Зависни или независни?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Мислам дека насловот кажува се.

Зависни ли сте од другите при донесување на одлуки, при решавање на проблемите, при исполнување на секојдневните обврски или не?

Дали ако сте, тоа го сметате за позитивна или негативна особина?


Лично јас, понекогаш сум зависен од другите во однос на било што, меѓутоа повеќето работи гледам да зависат лично само од мене, односно да не зависам од некоја трета личност.
Според мене, зависноста од некого за правење нешто понекогаш може да биде и позитивна и негативна. Сепак ќе останам на она дека се што е умерено е убаво.

Повелете вие:)
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Зависноста од 3ти лица во голема мера е Негативна, значи ти немаш свое ЈАС, други те водат што поната резултира со проблеми за тебе, и натаму кога идат потешки проблеми ти не си во можност сам да ги решиш и за тоа бараш други лица а кога ке ги нема ти практично Заглавуваш и се наоѓаш во безизлезна ситоација, затоа треба донесувањето во донесувањето на одлуки да се прашаш самиот себеси а ако нешто не е јасно тогаш се бара еден вид на помош од други луѓе но до одредена граница.... Никој не сака да биде роб на други и да го водат затоа што секој има ум и разум што му го дал Господ и можеш да се снајдеш.....

Некои луѓе несвесно цело време зависат од други во донесување на одлуки, при решавање на проблеми што е голема грешка......За се постои решение затоа треба користење мозок и кога нештото сам ке го решиш имаш Поголема Самодоверба што резултира со одење на проблемите директно без колебење и што се вели ти си Сам свој човек и застануваш на нозе - единствено со твоја помош..... Затоа не треба бегање од проблемите затоа што со запоставување на некој проблем си ствараш уште еден и се трупаат и трупаат се додека не ти дојде преку глава и се осудуваш за своја неспособност а не си пробал да решиш нешто....Работите сами по себе не се решаваат потребно е да седнеш и да размислиш а за тоа секој човек на оваа земја има способност... искористетеги своите индивидуални способности затоа што тие Никогаш нема да ве изневерат...:smir:
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Зависна не сум. Јас донесуван одлуки во дел од секунда.
Но, кога одлуката има повеке лица се советувам или со топ стручни лица или со многу постари. ( вообичаено имам неколку криминалци за пријатели па тие имаат секогаш екстра одговор) Ова фантастично функционира! А имам и мој психолог, социолог и адвокат. Добро сум наоружана за патеката живот. Но, пред некој ден прочитав многу добар совет Не подготвувајте се за животот, бидејќи не знаете што тој подготвил за вас! Одлуките во принцип се донесуваат тогаш кога сме доволно подготвени- зрели да ги донесеме. Египетската филозофија зборува дека треба да се изоди сопствениот пат- тоа е цената на успех во животот. Така или ќе успеете или не, а тоа значи дека ако не сте успеале ќе знаете каде сте згрешиле, и тоа ќе4 биде вашиот успех. Овие кои се откажуваат од некои причини како страв или несигурност, носат одлука да го променат патот, ќе се изгубат во сопствениот живот. :nesvest:(претерав)
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Зависна не сум. Јас донесуван одлуки во дел од секунда.
Но, кога одлуката има повеке лица се советувам или со топ стручни лица или со многу постари. ( вообичаено имам неколку криминалци за пријатели па тие имаат секогаш екстра одговор) Ова фантастично функционира! А имам и мој психолог, социолог и адвокат. Добро сум наоружана за патеката живот. Но, пред некој ден прочитав многу добар совет Не подготвувајте се за животот, бидејќи не знаете што тој подготвил за вас! Одлуките во принцип се донесуваат тогаш кога сме доволно подготвени- зрели да ги донесеме. Египетската филозофија зборува дека треба да се изоди сопствениот пат- тоа е цената на успех во животот. Така или ќе успеете или не, а тоа значи дека ако не сте успеале ќе знаете каде сте згрешиле, и тоа ќе4 биде вашиот успех. Овие кои се откажуваат од некои причини како страв или несигурност, носат одлука да го променат патот, ќе се изгубат во сопствениот живот. :nesvest:(претерав)

Kолку само понекогаш некој трет човек може да ни ги отвори очите и да ми помогне да не напраиме голема грешка. Ама тешко е да се признае, мавањето во гради дека сме ние независни и колку можеме сами се во живото, колку сме “одговорни“ за нашите постапки, колку ги признаваме грешките, почнувам да мислам дека сите се совршени... Или пак јас имам некој проблем :)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Kолку само понекогаш некој трет човек може да ни ги отвори очите и да ми помогне да не напраиме голема грешка.
Еееееее колку си право со ова,jас сум срекна што мене ми ги отворија очите кога имав еден сериозен проблем,и сум благодарна многу на една личност.Знае си која е :back:
Зависна или независна се е зависи од проблемот.Знам да избрзувам некогаш и затоа барам мислење од другите но не значи дека и влијаат на моите одлуки.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сум зависна од мислењето на моите драги луѓе. Многу ми е важна нивната поддршка и нивното мислење околу работите кои ги правам. Иако најчесто, т.е скоро секогаш правам онака како што јас се чувствувам, сепак ми е потребна поддршка и од тие што ми се драги.

Нормално, оние другите кои немаат никакво влијание во мојот живот, т.е не се битни - апсолутно не ги ни слушам. Тоест ги слушам, секој има право на свое мислење, ама не обврнувам внимание од нивното мислење.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Во принцип не зависам од никој....гледам сам да си ги решам проблемите и ред други ствари....али ко ќе дојде писмена математика и те како зависам :pos2:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Зошто мислам дека имам видено ваква тема?
Вајда затоа што форумов се претвора во споменар... :toe:

Ок, сите зависиме од семејството затоа што ни даваат љубов пред се.
Зависиш од пријателите бидејќи со нив можеш да си праиш муабет за заеднички теми.
Зависиме од пари, бидејќи ако нема пари, нема леб.
Зависиме од лебот затоа што без леб нема живот.
Зависиме од природата зошто може ненадејно да не снема.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Независен сум во своите ставови, поради тоа многу и се разликувам од моите другари/ки ама поради тоа и сум единствен :) Единствено сум зависен од моите за издржувањето но и тоа еден ден ќе се смени и ќе бидам 100% независен :D
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
29
porano da sega ne od mene zavisat sega mnogu zavisnost od drugi nema i kur me boli zbor i kraj i nikad ne otstapuem pa so i da e da zavisam me boli K
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Кога бев помал, до пред некои 3-4 години - ДА. Правев повеќе (народски кажано) евала на другите иии често моето мислење/став го оставав на страна, па дури и премолчував во одредени ситуации, само за да го задоволам апетитот на мнозинството .. Иако тоа не ми се допаѓаше, сметав дека не се право, или пак може нешто да се направи поинаку. Па оттука и нормално, самото тоа причинско-последично ве прави како личност зависна од туѓото мислење и потпаѓате под влијание. Овде често е надоврзано и она : ''Еееејј, што ќе кажат/помислат другите за ова, за она ..''.Нешто навистина жално и патетично.

Ноо оттогаш на наваму - НЕ, и тоа строго НЕ. Пред се, јас сум најчесто тој што прв го дава предлогот и ''го става предметот на маса'' , а заедно со тоа нормално и мојата заземена страна иии упорно си тегнам по мое. Ако не прифатат од прва, кај и да е ќе попуштат :) .. Со упорност, силно влијание и ''прање'' се се може :) . Ааа доаѓа и до ваша ментална релаксација, ослобудавање од притисокот и зависта од туѓото, надворешното, јавното мислење за вас, вашиот став или чекор кои сте го превземале. Чувството и личната сатисфакција во вакви ситуации (посебно кога ќе истерате по ваше/или ќе сте во право) се неопишиво хранливи и поткрепувачки за вашето внатрешно јас. Посебно е изразен кај луѓето со помала самодоверба и несигурност .. Филингот им е врв.
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
По природа не сакам зависност од кого или било што. Сакам независност и слобода, иако во животот тоа е тешко да се постигне - секогаш на еден или друг начин ќе бидеш зависен ако не од некого, тогаш од нешто ако сакаш да успееш, нормално. Имам потреба од мислењата на моите најблиски личности (првенствено родителите кои знам дека ми го мислат најдоброто). Но да имаш потреба од нечие мислење не значи и дека си зависен од него, последниот збор секогаш го имаш ти без разлика каде твоите одлуки ќе те однесат. Се додека не одлеташ од гнездото на твоето семејство, се додека родителите се оние кои ти обезбедуваат материјални и економски средства за опстанок, си зависен. Кога ќе почнеш сам да се грижиш за да се пробиеш низ животот и светот со свои сопствени ставови и средства, и се бориш да го зачуваш своето сопствено Јас, тогаш слободно можеш да кажеш дека си независен. Да бидеш независен не значи да немаш потреба од нечие рамо до тебе или збор, туку да се избориш за можност за постоење на истото, бидејќи се додека си дадеш свој сопствен и единствен идентитет ќе можеш да бидеш препознаен од другите, но не и зависен од нив.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.448
Поени од реакции
10.151
Не сум зависен од никој и ништо :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Не сум зависна,секогаш сама одлучувам.Во ред се совети од страна при донесување на некоја одлука,но сепак тое е мое право дали ќе ги прифатам.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Дали носиме заклучоци под дирекно влијание од другите околу нас, или подсвесно ги имаме во предвид нивните ставови, е сосема исто и сосема природно.
Носењето одлука е појава која претставува умствена калкулација базирана на директни или индиректни сознанија, факти и впечатоци, од кои се извлекува соодветен заклучок за моменталната ситуација во која се наоѓаме.
Значи, нашата ментална еволуција е таа што не прави различни од другите форми на живот. Сами по себе можеме да реагираме инстиктивно, а на секоја одлука и претходи умствен процес кој не може да се дефинира како индивидуален заклучок.

Мислам дека прашањето не е дали сме или не, туку колку сме зависни/независни..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom