи се многу зближени
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Секоја чест за Германците, не беа фаворити, ама ете стигнаа до титула, со срце и што е најважно со памет, за мене сега тие се први фаворити за златен медал и во Рио...
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
И малце ја претеравте со тоа менталитетот..чекајте малце другари..зошто Германците не покажуваа менталитет на минатите првенства?..па вајлд карта добиваа за да се пласираат колку што памтам...

Германците го освоија ова првенство пред се заради нивниот квалитет и компактноста на целиот тим односно балансот кој го имаат,а подоцна заради менталитетот ...квалитетот е најбитен па потоа се останато..

Неможите да правите компарации со нас бидејќи ние немаме ниту квалитет ниту баланс..
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Што знам, стојам на ставот дека уште 100 пати да се одиграше првенствово, немаше да има ваква завршница. Барем едно 5-6 меча од поголемите изненадувања, не би завршиле со вакви резултати во 95 натпревари :icon_mrgr:
Германците не импресионираа во полуфинале, ниту во групната фаза не беа нешто посебно, додека Шпанците беа буѓа цело првенство :icon_mrgr: На сила одеа и така победуваа. И покрај тоа очекував да се соземат во финалево и да дојдат до лесна победа, ама ништо :icon_mrgr:
Никогаш немаше да погодам дека ќе освои Германија, впрочем од цела екипа пред почетокот на првенството НЕ ПОЗНАВАВ ПОВЕЌЕ ОД 3-ца ИГРАЧИ :icon_mrgr:
За овој Волф прв пат слушам :icon_mrgr:
Прашање на време беше кога Шпанија ќе се избрука, го сторија тоа баш у финалето, коа најмногу боли. :aplauz:

Се гледаше дека нема никаква игра екипата. Одеа на крилата на голманите, 90% од головите им се дадени од контра и пикер. А знаеме колку лесно читлива играта да го затвориш пикерот ако имаш добра одбрана, ние сме пателе од тоа.

Првпат слушаш али ова е најдобар доказ колку бундеслигата е класа над сите лиги. Се очекуваше да експлодира новата генерација на Швабиве, јас лично очекував да бидат 5-6 место али изгураа до крај и покрај повредите. Мислам џабе да збориме занеме шо значи немачка работа и посветеност, нив и Хрватска ги гледам како идните владетели во ракометот и замена за „Експертите“ на Франција.

Морам пак да го споменам Лемке. Колку што е Волф заслужен, толку е и овој. Ненормален дефанзивец, ги гриза противниците до крај, вакви дефанзивни партии немам гледано одамна, си го најдоа новиот Рогиш. :cuc:

Предобро изиграа второво полувреме ми беше уживање да ги гледам Шпанците онака немоќни против една машинерија. :drk:
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Јас ја доживеав утакмицава како ''Напад на Полска 1939 г. дел 2''.
Што беше ова бе? Што менталитет ќе имаа бе да им е*ам племето? Одбрана за учебници.
Дамке е како од Хитлерова младина задолжен да го брани Берлин од Русите.:D
Каква Hitler Jugend фаца маму му ибам...играчиште е! :D
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.186
Поени од реакции
21.329
И малце ја претеравте со тоа менталитетот..чекајте малце другари..зошто Германците не покажуваа менталитет на минатите првенства?..па вајлд карта добиваа за да се пласираат колку што памтам...

Германците го освоија ова првенство пред се заради нивниот квалитет и компактноста на целиот тим односно балансот кој го имаат,а подоцна заради менталитетот ...квалитетот е најбитен па потоа се останато..

Неможите да правите компарации со нас бидејќи ние немаме ниту квалитет ниту баланс..
Менталитет затоа што највероватно не се најдобри по квалитет но покрај тоа веруваа во нивните способности и дадоа све од себе, па и поќе, за да победат. Едно е да имаш квалитет, друго е да го покажеш ко ќе треба. Затоа општо Германците редовно победуваат, оти во клучните моменти го даваат максимумот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom